Напишано на јул 17, 2007 под Раскази |
Вака испадна
[script]
window.location=”odi_na_koncert_na_baklava”
Те напиваат па:
window.location=”odi_nekade_kaj_sto_ke_ti_kazat”
[/script]
Баш така испадна, додека седев во дупката наречена Елфаско, ми заѕвони тефтерот и ме повика на салата, правел некои марулчиња па ме викна…
- Брат, доди кај мене во станче правам салата.
- Идам…
Се спакував и појдов, по пат го сретнав Џули, и го собрав со мене со цел и двајцата да ги убедам да дојдат со мене на концертит на Баклава кои имаа мало концертче во просториите на МТВ. Седнавме во кујната на старото добро масиче кај Стефан (ака Тефтер), салатата беше здробена и накиселена со неговиот домашен јаболков оцет. Буцнавме, ама… Не иде на суво… Џули ми даде пари и рече:
- Бргу трк да земеш узо…
- Ок, идам…
Отидов до Херма, локалниот маркет, но немаше. Одспротива неодамна се отвори продавниче за матракулки како што се тегли со пиперки, зимници, гулаши, а имаше и струмичка мастика. И ете ти… Чомбе таму!
Зема чомбе пиперчиња во тегла, јас земав узо и отидовме кај Стевета. Почна пијанката, јас упорно ги убедував да одиме на концертот… Времето беше отидено… и сеа? Ништо, тераме со забавата…
Стефан нареди киднапирање, а другите ми наредија да се јавам дома и да кажам дека нема да се појавам неколку дена… Го сторив тоа, инаку немаше да преживеам… Морав!
- Ало, што праите? Арни…?
- Уффф, ти синко си ги врзал воловите уште сеа… - Ме позна мајками дека сум во блажена состојба.
- Слушај, јас не знам кога ќе се врамтам дома, најверојатно за 2-3 дена.
- Ма прави што ќе правиш, и онака сеа не можам да се разберам со тебе. - Ме познава добро, тоа е.
Стефан кажа дека на Раде му е роденден и дека ќе бидат во парк… ок, чомбе си замина, на човекот му се приспива често, премногу работи и тоа е, уморот си го прави своето. Ете ти го Котенце, дојде и не појача. Појдовме накај нашиот гратски парк, мил и убав… По патот паднаа ептен тешки муабети, ама тоа е дел од дружењето, лупање на тешки зелени психологии… Ете ти се слуша гитара… се маваше блуз, батето со косичката кој не го познавам свиреше извонредно, па тука ете ти пиење, шприцер… Многу ми се намалува карактерната особина да одбивам кога се работи за шприцер и тоа ладен… Се остаивме, а и Панкерот ни се придружи… Џули му застуде и си замина… Секирации, требаше да идеме за Велес кај Стеве на гости… јебига, идеме да преспиеме некаде па заминуваме.
Отидовме кај Стефан во станот, јас бев во форма: Ицко - (минус) - Ицко = нула.
Сваривме супа, каснавме и легнавме… сабајлето околу 11 го слушнав панкерот, ме праша за кафе, а јас не одбив нормално. Како благодарност му пуштив порнич за да се освести малце, така додека траеше колуминацијата дали децава на крајот од филмот ќе се венчаат, ние на тенане го пиевме кавето… Џули се јави и кажа дека е на пат да дојде за да се упатиме кон железничката… Дојде чоекот иако каснеше, и отидовме кај Панкерот за да се спакува, таму не пречека неговиот лингур по име Куре… Куре е весело кутре кое му ја чува куќата на Панкерот…
Се качивме во возот, жештини, па мораше да се освежиме со по 2 лименки Скопско од големите, по пат многу добро дојдоа. Стигнавме во Велес каде се рзделивме со Панкерот. Одитовме кај Стеве, се распакувавме, мавнавме по едно турско каве… целта беше да одиме кај Аце во кафаната (наше другарче од Елфаско)…
Патот под нозе, отидовме кај Аце во биртијата, надвор седеше едно чиче брадосано со капата на страна, го забележав… Седнавме на терасичката, под неа течеа гомната од вардар, ама нема везе, тече вода нели… уфффф, како ќе мавнеме по една струмичка мастика и шопска, охоохооо… Се напивме мастиче, а јас забележав дека над вратата е обесен портрет од чичето кое седеше пред кафаната… Си помислив овој е некој светец во храмов, ама ете, нема везе…
Аце дојде намачкан, се напил уште од сабајле… Го прашав за сликава, и ми кажа дека тој е најредовниот тука, вистински боем.
Стеве: Аце, брату, ти уште сеа си се оставил а?
Аце: Не бе стеве… уф… Едно пиво само… топло беше… - Кутриот му се беше врзал јазикот.
Седна со нас и порача по едно сиренце на скара - за мезе де! Порачавме скаричка и… И пиво и пиво… Удривме по две три.
Стефан викна такси, требаше да одиме на езеро… таму извиднициве имаа поставено шатор за 1 мај, иако сеуште беше април. Додека Стефан купуваше пива од маркетот, Џули така седејќи во таксито забележа едно момиче со дупчиња на грбот, т.е. на кичмата кои служат за ставање на палците (машките знаат за што се работи), и тука чичкото таксист ја кажа најважната реченица:
- Сеа само да имаш здрав кур, леле кога ќе се разголат…
Се скапав од смеење. И така пристигнавме кај шаторот на извидниците. Лугево не пречекаа со пиво отворено, абе домаќини нема заебанција… И така трае, трае забавата, се пие, гори огнот… Дрвјата беа сите замочани. Дојде еден фраер, фарбан како Боки 13, со 3 цури кои беа облечени во миничи, светкави штикли, бели женски маички… Гледам и не ми се верува, дојдени се во природа… Дечкото што личеше на Боки, пушти турбо фолк од неговата кола… Агагагххххххх, не се издржува… Свиреше една песна ама како оро беше, турбо фолк срање, и ете го Мачка со прашање:
- Дечки, знаете како се вика орово?
- Не…
- Зејтин Оро
Паднав од столицата… уффффффф, леле стомак ме заболе од смеење… Панкерот појача со изјавата за Коњот на Ролшуљи и банана седиште, умрев… хахахаха….
Веќе беше фатено 4 саат сабајле, се вративме во Велес во една пекара… дадичката не пречека… Прашавме што има тазе, и изненадно теткицата ни кажа дека има вотка еј… Вотка во пекара? и после прочитав дека всушност тоа било лотка!
Завесата полека се затвораше, сабајето одморивме, баба му на Стеве не угости со прекрасен зелник, дедому со прекрасно домашно вино…
Крај на третиот чин.
Напишано на јул 14, 2007 под истражување |
Медитацијата се објаснува како фаза на обид на концентрација на некој објект од реалноста или на некое сознание. Обично се обрнува внимание на духовното во својот ум. Медитацијата е препознатлива како компонента од „Источните религии“ каде таа била тренирана и практикувана повеќе од 5000 години. Подоцна е исто така прифатена и во западните култури. Исто така се опфаќаат најразлични духовни практики со што се нагласува менталната активност. Медитацијата може да биде употребувана за личен умствен развој, или фокусирање на мозокот кон „бога“ (или кон нешто возвишено, зависно од личноста што смета за возвишено, може да биде сонцето…).
Зборот Медитација потекнува од латинскиот збор meditatio, кој оригинално индицира на секој тип на физичка или ментална вежба. Зборот медитација во западната Христијанска традиција реферира генерално на повеќе активни вежби, или како рефлексија на некоја практична тема како што е „ медитација на страдањата на Христос“..
Медитацијата во модерна смисла упатува на Јога медитација која произлеува од Индија.
Медитацијата најчесто е дефинирана како еден од следниве термини:
- Фаза на релаксирана концентрација нна реалноста во даден момент
- Фаза која се знае кога умот се „разложува“ и е слободен за сите мисли
- „Концентрација со која се обидува да се ослободи од вознемиреност и со која се фокусираме кон „бога“
- Фокусирање на умот на одреден објект (како на пример на религиозна статуа)
- Ментално „отварање“ кон нешто боженствено и повикување на некоја виша сила
- Суштинска аналлиза на религиозните учители (како непостојаноста, за Будистите).
Од филозофска гледна точка, медитацијата може да наведува на некоја изменета фаза на свесност.
Продолжува медитација низ религиите, првата религија е будизмот, а во некој друг пост ќе има низ повеќето религии… На „читај повеќе“ се опишува медитацијата во Будизмот
Прочитај повеќе… »
Напишано на јул 12, 2007 под Раскази |
На први јули започна летниот академски курс кој го организира БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија) па така да тоа значи дека дојдоа студенти од странство кои сакаа да се забавуваат и помалку од нив да научат нешто, ова е вовед на тоа што сакам да ви го пренесам, а тоа е Македонската вечер каде се јадеше македонска храна, вино се пиеше итн.
Му заѕвонив на Тефтерот.
- Кај си друже?
- еве сеа стасав во скопје, да се истуширам и ќе дојдам во Елфаско.
- Аха, ок, те чекам.
Додека го чекав дојде Ненад, кој е од Ниш и е дојден како коорганизатор, сакаше да се дружи со нас, ок се тоа убаво и го чекавме Стевета.
Ете го дојде се поздравивме домаќински, пивнавме по едно пиво, дојде и Бубу…
Ајде, одиме - Им реков, и појдовме накај станот на Стеве, таму треба да ги готвиме пилешките динстани џигерчиња, како национално јадење… Попат ми се јави Чомбе, му реков да земе трилитарска туба бело вино. Почнавме со готвењето, и направивме една салатка од краставичиња, покрај неа мавнавме по две-три ракии… Убавини, ама лизгаше домашната на Стеве, дојде Чомбе а првата тура џигерчиња беше планирана за нас веќе беше готова, тие беа подлогата за да се префрлиме на Шприцер. Искусниот Чомбе не знае да згреши, покрај тубата земал лимончиња и швепс, па мораше да се направи едно бунарче… Започна невидено уништување на ефтин алкохол додека се динсташе втората тура џигерчиња, така чаша по чаша, па и почнавме да ги обновуваме тубите и така се до времето пред да почне забавата за странците. Отидовме таму, доцневме 5 минути. Почна неверојатна забава, играње пеење, локање, бесвест… Дамит, си го изгубив клучот од Елфаско, а и чашата ми ја нема, пцујам… у курац, да не беше Стеве секирации тешки ќе паднеа, ме потсети дека сум го дал на Горан за да земе нешто од таму… помина… ок се е во ред, ама пијаното не тераше да пееме, јас и Стеве го грабнавме микрофонот и ја испејавме „Праша ли Тинке мајкати, џанам“, се растури се. Луди го снема со едно девојче, јебига… Јас, Стеве, Маја и Злате од Бест се упативме во маракана… Стигнавме… Маја и Злате ги снема, останавме јас и стеве тикви направени во маракана, па морав да си направам да ми биде интересно, па почнав со едно истражување, го опипував пулсот на скопските цури. Ме степа филм дека јас сум дечко од Полска кој е дојден на размена во Македонија… Се запознав со некоја Кате… и зборев на англиски, целата беше поласкана дека запознала странец, човек од европската унија. Сакаше да се мува со мене, ама и кажав дека сум среќно оженет, и дека женами ме чека во полска, дека не сакам да ја изневерам… се тргнав и се вратив кај Даре и Стеве кои ја следеја будно ситуацијата… Следеше следна девојка.
- Hi, I’m Jarek From Poland…
- Hi I’m (името не се сеќавам)…
На сите им го кажував ова со мојот лош говор на англиски… Им кажував дека сум осамен тука и дека сакам да направам нови пријателства со македонските девојчиња. Пали ептен, сите сакаа да бидат со мене, такви се нашите скопски девојчиња, и на крај им го кршев филмот, им кажував дека сум среќно оженет во полска. Следната беше креаторот на колуминацијата, едната ме препозна, знаеше дека сум Елфасковец, и шепнав да молчи… и така до бескрај.
Ги испивме криглите со Стевета и се упативме кон неговиот стан. Се јави он на Раде и му збореше на немачко-македонски јазик, човекот си беше легнал, и така низ паркот одејќи не ме пушташе филмот, отидов да земам пуцки и му се обратив на момчето на англиски и очекував да ми каже ЦЕНА за странци, но детето беше поштено, ги платив, грицнавме и ги фрливме… Одејќи така наидовме на двајца момци кои работеа во трафика, ги прашав на англиски за Партизанска, не ме разбраа и им реков: „Партизан… Стрит…“
- Кој кур не учевме англиски, сеа не можеме да им помогнеме на луѓево - рече едниот и на македонски ми викаше: Лево… Left…
- Аааа… Ok, Thanks, and Cya!
Ми одговори - Cya tomorrow. Батево слушнал на филмови… јебига… На Стеве му текна да јаде од бурекџилницата кај симпо, а мене не ме пушташе филмот, влеговме во во бурекџилницата:
-English? - Прашав како изгубен странец…
Тетката што продаваше се плесна за главата и рече: Ииии, Сеа англиски…
Се туфка, и од таму настапи Стеве, ми прозборе англиски, и он почна на македонски, немаше пица бурек, се беше у курац и си отидовме дома кај Стеве, со впечатоци од филмов.
Напишано на јул 07, 2007 под Сваштарија |
Летово е пеколно иако во последно време малку залади, ама се очекува пак да биде пекол… Докторите рекоа да се пијат што повеќе течности, и тоа ние мора да го почитуваме ако сакаме да преживееме добро низ овие горештини.
Така да јас и Тефтерот направивме една стратегија и нацрт план за разладување кој се состои од пиење на големо количество шприцер. Ама не оној класичниот туку посебно направен за да разладува и освежува.
Земете ладна и ефтина смедеревка, ако е од литро сипете ја половината во литарски бокал, потоа исецкајте лимонови парчиња со големина околу 1 цм. кубен (е сеа не мора толку да се пациентите…), откако ќе ги исецкате лимоновите парчиња, ставете ги во бокалот. Количината на лимонот е по желба. Откако ќе ги ставите исецканите лимончиња во бокалот, поклопете го со некаков поклопец и протресете го триесетина секунди. Земете минерална газирана вода, Ви препорачувам кожувчанка пошто е најдобра за шприцер, можете да правите и со пелистерка ама подобра за шприцер е кожувчанка, и ќе го дополните бокалот. Значи смешата треба да биде 50-50% плус лимонче.
Сеа треба да наточите или да ја викнете Менче Атанасова за да ви наТОЧИ, најдобро е да го пиете во големи количини во тенка чаша со мезе динстнани пилешки џигерчиња, со скуша, или пак некоја квалитетна печурка како Вргањ (Boletus edulis) или Рујница (Lactarius deliciosus).
Динстаните џигерчиња или печурките треба прво да ги зготвите, џигерчињата треба да се измијат, да се стават во потпржен кромит (сецкан) па потоа да се налее вода во нив и вело вино (за готвење) и треба да се динстаат додека не испари течноста па потоа пак да се остават до 3 минути да се попржат.
За печурките постојат посложени рецепти ама ќе се обидам да ви опишам како се прави мезе од печурки:
Состојки: 8 компири со средна големина, 150 грама чадена сланина, 300 грама печурки, сол, мелен црн бибер, маснотија за премачкување на чиниите.
Компирите измијте ги (но не лупете ги) избришете ги и варете ги во посолена вода додека не бидат полумеки. Извадете ги и оставете ги малку да оладат. Не треба да ги лупите, туку од секој компир- по должината пресечете по еден „шешир“. Средината од секој компир издлабете ја (треба да остане најмногу 4 милиметри ѕид).
Во меѓувреме, сланината исечете ја на коцки и малку пропржете ја. Додадете ги измиените и на коцки исечени печурки, сол, бибер и на крај измешајте го и издлабеното „месо“ од компирите.
Со таа смеса наполнете ги издлабените компири, покријте ги со “шеширите” и ставете ги врз огноотпорна чинија премачкана со маснотија. Печете во загреана рерна на 225 степени околу 20-25 минути.
НАПОМЕНА: По вкус, во филот може да се стави и 2 децилитри кисела павлака. Јадењето ќе биде посочно, но и многу покалорично. Најдобро е да користите Рујница или Вргањ затоа што остануваат цврсти и вкусни
Е сеа кога имате мезе можете да направите една софра со пријателите и да седнете во некоја длабока сенка, и не заборавајте дека треба да пиете голема количина од шприцерот.
Напишано на јул 02, 2007 под wordpress, web, Технологија |
Или пак насловот требаше да биде, Емулатор за Apache, PhP, MySQL…
На многу луге им е тешко да инсталираат Веб сервер на својот компјутер, па нели ние мрзите мораме да го наоѓаме полесниот начин, со неколку клика… Ако правите некоја динамичка страна, и ако инсталирате некоја скрипта која треба да се инсталира на Апаче, тогаш треба да го направите на некој сервер. Но полесниот начин за развивачите на ваквиот слободен софтвер е да се инсталира некоја апликација како што е XAMPP.
- Зашто баш оваа апликација?
Едноставно затоа што работи на речиси сите конвенционални оперативни системи.
- GNU Linux
- Windows
- MAC OS X
- Solaris

Како што се гледа на сликата, можете да пуштите да работат:
- Apache
- MySQL
- FileZilla
- Mercury
Пример:
Го инсталирате на Видноус во програмската папка, и сакате да инсталирате вордпрес, треба во папката на XAMPP да ја најдете папката htdocs, или пак целата патека: C:\Program Files\xampp\htdocs
Таму ќе ја ископирате папката со најновата верзија на вордпрес, потоа во вашиот омилен веб прелистувач (се надевам дека е Firefox), ќе напишете „localhost“ и ќе ви се појави прозорец со администрацијата на xampp (види слика)

Ако кликнете на сликата ќе го видите подобро скрин шотот
Во менито ќе кликнете на PhPMyAdmin каде треба да направите база за скриптата што сакате да ја инсталирате, во овој случај вордпрес. Ќе ја направите базата а корисничкото име ќе биде root без пасворд.
за да го инсталирате вордпресот треба во омилениот веб прелистувач да напишете http://localhost/wordpress каде ќе ви се појави опцијата за конфигурирање на вордпрес преку веб интерфејс, таму ќе треба да ги напишете податоците за базата и за хостот, во случајот името на базата (може да се вика било како ама сега ќе се вика Wordpress), корисничкото име на базата (root - секогаш се вика така… во реалните примери не мора да значи, зависи од хостингот), нема лозинка, и ќе кликнете Следно (Next).
Потоа ќе ги потполните податоците, инсталерот ќе ви даде лозинка и корисничко име и можете да палите… Забелешка: Лозинката зачувајте ја, по првото логирање треба да ја смените…
И ете, имате веб сервер и на него инсталирана Вордпрес скрипта, инсталацијата е во C:\Prgram Files\xampp\htdocs\wordpress тука во оваа папка е инсталацијата каде може да си тестирате плагини, теми екстензии итн итн. Пристап до страницата е http://localhost/wordpress.
За да прочитате повеќе околу ова големо помагало за веб дизајнери и деца кои си играат, одете на http://www.apachefriends.org/en/xampp.html
Таму можете да го преземете софтверот кој е бесплатен и слободен (GNU/GPL).
Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе има корист од овој запис.
Напишано на јул 01, 2007 под Вести, Размислувања |
Квотата за насоката на Електро (Кој само себе се вика ФЕИТ) на наскоката ИКИ (Информатика и компјутерско инженерство) е зголемена од 96 на 160 студенти кои ќе студираат во државна квота (200 евра)
Денеска на седницата на владата е одлучено да се зголеми квотата - Се појави Ивица Боцевски и им кажа на новинарите.
Дали оваа одлука е исправна и колку е наивна?
Чудно ми е како владата чекаше да види колку ќе биде интересот па потоа да се зголеми квотата. Колку да се знае, на таа насока се пријавија 160 кандидати со максимум поени од средно…
Епа вака, ми се допаѓа работата на владата, само сега чувствувам дека малку претеруваат, иако јас мислам дека ни требаат многу вакви ИТ специјалисти/инженери, се плашам за тоа колку од нив ќе испаднат вистински квалитетни инженери знаејќи колку е квалитетен кадарот на ФЕИТ (Квалитетен е но со многу комплекси) и колку е применет ЕКТС таму. Едноставно ништо не е мрднато од 1990 па мпжеби и од порано. Тие направија реформи со што хаосот се зголеми, генерацијата 2002, 2003 беа жртвите на неквалитетното имплементирање на ЕКТС на ФЕИТ, јас бев од генерацијата 2003 и морав да преминам по „новиот“ начин на студирање со што се случија неверојати и апсурдни работи од управата…
Така да сакам да им порачам на лугето кои одлучуваат за судбината на овие млади луге, да направат прво услови за обука на ИТ кадри па потоа да зголемуваат квота и да го стимулираат развојот на ИТ во Македонија.
Сакам да и честитам на владата за новото интернет кафе кое на компјутерите имаат инсталирано Убунту, таму можат младите и пензионерите да користат бесплатен интернет на слободен оперативен систем. - UbuntuRulez