Приказна за една стварност во присуство на отсуство *05
Напишано на сеп 14, 2008 под Раскази | Нема коментариОд таму од даличната црнила во сонот, во спојот со нејзиниот универзум, кон неа се движеше прекрасен маж со златна коса бујна и долга, висок и строен, и ја повикуваше со раката кон него, Марија доби некоја божествена сила и лебдеше кон него, ја водеше на неговите места каде што течеја и жубореа гласно водопадите, облаците се љубеа со нив, боите на небото се прелеваа од виолетова до црвена. За прв пат сонуваше во боја, и одеднаш во сонот Тој и Таа замавнуваа со белите крилја, не беше свесна дека луѓето немаат крилја, се спуштаа до водопадите и се извишуваа кон небото држејќи се за раката – сонот траеше невообичаено долго, како да беше јаве, таа не ни помислуваше да проговори со непознатиот ангел кој ја носеше до недопрените рајски предели на универзумот, не сакаше убавината да престане никогаш, сакаше да остане вечно со крилјата на рамената…













