2007 август | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архиви за август, 2007

Денеска така чекајќи автобус налетав на двајца курајбери - домакини, и икони пред коперација. Досадно, станав од спиење, се истуширав и излегов на автобуската станица… Таму седеа поранешниот овчар Бранко и механичарот Цобе. Вториов е познат од мои претходни раскази, но сега беше специјална ситуација, па морам ова да ви ги опишам важните моменти од настанот.

(Сликава е од интернет, следниот пат ќе ги фотографирам, мислам дека вреди)

Седеа двајцата и маваа по едно скопско, овчарот беше циција чоек, па се почудив како тој да части пиво, Цобе веќе ја беше фатил со ракија, ама нема везе, типов е главниот, тој пие се што е алкохол, не бира… Се поздравив со мајсторов, ме испоштува, ми кажа од неговите стандардни приказни, ми беше интересно… Овчарот си замина, а јас чекав автобус, па му фрлив уште едно пиво на мајсторот… Интересен тип и секогаш полн со нови улични финти, иако веќе ја има поминато 50сетата година.

Тамам си замина Бранко овчарот, ете го ЦАци иде… леле…

Цаци е поранешен затвореник во КПД Идризово, исклучиво за кражби е осудувн, нема жена - му умре (се обеси). Од чувар во Идризово имаме дознаено дека Цаци  датира таму од 1970 година, и се по година, по 2 месеци и така со прекини можеби има излежано едно 25 години… Како и да е, Цаци е славна личност - Го имаше на Тетовирање, тој е типот што ги ранеше гуските во затворот и ги мачеше мачорите кои му ги јадеа пилињата, мачорите беа ставани под напон… Цаци таму се има проебано,ни има раскажувано…

Цаци неодамна ја откажа ракијата и сеа е само на пиво - му фрлив едно пиво а сепак некако слабо му идеше, а од дрсната страна на лицето беше испогребан…

- Цаци, што е работава, кај се испогреба? - го прашав!

- Абе во саботата се собравме и некаде до 2 саат се држев некако после изглеа кај стадионот на жиците сум се бувнал… и еве сеа од лекар идам…

- Цобе се фати за брадата и одговори - Цаци да му ебам матер, за една гребатина одма на лекар да му ебам матер, јас во такви ситуации ставам прегорено уље, исто како порано што ги мачкавме свињите кога ќе фатеа шуга… и одма поминува… Еве ја онојпат се напраив ѓон, и да не ми угаснеше фичото ќе си отидев дома читав, оставив и продолжив пешки, и онаму кај Златко у продавница сакав да одморам малце и сум паднал во скаливе, еве сеа носов ми е скршен…

- Епа Цобе да му ебам матер, кај кур гледаше, а и многу пиеш…

- Жими куров- Ти најде да ми кажуваш. Ништо брат, идеме кај мене имам прегорена 80ка идеме и ќе видиш утре - Кукурек!

Им фрлив уште по едно пиво, пошто они на двапати го пијат…

-Абе, кажи му за во саботата а? - рече Цаци.

- Еј, бевме у кафич со цаци, и после ни текна дека сме биле заедно, ама нема везе, малце се подмладивме.

- Ако ако, убаво е малце да се издувате - им реков.

Ете автобусот дојде а они начекаа нова жртва за пиво, им дојдоа штим колегите и продолжија. Им се восхитувам на нивната негрижа за ништо, едноставно нивното време е анти-време, оди наназад.

Не знам до каде ќе оди ова сецкање, знам од каде почна и полека за деценија и кусур, сонот на големите сили вил кам тру.

Актуелно е прашањето во врска со статусот на Косово кое сеа е протекторат а веќе јасно е дека до крајот на годината ќе добие независност, но не знам на која територија, до каде ќе се протега суверенитетот на идната држава Косово.

По лошиот план на Ахтисари и смешниот термин „набљудувана или условна независност“ и по заканата на Руското вето во советот за безбедност во ОН, се направи една т.н. „тројка“ која е составена од олеснувачи преставници на САД, ЕУ и Русија кои треба да преговараат за статусот на покраината-протекторатот Косово. Неодамна Тројката излезе со предлог кој можеби му одговара на Белград за ПОДЕЛБА НА КОСОВО, што воедно значи кроење на границите. А и да не се случи поделба, извесна е промената на границите. Како што пишував во еден претходен запис по име Планот на големите браќа, Нивниот план е да се направи пара-стабилен балкан, каде тие би ја рчкале работава и тие би ја смирувале со цел да се влијае над малите закарани балкански држави!

Дали ќе има дестабилизација ако дојде до поделба на Косово, т.е. ако Србија притисне да го земе под владение северниот дел на Косово?

Вистинското прашање е дали Косоварите ќе бараат компензација на евентуално изгубената територија? Ако бара компензација во Србија, на пример во областа Прешево, Медвеѓа и Бујановац, тогаш Македнонија може слободно да го поддржи секое решение на Белград и Приштина, но ако Косоварите бараат компензација во Македонија, конкретно во северо-западниот дел, тогаш треба малце умствено да се мобилизираме, да видиме до каде сме, дали имаме сила да го задржиме ова парче земја во неговите постојни граници (мислам на Македонија).

Еве уште едно сценарио: Што ако Албанците изиграат како што знаеле да изиграат со нивната прогресивна политика на барања, па по евентуалното смирување со Србите и компензирање на Српска територија, и по некое време, нашите градоначалници од албанска националност од западниот дел го изнесат населението на изјаснување за припојување кон Косово? Каде Македонија ќе компензира, и дали има капацитет да го спречи тоа?

Мислам дека треба да престанеме да сонуваме за политиката на целовитост на државите, еве сеа веќе почна, омекнаа и србите откако тројката им шепна за Република Српска… Хммм… ете, од таму почнува ланецот на „компензација“… Ете го преседанот, ете еден ланец, јас јасно гледам дека тоа ќе се случи, сите коцки се на маса… А ние… Ние немаме национална стратегија, ние сме мирољубивите и скромни дечки кои сакаме да си го задржиме западниот дел ама неможеме очигледно.

Ако веќе решат да се случи тој ланец, џабе ќе претаме како уловени крапчиња, ќе ни наметнат решение ако немаме… Дали тука треба да го извадиме на маса фамозниот Букурешки мировен договор од 1913? Прашувам, не констатирам. Очигледно балканот не може да биде мултиетничен покрај поранешните фашисти од исток и од запад. Единственото решение за балканот е КРОЕЊЕТО, секогаш преставувало решение, и сега е решение, секако привремено, ништо не е вечно, па ни решенијата. А ние му се смеевме на бугарофиот Љубчо што го поддржа тој план за размена на територии. Ниту Ефремов не го измисли, најверојатно му беше шепнато, па потоа тие што му шепнаа се пишманија, па вториот пат нема да биде шепкање туку ќе биде договор. Ама каков? Дали ја сакаме Македонија како федерална држава со две федерални единици која после ужасот ќе ја изгубиме едната федерална единица, или ја сакаме Македонија како унитарна, со иста квадратура но не со истите граници, или пак ја сакаме Македонија да падне во заборавот поделена помеѓу соседите. Унитарна, суверена Република Македонија која ќе биде членка на Европската унија во овие постојни граници - СЕ СОМНЕВАМ.

Неодамна бевме сведоци на бурни реакции од поранешни функционери за сосема нормална работа, за сосема едноставна работа што може да му се случи на секој обичен човек, па дури и на поранешен претседател на влада или пак претседател на држава. Македонија се одлучи да нема „аристократи“ или пак посебни луѓе кои не се еднакви пред законот. Во Македонија сите треба да одговараат пред законот исто без разлика на тоа каква функција имал во минатото, или пак каква и да е заслуга да имал за државата и народот.

Речиси на почетокот на овој мандат на собранието на РМ, претседателот предложи сите пратеници да се откажат од имунитетот, како што се откажаа пратениците од Романскиот парламент, како акт, и потег дека сите ја поддржуваат борбата против организираниот криминал и корупцијата. Е сеа не знам дали тоа го направија Македонските НАРОДНИ пратеници… Очигледно не!

На почетокот на месецов (август 2007) беше покрената постапка против поранешниот генерал Стамболиски, поранешниот Премиер Бучковски и против директорот на МЗТ ФОП… Двајцата „второ обвинети“ си добија мерка притвор, но прво обвинетиот Бучковски не отиде во притвор. Зашто - Како, никој не знае, знае тој и истражниот судија. Потоа по принесените гаранции, обвинетите кои беа во притвор им беше дозволено да се бранат од слобода. Ако, и тоа е во ред и е законски, но чинот кои го направија пратениците на најголемата опозициска партија не ми наликуваше дека работата е во ред, ми личеше дека им е погодено гнездото… Стоејќи пред судот, имав впечаток дека вршеа притисок врз независната судска „власт“, прво обвинетиот се јавуваше на брат Љубе, и кизнеј на кого не, а сигурно и на Папата (мислам на македонскиот) - како што кажа почитуваната госпоѓа Мирка Велинова. Зашто толку паника ако тврди дека е невин во однос на обвинението?

Друг факт, Префлени се големи сретства од министерството за одбрана на МЗТ ФОП на денот на загинувањето на Претседателот Трајковски. Се прашувам, дали знаеа дека ќе се случи „несреќа“ на тој ден? или пак знаеја дека треба да реагираат брзо и да се спремат за претседателска кампања, на која шеф на штабот беше прво обвинетиот. Дали БЦ знаеше дека не може да ги исполни ветувањата од предизборната кампања, па потоа се бутна во глуфчешката дупка каде се наоѓа претседателската фотеља? Ова не го констатирам, туку се прашувам, затоа што ова смрди…

На пратеникот ВБ му беше одземен имунитетот, па уште не можам да верувам на реакцијата на Шема, Рахич… Ајде Рахиче е негово дете, ама шема плукаше до вчера по него, а сеа беше најимпулсивен… Јас сеуште мислам дека легитимно му беше одземен имунитетот на ВБ, по што гледавме на ТВ една заложничка драма! Не е ништо тоа што некој мавнал со шише или пак некој некого навредувал со погрдни зборови, НО, затворањето на вратата, и потоа пуштањето е невидено во историјата на македонската политика. Ова треба да се казни, како може некој пратеник да ограничи движење на друг пратеник, насилно, со затворање на врата?

Потоа следеа некои напади на влада, кои рака на срце не се знае дали се политички мотивирани, или се работи за криминалци, како и да е тие треба да се пронајдат и да се соочат со правдата. Најголемиот настан околу сево ова мислам дека е писмото до медиумите од Т.Н. „АНА - Илирида“ во кое се повикуваат пратениците и административците албанци да се повлечат и да почант да работат во собранието на илирида… ЕЈ, луѓе, дај да си го ставиме прстот на чело, секогаш кога сегашната опозиција ги губи изборите се случуваат вакви работи… Имаме закана по унитарноста и територијата на нашата Македонија, а вие молчите… Еве цитат од Мак Факс:

Повторно за Илирида и федерализација на Македонија

Скопје, 15.08.2007 10:46

Прогласување на Република Илирида и федерализација на Македонија денеска промовираше Албанското национално движење Илирида (АНДИ), досега непознато и меѓу албанската популација.

Нарушените права на албанците кои се „граѓани од трет ред“ се причина за федерално преуредување, се наведува во анонимното соопштение на АНДИ, срочено со видлив политички дилетантизам.

Движењето, кое тврди дека е формирано во 2004 година, во соопштението покрај ставовите за федерализацијата наведува и дека има претседател, влада и сенат, во сенка, карта на внатрешни граници, како и устав на Република Илирида.

Движењето ги повикува пратениците албанци да го напуштат Собранието и да прогласат парламент на Република Илирида во Тетово. Сите албанци вработени во државната администрација се повикуваат да ги напуштат работните места и да дојдат во „матичната Република“.

Упатен е повик до сите вработени на подрачјето на Република Илирида, да ги напуштат работните места се додека таа не се конституира. Територијата на Република Илирида „до конечната разврска“ ќе ја контролираат сопствени одбранбени трупи и внатрешна контрола, се вели на крајот од соопштението на АНДИ./ крај/ с/р

Не сакам да помислам на најлошото, очигледно дека Мафијата на папата ќе се брани и со оружје но со друг изговор… Како ќе реагираат сега властите не се знае, но треба да се замислат и разознавачките служби, полицијата, армијата дека ние имаме закана по Македонија!

Господ нека ни е на помош!

Се мисли на дали студентите се движечка сила во општеството? Јас мислам дека не се затоа што никој не ги слуша, ова можеби звучи како плачење, од типот Nobody likes me, но не се криви другите, криви се самите студенти и нивните родители кои повеќете (сите) имаат живеено во минатиот систем и ги воспитуваат децата да не се бунат многу, да си ќутат оти ако некој професор го фати на заб, готов е.

Јас не мислам така, не помислив ниту на протести за се и сешто, затоа што немаме студентско организирано движење, не сме единствени. Единствено што можат во овој мемент да направат студентите е да ги користат медиумите, со пишување на писма, колумни и слично… Еве ние, една мала група на студенти си го кажуваме своето преку Елфаско списанието кое излегува на Електро и на околните факултети, и да ви кажам право тие 1000 примероци ги снемува за 2-3 дена, читано е од студенти и професори, и што е најважно има ефект врз студентите и врз професорите… Сепак ова е „Движечка сила“ но не во општеството… Студентите последниве години ги гледам се позаспани и позаспани, едноставно кога ги слушам постариве колеги кога кажуваат за културни и спортско-пијани настани, се ежам, сега тоа го нема.

Еве сега новата гарнитура пробува да направи нешто како медиум кој би го имал секој студент, весник наречен „десетка“, не знам дали е излезен но од блиски извори слушнав дека е катастрофа! Како и да е, може да се прости, ова е првиот број.

Што треба да направат студентите? Освен тоа што треба да исчистат година, јас мислам дека треба да се активираат во некоја студентска организација, ги има многу, дали за размена на студенти, дали за било што. Јас еве ги повикувам да ни праќаат текстови за Елфаско на elfasko@yahoo.com

Студентите можат да станат движечка сила во општеството само преку НВО, и преку користење на медиумите, така ќе можат (можеме) да бидеме компактни, единствени и силни, каде преку институциите на системот ќе можеме да направиме многу, повеќе отколку што можете да претпоставите. Па ако бидеме компактни можеме како последна мерка да се протестира доколку се прекршени правилата и ако се исцрпени сите мерки…

Неодамна гледав на МТВ дебата на темава како што гласи насловот на овој текст, апсолутно се разочарав… Еј… Ќе заборавев, Алек збореше. Секој кажа нешто ама не кажа ништо на темава… сепрепукуваа машинци и ПМФ-ци… Нормално дека ќе се препукуваат кога во нивните глави се всадени амбициите на факултетите за повеќе студенти, маркетинг кампањите кои се ужасни, со фалење на сопствениот факултет и друго… Небаре на различен универзитет сме… Ние сме некомпактни во смисол на структурата на универзитот, ни се повторуваат исти насоки на различни факултети… имаме 7 инженерски факултети кои можат едноставно да бидат 1 факултет, тоа претходно го пишував, па и имаме и повеќе општествени факултети, имаме 3 факултети во областа на медицината, имаме 3 факултети за уметност… се мисли да се спојат тие за да може едноставно да се функционира, и така сите се потписници на таа факинг Болоњска декларација…

Само така, со стабилна универзитетска структура би имале стаилно студентско движење кое може да биде движечка сила во општеството.

Вчера, традиционално во манастирскиот комплекс св. Ѓоргија близу селото Дељадровци, од десната страна на автопатот Скопје-Куманово се одржа една мала роденденска прослава на општина Илинден.

Општина Илинден се формираше во 1996 година, таа беше една рурална и неразвиена област на крајот од градот, без вода за пиење, без асфалтни патишта, едноставно кажано Илинден (белимбегово) беше едно големо село со околу 5000 жители…

На локалните избори победи ВМРО-ДПМНЕ со кандидатот Чедомир Ристовски, кој немаше високо образование но беше еден од најголемите курнази-менаџери, кој ако нешто посакуваше, едноставно со голема работа и мудро постапување го добиваше…

Човекот имаше визија да ја види општина Илинден како првата европска општина на балканот, со силна инфраструктура, со свое ЈКП, со спортски сали, едноставно сакаше да ја направи Општината подобро место за живеење.

Веднаш по седнувањето на градоначалничката фотења, Тој заедно со советот го формираа ЈКП Илинден, претпријатието кое ја разви општината.

Се донесе квалитетна вода за пиење до секое семејство, главните улици се реконстуираа, се поставија тротоари и велосипедски патеки, се асвалтираа СИТЕ мали и големи улици, исто така се осветлија, секое семејстви доби бесплатен мал контејнер за отпад, основните училишта се реновираа, се градеа паркови фонтани, се привлекоа нови инвестиции… Едноставно Илинден беше првата европска општина на балканот и најразвиена ново-формирана општина.

На вторите локални избори, тогашниот градоначалник речиси ја доби апсолутната подршка од граѓаните…

Продолжи успешната приказна, се формираше слободната економска зона Бунарџик, се чистеа дивите депонии, и се создаде депонија каде во иднина ќе се селектира отпадот, се формираа две индустриски зони каде инвестираше Опел, Никас и многу помали погони и мали претпријатија…

Илинден ќе биде најблискиот град до Скопје, со полициска станица, против-пожарна единица, со средно училиште…

Сите се смееја на зборовите на тогашниот градоначалник, но подоцна сфатија дека тоа сето е можно…

Илинден успешно го направи ЛЕАП (Локален еколошки акционен план)…

На третите избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски кој претходно раководеше со ЈКП Илинден.

Актуелниот градоначалник го зголеми капацитетот на администрацијата, ја зголеми безбедноста на сообраќајот, успешно ја спроведе првата фаза на децентализацијата и Илинден влезе во втората фаза со 97 поени од можните 100. И многу многу проекти се реализирани а во подготовка се уште многуууу…

Оваа година во манастирскиот комплекс, граѓаните гордо присуствуваа на прославата на која се обратија преставникот на советот, градоначалникот и митрополитот господин Кирил. После обраќањето имаше културно уметничка програма на која настапија:

  • Сузана Спасовска
  • Синтезис
  • Кристина Арнаудова
  • Орданка Смилевска
  • Шарен Кавал
  • КУД Китка

Сето беше ок, само едноставно да ја немаше Кристина Арнаудова која беше катастрофа и некако ми се усра програмата ама ај… Синтезис звучеа моќно, народниве пејачки беа ок, Шарен Кавал беа просечни, КУД Китка беа извонредни…

Секоја општина да е како оваа општина мислам дека пред 3 години веќе ќе бевме во европската унија. Едно браво за локалната самоуправа во Илинден, која е пример за успешна општина, која од селска средина веќе е подобра од повеќето помали градови во Македонија.