2007 декември | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архиви за декември, 2007

Дојде и оваа нова година, нова грижа за организирање забава… Јебига, ние си правиме секој ден нова година, само ако има добро друштво… еве го и последниот работен ден од оваа 2007… по што ќе ја памтам оваа година? Да речам дека ми се случуваа убави нешта? Не - Ми се случуваа добри нешта…! Башка Слобода на Умот доби нова димензија, не е блогче кое зависи од некој сервис, туку е блог кој сам егсистира, си има свој администратор кој го менува дизајнот постојано (упс - јебига тоа е, малце сакам да си играм)…

Толку за блогот, сеа може да се опуштам малце, да земам едно неделен одмор… и да си ги средам желбите за 2008!

1. Сакам Милион Долари!

2. Сакам да не живеам во Македонија (не дека не ја сакам земјава, јас ја сакам ама она не ме сака)

3. Сакам да бидам пензионер!

Мислам дека дедо мраз ќе ме послуша, не барам многу, не барам ништо невозможно.

И шо сеа, општо прифатиле луѓето да имаат заедничка нова година, иако на секого различно им почнува годината… мене ми почнува во Јули на мојот роденден… можеби и на други деца кои се родиле на денот кога јас сум се родил им почнува нова година!

Пошто е ред да ви честитам празници (иако нема ништо возвишено во нив) еве:

Среќна Нова година и божик

Каква радост за мене, каква радост за родителите на Леон! Леон е сега здраво дете благодарение на луѓето кои донираа, на фондот за здравство и нашата љубов!

Кога ви побарав помош да препишете и да донирате од тука цврсто верував дека ќе се успее во целта.

Комбиниран лекарски тим од Белгија и Македонија во Брисел успешно направија транслација на црн дроб на малиот Леон, донатор беше неговата мајка…

Оваа вест ме направи посреќен од било кога во животов, посреќен од најсреќниот добитник на 1000000$.

Сакам да ви честитам на хуманоста на вас, Блогерите кои го препишавте записот и дониравте, направите „манастир“, спасивте живот!

Големо Благодарам!

И продолжува… - Овде гомно - онде цвет

И така е секој ден, падови и скокови, динамика, хармонија и серки… исто како синусоидата, промената се случува во зависност од периодот, така расте и опаѓа, оди до врвот на светот и опаѓа во дното на пеколот. Серка, мисија која мора да биде завршена. Зошто човек треба да биде она што треба да биде? а кое е она што треба да стане - совршен? Што е тоа, дефинирај… и идиу курац! Кога ќе го дефинираш тоа стануваш бесмртен… да да, како да не! стануваш храна на црвите, или продолжуваш да живееш во ебана илузија, во онаа илузија и лага која ти ја нудат, во „задоволството на животот - Сексот“… Кратко трајно задоволство кое нуди смрт!

Природните нешта мора да се случат, мора да се престане со илузијата за подобар свет, затоа што ова гомно не е створено за да ужива во цветот, ова гомно е створено да пропаѓа во својот измет. Некој тинуди вечност, а всушност те лаже како што сатаната ја излажа ева. Ова симболично го кажав, како што некои го претставуваат илузивниот живот.

ЕБеТе се, уживајте во секој момент, и направете го како да е последен… овде ќе кажаме една приказна…

Некој старец го бркал тигар, и старецот бегал, бегал и стигнал до безизлес, кога тигарот му ги покажал забите тој здогледал некој цвет и си рекол „Леле колку е прекрасен“ и му се восхитувал се додека тигарот не му го изел вратот…

Восхитувај те се на земните задоволства, оти ти се еба векот…

Слобода на умот отвара нова категорија на блогов, таа е сексуална хармонија, како да имате релаксиран и задоволувачки секс со партнерот, како да се замозадоволите и да го задоволите партнерот. Сексот го зајакнува семејството :)


Дамите прво

Откриј те ја Г-точката, ако имате ебач кој само знае да го бутне без да се грижи за вашиот оргазам (вистински маж де), морате да ја најдете г-точката која е купче од нерви и е прекрасна кога ќе ја допрете Laughing

г-точка, шема

Г-точката е осетлива зона во длабочина на вагината околу 6 сантиметри на горниот ѕид на вагината (кон стомакот). Со правилна техника и малку тренинг може да се постигне огромно задоволство за жената вклучувајќи оргазам, повеќекратен оргазам и „женска“ ејакулација, погоре на дијаграмот можете да видите каде од прилика се наоѓа точката на задоволството. Мажот ако си игра со оваа техника на задоволување на својата партнерка може да ја почувствува како топче со дијаметар околу 4 сантиметри и повеќе. Доколку самата жена се задоволува со своите прсти сигурно ќе знае дека е таа без да ги знае параметрите.

За жените кои ја пронашле точката а не си поиграле:

Нјачестата бариера за добивање г-точка оргазам е чувството дека ти се моча, некогаш кога ќе си играте ќе го почувствувате ова, за да ја избегнете таа бариера, одете до тоалетот и испразнете се (мочкајте), кога ќе почнете да си играте со неа повторно може да го добиете тоа чувство, но нема да мочкате, тоа чувство е лажно, продолжете да ја допирате со двата средни прста (средниот и прстот до малото прсте). продолжете така без престанок и ќе доживеете оргазам на целото тело. Овој „женски оргазам“ е ејакулативен (најчесто) и предизвикува 4 пати поголемо и поинтензивно и подолго задоволство од машкиот и обичниот оргазам кај жената.
Ако продолжите да ја масирате точката без пауза од првиот оргазам можете да доживеете повеќекратен оргазам кој може да трае повеќе од 1 минута.

Препорачано за ваква игра е да се користи лубрикант, исто така ефектот на вистинското задоволство не може да се почувствува кога жената се само задоволува, но мора да се потенцира дека првиот чекор до ова совршенство е да жената сама се извежба и да доживее оргазам, потоа со добар разговор и неколку тренинзи со партнерот и взаемна доверба може да се успее во повеќекратен оргазам.

Што треба да направи мажот во оваа ситуација?

Мажот треба да има секс барем 2 партии со девојката пред да почне со походот кон вистинскиот оргазам на жената, тоа е основоно, потоа може да се обиде со краткотрајна масажа на грбот на девојката доколку таа не е доволно отпуштена после двете партии секс, и секогаш кога сте во можност земете лубрикант како што е масло за масажа… Не се плашете да ги ставите двата средни прста од десната рака што е можно подлабоко притискајќи нагоре, не се плашете да стиснете малку помашки, таму и деца излегуваат, нема да се искине :)

Прво дајте и на девојката еден канилингус, поиграјте си со нејзиниот клиторис и не притискајте многу врз него, ставете го средниот прст и притиснете со тежината на вашата рака (не притискајте само оставете ја вашата рака) и почнете со кругови во насока на стрелките на часовникот или обратно па после комбинирајте. Ако тоа го направите правилно, ќе добиете насмеана фацичка кај парнерката, ставете го лубрикантот и побарајте ја Г-точката (преходно е опишано чувството на допир). Задржете ја длабочината и не одете напред назад како што го правите тоа во класичен секс, туку идете горе-доле со поголем притисок нагоре… според реакцијата на госпоѓата Хепи регулирајте ја брзината. Вашите прсти вагината ќе ги исфрли кога ќе дојде моментот на ејакулација, тогаш ќе знаете дека госпоѓата Хепи доживеала оргазам. За да постигнете уште посреќна и поцрвена фацичка кај парнерката, веднаш после ејакулацијата продолжете со постапката, така за 10-20 секунди ќе доживее еден поголем оргазам кој ќе биде манифестиран со исфрлање на прстите од вагината и оставете ја нека ужива во еден по друг оргазам кој се генерира сам. Ова може да биде потешко достижно ако се работи за недоверба меѓу партнерите, но со редовен тренинг се постигнува.

Ви оставам да ја пробате оваа техника, ако не пробате нема да ја доживеете.

Др. Ицко - специјалист за женски оргазми Cool

Како мал ми беше страв од вампирите и караконџулите, дедоми ми ги кажуваше приказните, се разбира на мое инсистирање, сега кога ќе се присетам на тоа, сфаќам дека сум купил многу од него, како приказни и народно богатство.

Приказна 1Во некое село во источна Македонија, многу одамна живеел некој овчар кој не се мешал со народ, демек сам си седел на бачилото и доживеал длабока старост. Но дошол судниот ден, се упокоил и го пронашле после два дена мртов во постела, селаните го погребале и овците ги продале и изградиле чешма од парите на сред село.

Но тој да не ми бил боцкан во текот на животот и се повампирил и им досаѓал на селаните, и секоја ноќ се појавувал кај чешмата, им го плашел добитокот, и низа ситни проблеми. Тогаш селаните морале да најдат некој вампирџија кој ги сиктерисувал вампирите и караконџулите… И така се слушнало во соседното село каде што живеел Стојан Вампирџијата, тој ги сиктерисувал на различен начин во зависност за каков вампир станува збор. Овој вампир бил од тие што не можеле да убиваат луѓе, само правел бељи…

Вампирџијата Стојан од соседното село пристигнал со низа лук, крстови, света водица, просо и сите алатки кои се потребни за сиктерисување… Го чекале неколку ноќи, но тој бил паметен вампир и не се појавувал, но искусниот вампирџија бил многу мудар и пред секоја ќуќа во селото посеал просо а под него ставил магарешко трње, ај што ставил пред секоја куќа тој му текнало да стави и околу чешмата која била направена од парите на неговите овци… И така вечерта вампирџијата наредил на селаните да бидат спокојни и да си легнат. Селаните си легнале спокојни и утредента никој не нашол ништо во дворовите, но спонтано се собрале пред чешмата и таму што ќе видат, вампирот се искрутил и се сторил пифтија, имало една вреќа пифтија. Така сиктерисаните вампири се сторуеле пифтија. Селаните го повикале попот да го прочати остатокот од вампирот и го запалиле.

Приказна 2

Некој курајбер си одел низ корзото и го сретнала некоја убава девојка и му рекла дека сака вечерта да ја помине со него, но без допирање и љубење, само сакала да оди некаде на кафе и да се дружи, курајберов прифатил и се изнашетале, пиеле кафе и си муабетеле, така девојката му зборела за вредноста на животот, му кажувала дека треба да се живее секој момент од животот па макар да е и последниот, му рекла да се восхитува на секој убав детал. Така седејќи на девојката и заладило и кавалеров и ја дал кожната јакна, таа ја облекла… Поминало времето и така фраеров ја испраќал пешки девојкава, кога стигнале до нејзината куќа таа рекла: „Еве јас тука живеам, помини утре да си ја земеш јакната.“ И така таа си отишла дома, и курајберов дома….

Утредента тој отишол да си ја земе јакната. Заѕвонил на ѕвончето и излегол средновечен човек, тој ја побарал неа по име и стариов му рекол:

- „Пријателе, нашата керка почина пред 5 години, не знам што ти е, можеби не си знаел ама тоа е за жал“- Како така, не ме лажи, јас вчера со неа излегов и и ја позајмив мојата кожна јакна и ја испратив до тука, таа ми рече да дојдам денес и да си ја земам јакната… - збунето одговорил курајберов…

По кратко полемизирање, таткото на девојката го поканил курајберов да влезе и му ги покажал сликите од загинатата керка, тој потврдил дека со неа излегол и не верувал во приказната за загинувањето на девојката… За да му докаже стариов го земал со него и го одвел на гробишта кај нејзиниот гроб, кога пристигнале таму неговата јакна била закачена на спомен плочата од девојката… Сите биле збунети и сеуште не е јасно што се случило таа вечер…

Оваа вторава прича кога ја слушнав се наежив :)

Има уште многу интересни приказни за вампирите, јас ги почитувам оние приказни кои потекнуваат од нашево поднебје, но не значи дека не се интересни приказните за дракула и другите вампири…

Случајно најдов еден добар и корисен додаток познат како plugin за вордпрес. Се работи за интеграција на повеќе слики во пост, па не мора и повеќе слики, може и една да биде, и да не ја ставате да биде огромна, можете да го ставите мало сличето и кога ќе кликне некој на неа таа се зголемува…

Клик на сликата и ќе се зголеми :)

За Блогот

За да казните некого треба само да му ја одземете слободата, таа ни е дадена за да ја имаме, за да самите пресудуваме и да не се водиме по други размислувања.
Слободата на умот е слободата на човекот, затоа што умот е во најголема складност со телото, телото и умот се взаемно зависни, едни без други не можат.

Секој ден се трудам да ги ставам во хармонија телото и умот, слободен ум со слободно тело во хармонија е совршенството што еден човек може да го постигне пред да се раздели од своето тело. Еден ден ќе го постигнам совршенството…

Совршенството и почитувањето на слободата не се состои ако ги ставите во хармонија телото и умот, туку и да ја почитувате слободата и интимата на другите, да не дозволите некој да се чувствува глупаво во ваше присуство, да не биде некој оштетен и повреден, но секогаш се додека не го постигнете совршенството ќе правите грешки.

Клик на сликата да те видам :)

Дали можеме да изградиме одбрамбен штит кој ќе ни служи да се заштитиме од околината, од ДОГМАТА, одвлијанието на црвите кои не демнеат во секој миг? Мислам дека може, со едноставно резервирано прифаќање на другите ставови, со длабоко размислување на секоја тема која ни ја наметнува денешницата. Само така ќе останеме неуништиви, силни со сите три точки кои треба да ги поседува секој човек, тие се наоѓаат: На главата, во Градите, и една која се наога малце подоле од стомакот. Кога тие три точки ќе комуницираат меѓу себе, тогаш ќе поседувате моќ за да го освоите светот. Обидете се да се спротиставите на мислењето со кое не се сложувате без оглед на последиците - така ќе ја покажете третата точка, кажете ја вистината во лице, кажете на некого/некоја „те сакам“ - Така ќе ја истакнете точката која се наоѓа во градите, Премолчете кога некој упорно се обидува да ви докаже нешто на кое не му верувате - Така ќе ја истакнете првата точка која се наоѓа на главата.

До победа секогаш, сонувајте за да имате, љубете за да бидете љубени, кажете ја вистината на време затоа што кога-тогаш таа ќе исплива на површинат.

Врска до страницата каде што можете да го симнете додатокот: http://www.stuff.yellowswordfish.com/enlarger/