Напишано на окт 30, 2007 под Сеир |
Вчера пријателов од маало ми даде еден скен од сообраќајна дозвола која ја ваделе со неговиот кум во СВР Крива Паланка, неговиот кум поседува LAND Rover и сеа се враќа од Немачка да си живее тука, жител е на Крива Паланка.
без многу зборење еве ја сликата. Клик на неа за поголема!

Сликава не верував дека е вистинита, не можев, но кога видов со свои очи, кога ја видов оригиналната сообраќајна дозвола паднав на газ.
Ете така ние имаме стручен кадар…
Напишано на окт 28, 2007 под Размислувања |
Во последно време, релативно кажано од почетокот на деведесетите години од минатиот век, оваа професија се почесто може да се сретне во главниот град на нашата земја и во другите градови каде е развиена индустријата…
Како за вовед на оваа приказна можам да ви раскажам една друга приказна слушната од пријател кој бил жртва на пазач кој оперирал во околината на водно во месноста ЈЕБОДРОМ.
Идам ја бачко и ја собирам цурата од дома, се прошеткавме па ни текна да свратиме на водно на стандардното место каде имам платено кирија… се паркирав со количето се напивме по едно пивце и ми се качи таа стандардно и почна да си јава… и така си тече тоа совршено, едната рака ми е на газот а едната на цицка, и одеднаш осеќам дека имам три раце, се појави трета рака на цицката на женска ми… WTF? и кога погледнав низ прозор пазачов си драпа ли си драпа….
Тоа е приказната на пријателов што ме натера да размислувам на оваа тема…
Оваа професија може да носи добар профит, ако пазачот поседува камера или некој уред кој може да го овековечи моментот… така на запад има професионалци кои ги ловат брачните парови како имаат секс на тераса или слично.
Во нашата земја пазачката професија доживеа експанзија со невработеноста, таа е право пропорционална со бројот на невработени млади луѓе кои не можат да си фатат женска поради финансиски причини и од болни умови…
Постои пазачка под-професија, тоа се комшивките кои не идат на работа, и единствена работа е да пазат кој ќе помине на улица, во колку саат ќе дојде ебачот на помладата комшивка, во колку саат ќе си замине… па потоа се собираат со колешките на собрание и го завршуваат моментот со споделување на искуства. Овие се познати како тимот „Радио Милева“
Како да се редуцира оваа професија? - Не знам, едноставно треба да се искоренат со општо корисна работа, невработените домаќинки да бидат задолжени да ја чистат улицата од отпадоци, да посетат старо лице и да поразговараат со него итн.
Стварно не ми е гајле ако некој ме гледа додека правам нешто, додека идам некаде или дали се враќам тиква пијан дома… Но непријатно е да се модифицира виденото, да се шират шпекулации…
Професијата пазач дефинитивно не треба да постои, ја повикувам владата да направи кампања „Македонија без ПАЗАЧИ - да не ги учиме нашите деца да бидат пазачи“
Секогаш за Татковината НАПРЕД!
Напишано на окт 25, 2007 под web |
Се повеќе блогери сакаат да застанат на сопствени нозе и да инсталираат сопствена блог платформа со која ќе имаат потполна слобода и одговорност при блогирањето. Овој запис ми е да ги исфорсирам сите сервиси од Македонија кои нудат хостинг на веб и регистрација на домени.
Еве да почнам…
1. Јас и елфаско сме хостирани на http://ddcom.com.mk , ова е испитано и стабилно 99,99999% така да слободно појдете на страницата и разгледајте ја понудата не е скапа и многу ефикасно хостирање ви се нуди.
2. Овој сервис за хостирање е на еден познат блогер, http://goranandreev.name.mk/webdesign/
Не сум имал време да направам муабет околу ова со пријателов Горан Андреев ама вака познавајќи го мислам дека нуди прекрасна понуда, па бујрум разгледајте ги понудите на Горан.
3. http://www.urnebes.com.mk/hosting.htm не знам и не сум пробал ниеден пакет, ниту знам како што нудат.
Затоа го напишав овој запис, ве молам сите во коментарите да поставите линк (врска) до сервис кој нуди вакава можност, гледајте да биде македонски… Епа бујрум пишете во коментари, јас на два дена ќе го модифицирам записов со новите врски. Гледајте да има и опис.
Гемиџи предложи:
Напишано на окт 22, 2007 под Вести |
Денеска од досада го потсредив изгледот на блогов, инсталирав неколку додатоци и мислам дека сеа побрзо се отвара и има еден „магазин момент“ со првата буква од записот, мислам дека супер изгледа… сакам да го средам и хедерот, само треба да добијам креативен момент и да го направам.
Знаете дека многу го рчкам изгледот ама тоа е сеа се стремам се повеќе до посакуваниот изглед… Сакам во оваа прилика да му честитам на Рибаро за новиот дизајн на неговиот блог, баш ми се допаѓа…
Тоа е, имам нешто во глава за да пишам ама ме мрзи, во последно време многу мрза ме фаќа, дали дека почна грејната сезона и од топлово ме убива дремка…
Напишано на окт 21, 2007 под Размислувања |
Зошто така, сите сме во збунка, не знам зашто, можеби е до времето (не сакам да спомнам дека целата нација е во тага заради смртта на Тошка), не знам како да го насловам овој запис… мислам дека така ќе остане.
Прво сакав на Јанко да му симнам капа, човекот што и не истрпе деновиве кога целата нација беше во тага, милион пораки со тага и љубов, неколку кретени кои го нервираа… и сето тоа машки го издржа и заслужува да го наречам човек со два пара муда, посвети неколку емисии на легендата и ги издржа до раните утрински часови. Браво мајсторе, иако ти си ја работиш работата професионално и за тоа земаш надоместок, ама ова не се издржува, јас не би го издржал тоа темпо… да му дадеш на народот т.н. “My Space” во етерот и да те фаќаат кретени за газ не е мала работа. Продолжи така и ако имаш подобра прилика со поубава работа одма баталувај човече…
Сеа второ би било смислата на живеењето во Македонија.
Има ли смисла, да бидеме сеуште во групата на третите земји, да не фаќаат за газ со условите за прием во ЕУ-семејството, да ги тераме да инвестираат во Македонија, да се молиме за визи… Стварно нема смисла би бегал да живеам во Африка, далеку од глобалното село, далеку од се… Работава е срање, да му умре козата на комшијата, етничка нетрпеливост, верска нетрпеливост иако ни кажуваат дека ние сме лидери во регионот кога се работи за мултикултурата и мулти етничноста. ЛАЖАТ СИТЕ, се случуваат партиски вработувања каде некои им го јадат лебот на професионалците… Сакам да заминам и да знам дека ќе спаѓам во групата на оние кои „не ја сакаат татковината“ сепак „мојата љубов кон татковината“ нема да ми купи леб на мене и на моето идно семејство кое е дел од мисијата на земјата на секој човек. Веќе не сакам да размислувам како што размислував пред 1 година, сега веќе не ми е гајле за ништо, сакам да просперирам како што просперираат моите врсници во вистинските општества. Не ми е гајле што Косово ќе стане независно и контрадикторно од она што го мислев дека глобализацијата смрди, глобализацијата треба да ги изпегла различностите и да направи разликите да бидат предост во живеењето, иако тоа некои го сметаат како план на сатаната да го привлече народот единствен да се сврти кон темното… но јас не мислам така, треба да се градат вистинските вредности и разликите да не обединат…
Околу интернетот
Болна страна на Македонија, иако сеа не подлажаа со новите пакети, јас мислам дека сеуште според мк стандардот на живеење треба да биде 300 денари со 100 гига сообраќај и 4 мега бити. Така ќе изградиме информатичко општество каде секој ќе може да си дозволи добар интернет.
Доста е, ме мрзи да пишувам, има уште многу за да го истурам бесот, но во наредна прилика…
Напишано на окт 19, 2007 под web |
Вчера, Рибаро случајно ме праша за Јумлата нешто, имаат ново порталче со Струмјан па сакаат да го прилагодат како што им одговара нели, тоа го сакаат сите сопственици на портали и веб страни… па така видов по компјутерчето во елфаско дека има еден куп про joomla теми и им дадов да си поиграат со сајтот http://top.net.mk на кој му предвидувам многу посети и многу интересни вести, знаејќи кои се админите
Што ми беше муабетот… а да, за леснотијата денеска да се направи професионален веб сајт кога се користи joomla framework. Едноставно ви треба Линукс веб хостинг, со MySQL, (секако добро е да има Php MyAdmin, да врти php скрипти) инсталирањето на Џумла е едноставно и ме мрзи да објаснувам тука пошто постот не е туториал туку едно видување на тоа колку е погодна џумлата за било каков сајт… Ако сакате туториал како да инсталирате, симнете Џумла и во самата архива има упатство…
Кога ни го поебаа хостингот во Шветска, Елфаско остана некое време офлајн, па после колегава НН, инсталираше Мамбо откако убаво се изначира по форумите, и на крај поради повеќе ресурси за џумла се префрливме и инсталиравме… Сега сме задоволни.
Ако сте Веб дизајнер, и правите сајтови за фирми, персонални сајтови, портали и сл. тогаш ви треба Џумла 100% затоа што е бесплатен и „СО ОТВОРЕН КОД“ , затоа што има милијарда модули и други ресурси. Треба да познавате малку php, повеќе CSS & HTML/XML/XHTML… Кога ќе го прилагодите вашиот сајт, после немате проблем, додавате корисници, им давате соодветни привилегии и терате во зависност од каков вид на страница се работи…
Морав нешто да пишам еј, више оваа траума со вестите за смртта на Тоше ме уби, не можам више, жал ми е, ама дај те луѓе да продолжиме да живееме…