2007 ноември | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архиви за ноември, 2007

Познато е дека постојат многу гранки на будизмот, во зависност на кои територии на истокот биле раширени и кое учење било пренесувано, Шакјамуни Буда имал 80 различни учења, ние ќе го разгледаме последното негово учење – Лотус учењето или познато како Лотус Сутра (сутра значи учење).

Nichiren Daishonin (1222 – 1282)

Ничирен будизмот е клучот и патот кон просветлување и постигнување на Бодаитет за обичните луге… Ничирен Даишонин го открил патот, тој открил дека со рецитирање на Нам Мјохо Ренге Кјо се постигнува осознавање на мистичната вистина на вашиот живот.

 Што е Нам Мјохо Ренге Кјо?

 Во секој од карактерите (зборовите) е изразена реалноста на животот, додека пак таа реалност е Мјохо – чудесниот мистичен закон. Тој се нарекува мистичен закон  затоа што ја објаснува врската помеѓу взаемната поврзаност на еден живот  со сите феномени. Поради тоа  оваа Сутра е мудроста на сите Буди.

 - Што означува Мјо? – Тоа е едноставно мистериозната суштина на нашиот живот од моментот до моментот кој не може да се сфати преку мислата нито пак да се опише со зборови. Ако во еден момент се запрашате каква е суштината на вашиот Ум, вие нема да можете да забележите ниту боја ниту форма на истиот. Но сепак не може да се рече дека умот не постои затоа што во секој момент ви протекуваат различни мисли – умот не може да се дефинира ни како постоечки ниту пак како непостоечки. Исто така животот не можете да го дефинирате како постоечки ниту пак како непостоечки, но сепак ги манифестира еднаш едниот аспект, друг пат другиот аспект. Во тоа се состои мистичната суштина на СРЕДНИОТ ПАТ, единствената реалност на сите нешта. Мјо е мистичната природа на животот, а Хо – нејзините манифестации.

 Ренге е цветот на лотусот, кој ја симболизира чудесната суштина на овој закон (на мистичниот закон). Кога еднаш ќе сватите дека вашиот сопствен живот е Мистичниот закон, тогаш ќе сфатите декатој е исто така и во животот на другите. Ова будење се изразува преку мистичното Кјо, кое исто така претставува и учење.  Сутрата на Лотусот е кралица на сите сутри, директен пат кон просветлувањето (буда состојба), бидејќи објаснува дека суштината на нашиот ум од каде што се раѓаат доброто и злото, не е ништо друго освен Мистичниот Закон.

„ Ако имате длабока верба во оваа вистина и рецитирате Мјохо ренге Кјо, ќе достигнете Бодаитет (buddhahood) , без никаков сомнеж, во текот на овој живот.

Поради тоа, речено е во Лотус Сутрата : „После мојата смрт, практикувајте со верба во учењето на Лотосот. Тие што ќе постапат така, без сомнеж ќе постигнат Бодаитет“ не се сомневајте во тоа никогаш ни најмалку.

Чувајте ја вашата верба и дојдете до просветлување во овој живот.

Нам Мјохо Ренге Кјо, Нам Мјохо Ренге Кјо.

 Со почит, Ничирен

Продолжува…

Маклкумина од нас, луѓето од „западниот свет„ знаат што е будизм, кој е Буда – Што е Буда…

Верувам дека 90% од луѓето мислат дека будистите се луѓе кои си ги бричат главите и носат портокалова мантија, се изолираат во мирните места и медитираат, до неодамна делумно мислев и јас дека тоа е така, но после моето истражување го сменив ставот.
За да биде појасно, ќе погледнеме во историјата:

Кој е „Буда“ ?
Буда е секој од нас, но нема тоа да го објаснувам тука во овој оддел, туку ќе се обидам да го опишам животот и делото на Shakyamuni Buddha или Siddhartha Gautama
463 BCE - 383 BCE, Тој е роден под името Siddhartha Gautama во Индија, како принц во благородничко семејство, но тој подоцна се откажува од тој живот и тргнал да ја дознае вистината за страдањето, за животот и смртта, тргнал да го дознае животот… Низ медитација тој ги дознавал мистериите и ги пренесувавл на своите ученици, така тој во својот долг живот има 80 учења, учениците го прифаќале учењето и го пренесувале на различни територии, и оттука постојат повеќе „видови“ будизам.
Да го погледнеме последното учење на Шакјамуни:
Последното учење е Лотусовото учење кое Шакјамуни Буда го дал на своите ученици во последните осум години од неговиот живот, и им рекол на своите ученици: „Со сето свое срце отфрлете ги претходниве учења – Ова е совршеното“… Лотусовото учење во тоа време не било доволно разбирливо за практикување, па само одредени луге можеле да го разберат, Шакјамуни го дал учењето и рекол дека после неговата смрт околу 1500 години ќе се појави нов Буда…
Ај да застанам тука и да објаснам што значи Буда.
Буда значи просветлен човек, во смисла човек кој го знае животот и неговата улога. Тоа значи дека Буда ниту е бог, ниту е магијоничар, Шакјамуни е првиот забележан просветлен човек (Буда).
После околу 1500 години од смртта на Шакјамуни се појавил Nichiren Shonin 1222 – 1282 кој се школувал во будистички храм и подоцна станал монах…
Улогата на Ничирен Шонин е тоа што тој го дал клучот и им го покажал патот на обичните луѓе да стигнат до просветленост, тој ја изучувал Лотус сутрата, и го пронашол патот до просветлувањето. Со рецитирање на насловот на Лотус сутрата е исто како да се каже и да се научи целата… тој го напишал и Гохонзонот кој е објект на најголема почит кај будистите денес… (за гохонзонот во наредна прилика)
Ничирен им кажал на луѓето дека Буда не е ништо недостижно и магично, Буда го носи секој човек во себе, а патот до излегувањето на Буда на површината до нас е насловот на Лотус сутрата, и рецитирањето на насловот – Нам Мјохо Ренге Кјо.

Во средниот век по смртта на Ничирен Шонин, будизмот почнале да го следат и обичните луге, почнале да практикуваат со рецитирање на Нам Мјохо Ренге Кјо пред објектот од најголема почит - Гохонзонот…

Еве како приближно изгледа еден Чент (рецитирање), а ако пребарате на јутуб можете да видите целосен Лотус сутра чент…:
http://www.youtube.com/watch?v=9Sqrtj9p7ZU

Ова е малце стилизирано со музика, инаку нема музика, нема продукција, само гласот на тој што медитира.

Следно е: Значењето на Нам Мјохо ренге Кјо, 10-те животни состојби, практикување на Будизам, и за Soka Gakkai International – организацијата која дозволи ширење на будизмот низ светот.

Продолжува…

Сега го слушнав рецитирањето на Владо Јовановски со поддршка од музиката на Мизар, морате да го ислушате ова - Вреди!

 

Europe prologue
Vlado Jovanovski (Lars von Trier & Niels Vorse). 2:56, 2.69 MB

 

Dungeon
Vlado Jovanovski (Krum Velkov). 1:33, 1.44 MB

 

Freedom
Vlado Jovanovski (Krum Velkov). 1:24, 1.28 MB

 

Rage
Vlado Jovanovski (Krum Velkov). 1:34, 1.43 MB

 

Returning Home
Vlado Jovanovski (Krum Velkov). 1:25, 1.31 MB

Извор : http://mizar.com.mk

 

Марихуаната во некои држави е легализирана, така државата има контрола врз трговијата и популацијата која ја користи… Во денешниот број на Време во рубриката НОВ СВЕТ во областа медицина имаше објавено дека марихуаната помага во спречување на ширењето на ракот на дојката…
Канабис против ширењето рак на дојка

Една состојка откриена во канабисот може да го спречи ширењето на ракот на дојка низ човечкото тело, откриле американските научници. Тимот од истражниот институт на медицинскиот центар „Калифорнија Пацифик“ се надева дека состојката канабидиол или ЦБД ќе може да се употреби како нетоксична алтернатива на хемотерапијата.
За разлика од канабисот, ЦБД нема психоактивни својства, па неговата употреба нема да го прекршува законот, изјавиле научниците, кои истакнале и дека не ги советуваат пациентите да пушат марихуана. Тие објасниле дека најверојатно ефективните концентрации на ЦБД не може да се внесат во организмот само со пушење канабис.
ЦБД функционира така што ја блокира активноста на генот наречен Ид-1 за кој се верува дека е одговорен за агресивното ширење на клетките на ракот од местото каде што првично се појавил туморот - процес познат како метастаза.
Претходните истражувања покажале дека ЦБД има способност да ги блокира агресивните ракови од човечкиот мозок, но со последните експерименти било откриено дека ЦБД во лабораториски услови остварува сличен ефект и врз клетките на ракот на дојка.

Марихуаната во македонија, т.е. растението има одлични климатски услови за култивирано одгледување, покрај тоа, на пример во пограничните места поготово во јужна Македонија може да се отворат локали каде ќе може слободно уживателите да си маваат трава и за тоа да платат дебело, тука и УЈП и буџетот би се полнел повеќе од било кога…

Еве уште еден пример: На сајтот подолу е направена симулација како пороците делуваат на телото и мозокот… зависноста и сл… Резултатот и заклучокот е дека цигарата создава поголема зависност отколку канабисот.

http://www.jellinek.nl/brain/

На сајтов одберете било кој порок и погледнете ја симулацијата…

Дали ќе се освестат нашите власти - Не знам, ама во секој случај кога би се легализирала, девијациите би биле далеку помалку, ќе се знае бројот на уживателите, туризмот би се зголемил за 500%, буџетот би се полнел…

Ѓошевски Симе
ж-ска 300271000001492 комерцијална банка
дознака : за лекување

парогена аномалија
(ако се остави да не се лечи би имал компликации со зборење и јадење.)

Женава се појавила кај пријателов за помош, како што доликува на човек, тој помогнал и ме замоли да го објавам ова, немаат отворено телефони за донации, а детево е од кисела вода, го повикувам неговото семејство да ме исконтактира и со сите сили ќе помогнам да се отворат телефони во нашиве мобилни оператори, ако некој што чита го познава Симе и неговите родители, го молам да не исконтактираат.

Симе заслужува да му помогнеме, еве јас, ќе се откажам од мојот студентски буџет за нареднава недела и нема да јадам на факултет, парите за јадење ќе ги искористам за да му помогнам на Симе за да биде среќно и здраво детенце и со многу љубов ќе бидам со неговото семејство иако не го познавам.

Ајде бре луге, вработени во администрација, инженери, студенти, без разлика на професијата, одвојте барем 100 денари, и ставете цигла во зградата на здравјето на едно детенце.

Искрено ќе ви бидам благодарен ако го препишете постот и да тркнете до банка на плава уплатница од Комерцијална уплатите на сметкава.

Слобода на Умот не постои само за мрчење - Туку постои и за да се помага.

Pay Pal за МК, блог на англиски!!!

Во интерес на сите кои сакаат да купуваат поедноставно на интернет, направив едно блогче на блогспот со цел да и се обратам на планетата земја да ни помогне околу петицијата за да не се излетаме со 500 или 1000 потписи што е смешно… еве сеа пробуваме јас и Ѕверо нешто повеќе да направиме…

<a href=”http://paypalformacedonia.blogspot.com” target=”_blank”><img src=”http://img221.imageshack.us/img221/526/paypalom9.gif” width=”80″ height=”15″ border=”0″ /></a>

 

Би ве замолил сите заинтересирани, ако сакате да ни помогнете, ставете го банерчето кон англискиот блог на вашиот блог или на сајт со англиски јазик… исто така, кој сака да направи содржина нека пише на ivica.micev[at]gmail.com (наместо “at” стави @)… можете да напишете искуства и фрустрации поврзано со темата на блогот, ако сте зачленети на некои сервиси за запознавање (пример hi5, myspace, sanjalica… итн.) пишете им на вашите пријатели да ја потпишат петицијата… Ние и вие ќе успееме во овој поход, верувам во тоа… Однапред Благодарам.