Домашното воспитување и пристапот кон младата личност која е во адолесценција и пубертет е екстремно важен во градењето на неговиот љубовен живот, и воопшто во градењето на карактерот. Исто така искуството од домот на младата личност игра клучна улога во градењето и истакнувањето на особината љубов.
Еве да претпоставиме ситуација:
Родители, млади, и двајцата имаат по 35+ години, а нивниот син има 14 години, тој е во цветот на пубертетот. Неговите родители може да ја искажуваат взаемната љубов во присуство на детето со мали ситни бакнежи, со некое поклонче и некој убав збор. Но може да не ја прикажуваат нивната љубов и онака како што е најчесто во нашето општество да се потпцувнуваат пред другите, да не си обрнуваат внимание, едноставно да не ја прикажат нивната љубов.
Во првата ситуација, младиот пубертетлија/адолесцент најчесто ќе црвенее или пак нема да црвенее и тоа ќе му биде нормално затоа што уште на мали години му објасниле неговите родители дека се сакаат и дека тато нема да ја повреди мама со тоа што ќе ја бакне откако тој се однесувал заштитнички спрема својата мајка. Ова искуство е клучно во градењето на љубовнииот живот кај таа личност, ќе прашува и ќе се интересира за нејасните работи без да почнат да го трујат родителите со информации околу сексот и љубовта, во овој случај, младата личност сам го гради љубовниот карактер и ги осознава благодетите.
Во вториот случај, кога неговите родители не си обрнуваат внимание, кај младата личност недостасува една клучна алка во неговиот живот - недостасува претставата за онаа љубов кон спротивниот пол. Најчесто родителите ќе пробаат да разговараат со таа млада личност околу љубовта и сексот, но во 90% од овие случаи, младата личност се чувствува засрамено и одбива да разговара. Понатаму таа личност ќе проба да учи од другарчињата кои си раскажуваат искуства околу својот прв бакнеж. Во ситуација кога неговите другари му наместиле партнерка (се случува сеуште во овој период од животот), таа личност навидум слепо ќе се „вљуби“, ќе го почувствува слаткиот плод, но за кратко… Откако партнерката ќе ја раскине „врската“, личноста и неговиот свет се руши… можно е посегнуавање кон алкохол.
Во овој запис интересен е токму овој втор случај, кога после „преболената љубов“, младата личност, кога ќе прими ишарет од некое момиче на неговата возраст постапува рационално кон проблемот наречен „љубов“, токму тоа размислување се развива кај него, тој љубовта ја смета за проблем а многу сака да му се случи, но размислува за последиците… Додека тој се плаши а воедно го сака проблемот, спротивната страна (партнерката) си наоѓа нова симпатија, и во нејзините очи се добива впечаток на незаинтересираност. И тоа се повторува… Од тука рационалното размислување пред да влезе во љубовна авантура, младата личност ја прави порационална со што кај него се развива страв за да пријде прв и да ја искаже љубовта, тој страв е од евентуалниот неуспех при искажувањето на емоции и привлечност.
Во последниве години, кога во нашата земја интернетот експандираше, се случија многу врски и авантури договорени на инстант месинџерите. Девојките и дечките ја искажуваат својата љубов преку тие сервиси и се договараат на средба каде „спонтано“ ќе влезат во врска која може да биде кратка, но може да биде и многу долга и да се роди љубов. Кај девојките се јавува впечаток дека момчињата не се пуштаат и дека се неажурни и неиницијативни, тоа они самите го наметнуваат за да изгледа така.
Пример: Дружењата се случуваат во дискотеките со гласна музика, и можноста за размена на муабет и ишарет е многу мала, или ако се случуваат „мувања“ тие се случуваат без да се познава партнерот, па дури да не се знае и неговото име. Тие се неуспешни обиди за да се воспостави љубов.
На времето кога корзата биле атрактивни, ишаретите фрчеле, со свиркање, со намигнување, насмевка мала… сега тоа не постои.
Со овој рационален пристап, и со мислата дека љубовната врска претставува проблем, личноста сам се смета за инфериорена и мисли дека само на него љубовта му го завртела грбот. Напротив, тој свесно, воден од разумот и го врти грбот на љубовта.
За другиот пристап, кој е воден од инстиктот, без рационализација на работите ќе ви објаснам на денот на виното и љубовта… ветувам…. (или не…)
Ич не сакам да пишувам за состојбите во нашата земја, но ете пусто не можам да се воздршам, прстите сами ми се лепат до тастетурата.
Земја на отстапувања
Никаде во светот, никаде во универзумот не постои земја како Македонија, никаде не постои ваква нација која само отстапува во интерес на „добрососедските односи“ и во интерес на „добрата воља“. Да почнеме од почетокот… да да, мислам од почетокот кога почнаа да се случуваат преседани. Ќе ги оставам на страна поебувањата од големите сили уште од времето на Карпошовото Востание и ќе започнам со најголемото спрцување на сите времиња. Имено, после помалото за времето на Младотурската револуција кога *Македонската Војска* беше излажана, надежите на Македонците беа свртени кон нападот на Турција од страна на балканските сојузници. Македонците се бореа во првите борбени редови и беа пуштени да изгинат во јуришот за ослободување на татковината, тогаш смртта за татковината беше сметана за света работа… Поразената Турција се повлекува во сегашните граници, а „Ослободената“ Македонија е поделена од сојузниците на на тој срамен за човештвото Букурешки Мировен договор. Македонците не беа прашани.
За време на Првата Светска Војна, Македонците активно учествуваат во борбените дејствија и пак беа изиграни, статусот на Македонците остана ист.
За време на Втората Светска војна, Македонија можеби е единствена ослободена територија без помош на Антифашистичката коалиција, без помош на црвената армија. Македонците сами си ја извојуваа слободата, и тогаш се случи уште една неправда.
Изјава од учесник во ВСВ
Кога Вардарскиот дел на Македонија беше целосно ослободен, ние се спремавме да појдеме и да ги ослободиме и поробените делови - Беломорска и Пиринска Македонија, сите бевме единствени и водени од големата идеа на ВМРО - Слободна и независна Македонија во нејзините етнички граници. Се беше така додека пратеникот на Јосип Брос - Тито не дојде и не ги исшамара комунистичките Белградски поданици каде што им било речено дека Македонија премалку жртви има дадено во НОБ, и доколку сакаат Македонците да добијат федерална држава во Југославија ќе мора да прикажат повеќе жртви…. Тогаш на Скопското Кале се собравме и еден генерал кој беше играч на Белград им кажа на војниците кои сакаат да идат кон Солун нека истапат… Истапија стотици…. (низ солзи), и сите беа убиени од митралезски оган…
Останатите биле товарени на вагон и однесени да се борат за целосно ослободување на Југославија, дел од нив мислеле дека отидат да се борат на Солунското поле, а всушност загинаа од забите на сремскиот фронт. Беа затворени и убиен: Шатев - непокорниот гемиџија, Рацин - Ликвидиран и потоа лажирана неговата смрт како несреќа, Ченто - Претседателот на АСНОМ, идеалист за независна Македонија, и многу други беа измачувани во Идризово и потоа убиени, дел од Македонските идеалисти за независна Македонија беа квалификувани како Сталинисти и беа однесени на смртоносниот Голи Оток.
По порогласувањето на независноста на Република Македонија почнаа да се отвараат уште врати каде Македонија треба да отстапи. Во Обединетите Нации, нашиот Јужен сосед Пелопонез (Некои ја викаат Грција) го отвори прашањето за Името и знамето на Република Македонија… Македонија направи отстапка и го смени Знамето, а се отворија разговори за името. Иако не требаше, но пошто ваква држава нема никаде, Македонија во интерес на добрососедските односи разговара и до ден денес.
2001 - Се случи потпишувањето на договорот за Стабилизација и асоцијација со ЕУ, и оп, одма, ете ти конфликт, каде во почетните комуникеа на ОНА беше нагласено дека Албанците се борат за идеите на голема Албанија, каде преку ноќ подоцна се претворија во борци за слобода, иако се случија масакри врз македонските граѓани, исчезнати-киднапирани на кои и ден денес не им се знае судбината, настанот со мотелот Бриони каде се случи карактеристичен терористички чин со разнесување на чуварот со динамит заедно со мотелот, се случи и измачувањето на градежните работници каде со нож меа жигосувани… Се случи да тие борци за човекови права им ја одземат водата на Кумановци (100.000). И сега, „чесниот суд за човекови права и воени злосторства“ најде вина кај легитимните преставници на Македонскиот народ кои беа задолжени за да го заштитат обичниот граѓанин од тероризам, а кај претходните постапки на терористите не најде основа за обвинение. Обвинението на Република Македонија на која и се суди во моментов во Хаг е за употреба на прекумерна сила (!?). Па како треба да се постапи против терористи, како треба да се штити главниот град и целовитоста на државата, со цвеќиња?
Најсвежо - Заканата на Пелопонез за вето во НАТО!
Нашиот јужен сосед се заканува дека ќе стави вето на поканата за приклучување во алијансата доколу Македонија не го смени името.
Останува да видиме дали ќе се случи уште една отстапка од наша страна, но според државнот врв, на прво место е нашето име пред влезот во НАТО.
Вчера во вестите на сител проструи план доколку се случи вето од Пелопонез.
- Македонија веднаш ќе ја прекине привремената спогодба и разговорите за името.
- Македонија ќе побара од ОН, признавање на уставното име.
- Сите Писма адресирани на името FYROM ќе бидат вратени на испраќачот со порака дека стигнало писмо кон непозната земја и дека писмото случајно залутало во Република Македонија.
- Ќе се покрене процедура за враќање на Старото Знаме на Република Македонија.
- Ќе се преименуваат многу населби, улици, универзитети според Антички ликови од Македонската Античка Историја.
…. Итн…
Е сеа да бидам искрен, повеќе сакам Пелопонез да стави вето или одложување на приемот и да се преземат мерките. За да се знае нашиот став, за да бидеме еднаш вистинска држава.
На Македонски е малку тешко да се преведе Widget, па јас си го напреков елемент… Корисниците на Вордпрес во оделот Презентација можат да додаваат елементи од страничната лента, покрај стандардните може да се додадат и текст и RSS елементи, а во поновите верзии како во 2.3.1 и 2.3.2 можат да се додадат и елементи за „Категорија“.
На сликата обележаното е целта на овој текст, стандардно при стандардна инсталација на Вордпрес, максималниот број на текст Елементи е 9, и не секогаш се доволни… Благодарение на http://arheo.com.mk , која имаше потреба за повеќе текст елементи, се подбуцнав да најдам додаток (plugin), откако не најдов се помачив малку со функциите во widgets.php. Оваа датотека во новата 2.3.2 се наоѓа во /wp-includes
Ајде сеа да преминеме на упатството како да го зголемите бројот на текст елементи.
1. Преку FTP или било како преземете ја датотеката widgets.php ( /wp-includes/widgets.php) и направете сигурносна копија или по позната како Back Up
2. Барајте го стрингот widget_text_setup() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9; и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на двете места каде што има
function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 9 ) $number = 9;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}
Измената би била: function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 30 ) $number = 30;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}
3. Барајте го стрингот widget_text_register() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9;
for ($i = 1; $i <= 9; $i++) и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на сите места каде што има 9 (сите во оваа класа)
4. Барајте го стрингот widget_text_page() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: <?php for ( $i = 1; $i < 10; ++$i ) echo …
Во овој стринг, на местото на 10 ставете го саканиот број на текст елементи плус еден (пример: сакам 30 елементи и тука ставам 31, значи n+1)
5. Зачувајте го документот под истото име widgets.php, и качете го во папката каде што се наоѓа /wp-includes/widgets.php, прелепете го врз стариот widgets.php
Во администрацијата во одделот презентација/елементи на местото на „Колку текстуални елементи ви се потребни“ во паѓачкото мени ќе имате онолку колку што сте ставиле, според примеров горе јас ставив 30.
Се надевам дека ова упатство придонесува во развојот на блогерството на сопствената и најдобра блог платформа Вордпрес.
Забелешка:
За некои верзии на Вордпрес користете го ова упатство