Во екот на предизборната кампања за предвремените избори се забележуваат многу маркетинг трикови и многу маркетинг грешки, па сакам малку да ги анализирам грешките. Искрено сакав да ја избегнам оваа тема и да не пишувам за политика, но еве, ми забоде во очи…
Да почнеме од владеачката партија и нивната кампања од естетска гледна точка, мислам околу изгледот на плакатите, рекламите… Во 2006 година запали портокаловата боја, и интересно испадна, летно време, топла боја, портокалова револуција (онаа во Украина), беше тоа добар потег, но, сеа исто така ја направија кампањата, што баш и не е добар потег, некако како да доживуваме дежаву… исто така „Преродбата продолжува“ е екстремно лош слоган - Да речеме дека они ветија Преродба во првите 100 дена, а тие нели поминаа и би требало да завршила преродбата, но, еве сеа со овој слоган може граѓанинот или целната група да добие погрешен впечаток.
Овие портокаловите немаат некои крупни грешки од маркетиншка гледна точка, но другиве „Сонце“ ќе ми треба 10 страни за да ги набројам и објаснам…
Еве да почнам:
Белата боја и облаците со сонцето се некако „бланко“ реклама за убавини и благосостојба, што многу нереално е за нашава ситуација, и воопшто нема никаква порака… еве, „Доаѓа сонце“, е исто така лош слоган, затоа што знаеме дека секој ден соцнето доаѓа и си оди секој ден… некако многу „лажна“. Исто така, спотовите… Шекеринска седи на столче и на некого му објаснува: „Никој нема право да каже дека ја сака Македонија повеќе од мене“ - ГОЛЕМА ГРЕШКА, како смее да каже дека некој нема право на нешто или пак право да каже дека ја сака Македонија… ова е најкрупната грешка, друго, „ Јас еднаш се изборив за Македонија“ - Што сака да каже? Дека само еднаш се изборила за Македонија? Потоа, „Македонија во НАТО за 6 месеци со сигурност“, без да продолжи и да додаде нешто со што би го поткрепила тоа тврдење, сите знаеме дека блокадата беше само заради Грција и имаме јасна порака дека мора да го смениме името за да влеземе во НАТО, и лично јас имам впечаток дека ако го исполни Шекеринска ова ветување значи дека ќе биде погребано уставното име. Исто така крупна грешка е што Оровчанец, Андов и Тито влегоа во таа коалиција, тие тројцата мавтаа пред неколку месеци за успесите на владата а сеа го прават спротивното… е сеа некој лаже…
Немаме ние квалитетни маркетинг агенции кои би можеле да направат една квалитетна кампања, во било кој смисол. Исто така и размислувањето не е на ниво на западните размислувања околу ангажирање на маркетинг агенција, кај нас „работодавецот“ или барателот на маркетинг услуги наложува на агенцијата како да ја прави кампањата а агенцијата само тоа технички го реализира, а треба да е спротивното, треба да се даде на експертите да го испланираат тоа, изгледот, слоганите, потезите… затоа што тие најдобро тоа го знаат и ве уверувам дека ефектот би бил многу поразличен и поголем. Ај да видиме до крај како ќе оди кампањата…














