Архиви за септември, 2007
Напишано на сеп 26, 2007 под бизнис, web |
Верувам дека повеќето луѓе се запознаени со терминов, а оние кои не се, ќе се обидам да им опишам колку што можам поедноставно.
На пример постои голема фирма која се занимава со произвотство на столици, таа фирма нема произвотствени погони и така ангажира помали фирми кои ќе ги произведуваат полу-производите a потоа големата фирма ги склопува и ги продава затоа што таа е голема фирма и го има пазарот.
Тоа е најпростата дефиниција која можев да ја ископам.
Е сеа, каде се Македонските фри лансери? Мислам дека нашите деца, компјутерџии, дизајнери и креативци можат да заработуваат добри пари со овој бизнис, иако кај нас овој метод на работење е многу малку застапен.
Еве неодамна открив еден сајт (и се мавам по глава како не го пронајдов сајтот пoрано), кој е измислен за да слободните играчи - програмери и дизајнери да го продадат твоето знаење на целиот свет.
сајтот е: http://getafreelancer.com
Тука едноставно можете да си направите сметка и да ги прегледувате побарувањата на фирмите и нивниот буџет за тој проект. Аплицирате, и ако вашиот производ е најдобар или ако тој производ му се допадне на клиентот вие заработувате онолку колку што сте побарале во апликацијата.
Познавам неколку дечки кои дома во пижами си работат и зараборуваат добро.
Овој сервис е достапен и за Македонските корисници, има опција за исплата преку Чек, и тоа чекот го испраќа сервисот, а не клиентот.
Програмери, Дизајнери - Обратете се на 2 милијардитиот интернет кориснички свет, продајте ја својата креација на вистинските луѓе кои плаќаат вистински за вашиот труд. Не заглавувајте во фирмите како што е Сивус да рударите по цели денови и ноќи за смешна плата и никакви работнички права, не работете во македонските ебани списанија кои те „фаќаат за г’з“ нудејќи ти 200 евра месечно за неделен весник каде има работа под притисок.
Сума сумарум - Македонските креативци одамна го загубија достоинството работејќи за никаква плата во компаниите, тие се креативци а нивната креација е скапа! Тоа светот го знае, само што ние сме последната дупка од свиралото… Чукнете ја главата и зачувајте го достоинството, наплатете го својот труд.
Напишано на сеп 23, 2007 под Help |
На Детето
Стојановски Леон (3 години) од скопје му е потребна помош. Се работи за неопходна операција - Транслантација на црн дроб, која се планира во октомври 2007 во Брисел. За операцијата потребни се 20 илјади евра. поради финансиската состојба на родителите Тие ве молат и воедно ЈАС Ивица Мицев ве молам да му помогнеме на ова ангелче кое штотуку започна да живее, да му помогнеме и после 3-4 години да појде во училиште среќно и здраво.
Не се големи сретствата кога се работи за живот на едно детенце.
ДОНИРАЈТЕ НА:
ДОНИРАЈТЕ НА
Тел : : Т-мобиле/Цосмофон :: 070 143 122 / 075 143 456
Сметка на Коминтент: 001583649-0
На Стопанска Банка АД - Скопје
Ги повикувам сите блогери да стават еден запис со информацијава…
Вечно благодарни: Родителите и Јас
Напишано на сеп 20, 2007 под интернет, Технологија |

Ова е необичен пост, го пишувам за поддршка на петицијата за PayPal да ја листа и Македонија, за да можат македонските граѓани да купуваат и да продаваат како нормалниот свет.
Официјална: http://paypal.blog.com.mk
Кодот за банерот се наоѓа: http://ivica.micev.googlepages.com/paypal
И сеа треба малце да се изрекламира, еве имаме и блогер на блогерај кој ја има можноста да помогне: Јади Бурек те молиме да ни помогнеш доколку можеш преку твојата емисија, испрати порака до луѓето и кажи го линкот на петицијата.
Напишано на сеп 20, 2007 под интернет, истражување |
Неодамна добив една инекција од информации и мотив од еден мој стар пријател од мало, не е стар по возраст, мислам стар, го знам од кога знам за мене… Ме праша околу блогирањето, adsense и профи блогирање… Му одговорив: Абе брат, па не знам, не се замарам, еве во Македонската блогосфера два-тројца маткаат и мислам дека нема потреба да се замарам…
Епа после 10 минути муабет се заитересирав да пробам да направам едно блогче со англиска содржина и да аплицирам на програмата на google Adsense и да проверам како оди со заработувањето од фотеља.
Panta Rei одамна ја разработи темата баш како што треба, и може на идните „професионалци да им помогне“
Прочитај нешто повеќе за овој систем од мини-серијалот кој го објавив на мојот блог минатата година:
- Online Advertising
- Online advertising со Google AdSense
- Cost per click рекламен модел на Google AdSense
- Onsite Advertiser модел на Google AdSense
- Hands-on Google AdSense
- Дали секој може да заработува од блогирање?
- AdSense tips: comics blog
Па ете, моето тестирање во оваа област полека полека завршува и се претвара во хоби, па можеби ќе се заработи нешто.
Јасно ми е дека постојат луѓе кои сакаат да се изразат преку својот блог, едноставно да ги споделат своите мисли со другите, но не ми е јасно како може некој да губи време со блогот пишувајќи за „својот нов мобилен“, за несмислени глупости, едноставно таква раја има на Блогерај, каде не можеш да ставиш јава скрипт, може да те цензурираат, итн… Едноставно нели ( :)) посетите кои можете да ги постигнете, постигнете ги пишувајќи на тема за која имате многу матерјал или учите/студирате.
Направив две блогчиња: http://deigntricks.blogspot.com и http://weldersmk.blogspot.com и двете се на одредена тема и двете имаат google adsense. Следниот чекор е правење на сајтот да биде посетуван, најдобар начине е зачленување во заедниците на http://mybloglog.com, и веднаш резултираше со заработка од адсенсе од 15 долари за 3 дена и добра посетеност.
Мислам дека поквалитетните деца треба да се зафатат со ова, да почнат да пишуваат на англиски покрај своите миленичиња македонски блогчиња… Пример добри би биле:
Архео
Ribaro
Bunka
И сите други кои имаат познавања во одредена тема, ги бива за веб дизајн и се блогери пациенти.
Panta Rei - Овој е главниот гуру мастер =)
Луѓево по светов прават неверојатен профит со блогирање, продавање на веб простор на својот блог, рецензии на производи и слично… На пример Нани од Хонг-Конг е неверојатна, нејзиниот рекорд е 300 долараи за еден ден од CJ акаунтот што го има како блогер, башка од адсенс и другите сервиси кои ги има вклучено. Кај нас се случува само мрчење на безвезни теми (чесни исклучоци), блогерите се замислуваат како новинари, пласираат веќе објавени вести, пишуваат за порно и политика и сето тоа изгубено време е само за нивната потреба да се изразат (што е во ред) без да заработат нешто како што заработува блогерскиот свет надвор од балканот. Google минатата година само од неверојатната програма Adsense имаше профит од околу 100 милијарди (не милиони!) долари а годинава се претпоставува дека ќе има многу повеќе, што значи дека овој бизнис е во подем.
Епа прочитајте, пребарајте совети по интернетот и почнете да заработувате од фотеља. - Ви ги препорачувам текстовите на Panta Rei кои се погоре.
Напишано на сеп 09, 2007 под интернет, web |
Плаќањето преку интернет е работа која е во подем во светот, мислам дека ние сме последната шупка во светот - Не нема на PayPal!
Некои од нас сакаат да имаат интернет сметка од каде можат да купуваат, мислам дека PayPal е најраспространетата работа кога се работи за интернет сметка…
Moneybookers е исто така добра работа за плаќање, но на пример ако некој автор од Македонија работи на некој проект со кој им помага на корисниците во науката или било како, не може да постави опција за донирање…
Дали може заедницава, македонската блогосвера или пак воопшто македонските интернет корисници да издејствуваат за да бидеме земја која поддржана од PayPal?
Кога би ја имало Мк во листата, софтверските развивачи ќе можат да развиваат софвтвер кој ќе биде поддржуван со донации, ќе можат да донираат на други кои им помогнале во работата, и воопшто - Купувањето од фотеља ќе биде поедноставно.
Би ве замолил сите да ја проширите веста и да направиме еден тим кој ќе направи нешто за да ја има Македониија во листата на PayPal. Еве ова го објавувам на кајмакот и воедно ги замолувам блогерите кои ќе го прочитаат овој запис да напишат сличен запис и да се пријават во коментарите како знак на поддршка! Благодарам
Напишано на сеп 06, 2007 под интернет, Технологија |
Неодамна бев позитивно запрепастен од македонските најголеми интернет провајдери, мислев дека ова ќе трае бесконечно, срањето наречено интернет понуда беше на ниво од гомно подоле…
Први започнаа МТ со новите понуди, кои се доста интересни, поготово онаа со дозволен сообраќај 100 GB! брзина од 2048/512 Kbps и цена од 1.651 ден. со ДДВ. Интересна понуда за торент и p2p манијаците… и другите понуди се добри и прифатливи.
Потоа Он нет со нивната симболика понудија сличен пакет со нивната симболика, не знам дали е спремано ова или пак конкуренцијата го направи своето, но во секој случај интернет манијаците ѓи тријат рацете. Они понудија пакет со Брзина од 2 мегабита и сообраќај од 101 GB со цена од 1490 ден. без ДДВ. Покрај ова имаат интересен трик за привлекување на корисници на нивна страна што е ОК, нудат интернет за само 1 денар месечно…
Можеби е ова резултат на работата на Владата во областа на ИТ и интернетот, можеби не, си рекоа овие доста е, дај да им дадеме нешто културно на црнциве.
Во секој случај далеку сме зад културните развиени земји во областа на интернетот, пример во Германија за 25 евра (толку кошта сончоглед за грицкање) добиваат неограничен сообраќај со 8 мега бита. Како и да е ова е подобро отколку што беа порано понудените пакети… Мислам дека интернет корисниците ќе се зголемат за голем процент, а тоа е добро. Им порачувам на провајдерите да пуштат срце барем со сообраќај до 500GB, за да можат да се задоволат апетитите на вистинските манијаци.