Навистина не знаев како да го именувам овој запис, мислам дека овој е најсоодветен за сервисот кој малце ќе ви го прикажам…
http://netvibes.com не е само feed bookmark site туку е и многу повеќе, сервис кој е бесплатен и ви го олеснува сурфањето. Овие од страна копчиња што се под менито „Следи ме!“ ги пробав, но највеќе ми се бендиса баш netvibes… Зошто? Затоа што е страница која корисникот темелно си ја креира со елементи, организирана е со јазичиња, има огромен број на елементи како што се проверување на електронска пошта преку POP3, проверка на пошта од познатите сервиси за бесплатна електронска пошта (gmail, hotmail, yahoo…), meebo елемент кој можете да го поставите на посебно јазиче и уште не знам што… Читачот на RSS i ATOM е неверојатно одличен, со целосна контрола…
Во последно време се појавија и созреаа повеќе квалитетни блогери кои сакам да ги следам, за да го намалам времето на читање и времето на отварање на повеќе јазичиња во мојот омилен пребарувач Firefox, почнав да го користам овој сервис, изгледа добро, можете да и ставите скинови, да додавате јазичиња… Буквално се работи за алатка која го олеснува сурферскиот живот на интернет… Пробајте го.
На малата Бисера и е потребна помош од нас, лугето кои се нарекуваме луге, а ќе го имаме тоа право единствено ако им помагаме на оние на кои им е потребна помош… Бисерче, сакам после успешната акција да те видам здраво и живо, сакам приказната успешно да заврши како што заврши приказната на Леон Стојановски, на кој му помагавме сите ние.
Прашањето подобро би било поставено во формата: Мора ли да излегуваме? Се прашувате каде? и јас се прашувам каде… кај курац планирате да одите, и да отидете ќе посеете војна и ќе се чувствувате загрозени… кој ќе посее војна? Па кој друг ако не тој што ја измислил - Човек!
Ајде сеа да не биде дека пишувам во завиена форма, не ми е целта тоа, целта ми е да се изнервирам и да лупам по тастетурава заради најголемата телевизиска измама и патувањето на Америте на месечината. Измамата сеа предизвикува сомнеж, и секое постигнување или некое далечно патување кон другите небесни објекти за мене ќе биде невистинито…
Неодамна некој типац од НАСА исврли фотографија од Марс нашиот сосед каде според него се забележува хуманоидна форма, навистина на прв поглед личи така, но ако малце се фокусирате многу јасно ќе видите дека се работи за релјеф и сенка која го лаже умот… Зошто толку се трага за друга животна форма надвор од планетата земја? Зошто? Не ми е јасно…
И вечните прашања:
Дали сме сами во овој студен универзум?
Дали има поинтелегентни од нас?
Дали можеме да ги користиме ресурсите?
За мене овие прашања се неважни… затоа што и да сме сами и да не сме сами во овој универзум нема да ми го смени животот, и ако има било каква животна форма сигурно не ги нарушиле природните баланси како што ние тоа го направивме со земјата, а дали можеме да ги искористуваме ресурсите нека мислат оние кои имаат амбиции да се здобијат со матерјална добивка.
Проколнати сме од природата за да не ја напуштиме земјава, ние и припаѓаме на неа и нема што да бараме надвор од неа, можеме само да ги набљудуваме појавите и да им се восхитуваме. Со оваа брзина која може човекот да ја постигне не може многу да се шетка надвор од орбитата на земјата - ќе пцовиса за гравитација, или пак ќе се распадне во некое радијационо поле.
Но, ако некој сака да се занимава со патување во вселената, нека почне да се замара за некласично патување, или пак познато како Wormhole, овој термин е само теорија и претпоставка… но, може во подалечна иднина да се стори тоа, и ако се стори тоа би било во воени цели, затоа што ние не сме мирољубива сорта… за жал сите оние големи откритија се направени за во воени цели, и големите вселенски програми се во врмето на трката по вооружување и територии…
Нашата планета не не крепи веќе, ќе мораме да се вратиме на основата, да и се вратиме на неа и да ја почитуваме… оваа реченица малце испадна како за на писмена по Македонски јазик за шесто одделение, ама така е… Чувајте си го ова што го имате оти не е на арно да се игра со природните закони… А што ако не сте платиле за гравитација и дојдат чичковците и ви ја исклучат… што праиме тогаш? Затоа редовно плаќајте си ја гравитацијата - таа секогаш ни е потребна!
Од кога е родена… најстара е, а и курва е, која знае да изигра на начин помалите да ги контролира и никој да не и се лути… Епа ние сме такви, Европа нон стоп не ебе и пак ја сакаме, ја сакаме за уште еден секс, за уште едно пушење… ама не пуши таа, ние го пушиме!
Денес слушнав дека Србија ќе добие „либерализиран визен режим“, ќе ги отворат границите за нашите соседи… Мене ми е драго заради тоа, но не ми е драго зашто тоа го прави на тој начин… Мисли дека ќе и ги затвори очите пред независноста на Косово… И така одеднаш „правдата за сите“ проработува… Им честитам на Србите ако паднат на курвинската финта на Европа. Но мислам дека тие нема да изиграат така, ќе си го задржат курсот во ставот за Косово. Но џабе, веќе таа го почна својот план, толку курвински за да ги задоволи сите и воедно да ги користи стратешките позиции за пренос на нафтата од блискиот исток.
Ова е првата цуцла за Србија, визниот режим, па после ќе биде припојување на република Српска кон Србија и третата би била приклучување на Србија кон ЕУ. Брача Срби, не дај те да та завера великих сила појебе вама!
Каде е Македонија во целава приказна?
Македончето го цепи европа уште од славното Карпошево Востание па се до денес, најголемото учукување беше 1913 година кога таа иста курва го измисли договорот од Букурешт, каде територијата на Македонија (тогашна турска провинција) да биде разделена на 4 дела со ставка дека ако еден од тие делови добие независност за 100 години од договорот, другите делови се припојат кон него! И сеа тој договор „не постои“ во светата цел „Целовитост на Државите“ која пред очи ја газат сега со Косово!
„Правда за сите“ - како не бе, еве да погледнеме во последниве 20 години… Осамостојувањето на Македонија и самиот референдум беше под палката на курвата, потоа војната во 2001 исто така беше во целите на „правда за сите“, каде воени злосторници станаа бранителите на уставот и законите, а монстуозното мачење на градежните работници, распарчувањето за столбот на Бриони не е, Хаг не гледа тука воени злосторства! „Правдата“ е таква што Македонија добива кандидатски статус без датум за преговори, а Хрватска која тогаш беше поназад во реформите доби датум и веќе затвори неколку поглавја. И сега во Македонија немало политички дијалог? Каков дијалог? Имаме нели парламентарна демократија, и дијалогот се води во Собранието… Не ми е јасно, сакаат консензус во Парламентарна демократија каде по дифолт треба да се прекрстуваат мечовите…
И еве сеа Еуро-Крем амбасадорот Фуере ни вика - Македонија следниот месец ќе ги започне преговорите за целосно визно ослободување… На добар пат сте…. Кој е тој пат? Авотпатот Тетово-Гостивар?
Реформите се одамна направени, и треба да добиеме конечно датум за преговори… Мислењето на мнозинството е дека треба курвата да не прими во нашите прегратки, моето е различно од тоа, јас сакам балканска унија во која и Турција би била, пошто европа не сака да се дупи со други религии, а „Правдата за сите“ е тука! А бре луге, до кога ќе веруваме дека во ЕУ ќе ни биде подобро? Без визи ќе патуваме? Аха, да видам да не верувам, за нас се спремни да измислат друг принцип само да не коваат у уши… и да станеме членки, ќе испадне дека „новите земји членки како Македонија и Хрватска ќе мораат да чекаат по амбасадите по 45 дена за виза“…
15 години постојано немирување, 15 години орање по интелектуални ниви, 15 години вознемирување на студентите, 15 години Слобода…
Со полна уста можам да кажам дека Елфаско е првиот независен медиум во независна Република Македонија, регистрирани сме малце пред А1… Елфаско постои од 13 јануари 1993 година, првиот број на елфаско е умножен на копир, па подоцна почнува развојот… Со него излегува и помалото братче наречено ЕлFuckСо, кој е екстра хумуристичен додаток… Во 2005 година со елфаско излезе и првото мултимедијално CD со смешни видео клипови, книги, софтвер и други занимливости.
Елфаско во овие 15 години никогаш не посегна да се занимава со политика и партии, секогаш елфаско беше и ќе биде свртено кон студентските работи, забавата на студентите и нивниот сексуален живот а и сексуалниот живот на професорите, културата, филмот, науката, научната фантастика, и добриот хумор. Во овие 15 години, Елфаско беше финансирано од Електротехничкиот факултет (подоцна ФЕИТ), покрај финансиите тие технички помагаа.
Набргу ќе излезе Елфаско #52 кој е во колор… Наскоро ќе ве поканам сите да дојдете на забавата на Елфаско која ќе се одржи после надминувањето на некои ситни а можеби и крупни проблеми низ кои поминува Елфаско. Ни се заканува укинување од страна на ФЕИТ, односно прекин на помошта без која Елфаско не може да опстои, нивното објаснување не е објаснување, ни кажуваат дека премногу сме биле слободни во изразувањето… не сме имале цензури… дрн, дрн јариња. Но ние нема да ги фрлиме овие 15 години туку така, ќе се бориме за Елфаско со сите методи кои не ги прекршуваат законите, ако треба пак ќе излеземе принтани и умножени на копир,или пак ќе има веб верзија на Елфаско, и нема на никого да го направиме ќејфот…
Еве денес е денот кога се дочекува Новата Година според т.н. Јулиански Календар… Скоро целиот свет ја прославува новата година според новиот Грегоријански календар кој е поместен за 14 дена од стариот…
Гај Јулие Цезар во 44 година п.н.е ги направил реформите во римската империја: Тоа биле: преобликување на календарот, организирање локална управа, основање колонии, зголемување на Сенатот, спречување на инцидентите на исток и сл… Значи постоел некој друг календар пред тоа… Не го знам, не сум стручен и ќе го скокнам тоа
Не ми е јасно, или пак не сум гуглал доволно, како може Цезар да поставил календар во 44та година, кога нели на сите ни е јасно дека нулата година е годината на раѓањето на Христос… Можеби само месеците ги знаеле… Не знам како го сметале времето тогаш, не сум историчар, туку само логички не ми е јасно, па еве историчарите може во коментари да ми ги објаснат работите…
Денес овој календар го користат некои православни цркви, од кои е и нашата МПЦ… Не знам зашто го прават тоа, и така православниот свет не смета за непостоечки… и така да нема потреба да го користиме стариот календар. Покрај тоа стојам сеуште на ставот дека треба МПЦ да прогласи унијатство… Да отидеме под капата на Ватикан - како што направи Украинската Православна Црква. И така вселенската патријаршија е под влијание на грците кои нормално се во сојуз со србиве и излегуваат надвор од црковните работи.
Туку да се вратам на каледарите… И не знам која година, на папата Грегорие му текнало да го смени календарот… појма немам зашто… Според мене, новата година на секого му почнува различно, пример на мене ми почнува на мојот роденден, тогаш влегувам во нова година од мојот живот. Е сеа тие што се родени на 01.01 на нив им е стварно нова година
И сеа како сметаме… 2008 години од раѓањето на Христос? или пак треба да сметаме од 2033 година од воскресението на Христос?
Мислам дека треба пак на некој попаметен папа да му текне и да го смени календарот… ова некако не ми изгледа ок… со престапни години, рамноденици и сл… нешто Сајанс Фикшн треба да се измисли, да се смени нешто, поинтересно е
Туку еве ми дојде мисла за денешниот ден 13.01, Денеска според православниот календар е Обрезание на Исус Христос и Свети Василиј Велики… обрезот го задржале евреите, подоцна го прифатиле и муслиманите, а и денеска е задржан во православието на Коптите, тие и денес го слават денот Сабота.
И пак доаѓаме до фактот дека религијата ги контролира појавите и лугето, тие наметнуваат каледар, тие не учат на „морални“ вредности, најмоќниот човек на планетава е папата, и речиси сите војни се од религиозна нетрпеливост… Фак ит, мора да се смени тоа, мора разликите да ги искористиме за културно спојување, инаку не ни бега нов колапс како што беше втората светска војна…