Напишано на мар 22, 2008 под Поезија |
За Зборот
Молчење: зборот дише. Тело урнато
во морето. Молк од оган и музика.
Зборот крвари
со песната своја од прав. Риба
од сенка
ѕвездите што ги голта.
Зборот сам. Возобновен
зборот. Коска оставена
на пустиот брег.
Зборот од вода
каде ја одречувам смртта. Почивка
на сонцето.
Казимиро де брито - љубовта, смртта и други пороци
Дете седнато спроти морето
(
menino sentado frente ao mar)
Молчејќи
Како да не е никој
Како да нема еден број една куќа
Во градот
Како да е обичен корен
Во сенката
што расте
Детенце едно
На карпа седнато
Загледано во морето
Казимиро де брито - љубовта, смртта и други пороци
Напишано на мар 22, 2008 под Раскази |
Излез, да му ебам матер, го нема, оди… оди… и пак гемиџијата ја остави гемијата и отиде да бара златник. И повторно дупка која не води кон излезот во оваа ладна вселена, редок е кислородот, се дише поспоро за да остане воздух за наредниот ден!
И пак дупка, удрив со леталото со огомна брзина во таа ебана дупка, не знам дали ќе можам да продолжам, кислород нема, мозочните клетки полека ја губат мојата доверба и ме изневеруваат, не знаев дека толку брзо оваа мозочна клетка ќе заспие и ќе отиде кај амазонките кои учат да срелаат со самострел! Ах… се губам во ладнава вселена, сакам астрална проекција и да се најдам некаде во друг универзум…
Разбојниците со мечовите замавнаа само еднаш! - Обезглавен!
…
Напишано на мар 11, 2008 под Сваштарија |
Одамна се спремам да го направам ова и да покренам иницијатива за формирање на тим кој ќе си игра и ќе прави нешто корисно со Вордпрес, се работи за ентузијазам, и ве повикувам сите кои се на моја мисловна фрекфенција да се приклучат кон преведување и оддржување на Македонскиот превод за Вордпрес.
http://mkwordpress.wordpress.com/
Ова е страницата која ја планирам да биде како официјална каде ќе ги објавуваваме преведените теми од Вордпрес, корисните додатоци (плагини), преводите на верзиите на Вордпрес, и останато што ќе го сработиме.
п.с. Arheo не те спомнав таму на таа страна, затоа еве специјално те поканувам да се придружиш кон тимот, Ти си една од стрпливите корисници кои полека но сигурно го користат Вордпрес
Напишано на мар 08, 2008 под Сваштарија |
Кој како, некој посветува внимание на понашминканиот пол, некој ја носи својата жена на прослава, децата им носат цвеќиња на учителките… а пак тие не можат да ги однесат подароците дома…
Нормални се овие работи… но утрово начекав вистински мажи од моето населено место наречено н.Илинден (сите знаеме дека е село…). Фотографијата зборува сама за себе…
Мајсторот е човекот од десната страна со најк капчето, тоа е Цобе, познат и како Ламбак во источно Скопје, мајстор механичар за земјоделски машини на кој му нема рамен во овој дел од Македонија. Додека другите мажи им посветуваат внимание на своите жени, Ламбе правеше трактор кој не може секој да го матка затоа што се работи за Англиско-Француски трактор со посебни специфики. Се работи за тракторот David Brown и само мајстор Цобе знае да открие дефект на таква машина во овој крај.
Дефинитивно му се восхитувам на човекот - ВИСТИНСКИ МАЖ, додека другите се со своите жени, Ламбе тера бизнис
Ах… Да, ќе заборавев, тракторот е во сопственост на Мице - типот од левата страна на фотографијата.
Напишано на мар 07, 2008 под Фото |
Згази го ѓубрето - рециклирај го отпадот

Скопсо сивило…
Напишано на мар 07, 2008 под Сваштарија |
Конечно нешто паметно и корисно за граѓаните на оваа напатена земјичка… Акцијата засади дрво е акција каде што ќе се засадат онолку дрвца колку што има жители во Македонија.
Многу е добро чувството кога ќе се испрљаат рацете од сопствената земја, прљајки ги рацете од земјата си го прочистувате својот воздух и воздухот на идните генерации…
Значи да не тупам - Нурнете длабоко во Татковината. ЗАСАДЕТЕ ДРВО!