Стариот беше супер, но имав поплаки дека е спор, е да, гломазен беше, мислам дека овој изглед е два пати побрз од стариот… Ќе се навикнете на новиов, без гајле ![]()
Архиви за јуни, 2007
Денови на почеток на академски живот
Напишано на јун 29, 2007 под Размислувања, Сваштарија | 7 КоментариСе сеќавам кога јас го почувствував академскиот живот, кога се спремав за приемен испит со мислата дека тој ден одлучува за мојата иднина, кога се беше неважно… Еве сега ги гледам кутрите душички кои имаат максимум бодови од средно и конкурираат на атрактивната насока ИКИ на Електро…
Овој запис е инспириран од написот на Тепај време кој се вика:
Стрес - тест за идните информатичари
И така полни со елан, со тепачки или културни деградирања на личностите кои конкурираат за тоа „информатичарско“ место, децата ги гледаа резултатите додека јас и Маја од БЕСТ пиевме од убавите кригли Скопско во бифето кое се наоѓа во зградата на ФЕИТ и МФС… Имаше голема гужва, турканици, сите сакат да станат хакери, но едноставно капацитетот на таа институција е премногу мал за да запише толку многу информатичари… Беа и новинарите да ја овоковечат таа слика, тие турканици наогласната табла.
И ете го приемниот испит, децата кои беа одлични од средно ги затресоа гаќите, демек тоа било стрс за нив, а не е стрес целото студирање на таа закоравена институција… Денеска кога одев во канцеларијата на Елфаско , децата чекаа пред барака 5 за да го полагаат приемниот испит по математика, сите имаа максимум поени од средно ама се плашеа, што е и логично.
Сега ќе запишат 16 студенти на таа насока повеќе од лани, но осеќам дека пак дел од студентите ќе одат на предавања на Технолошки поради недостатокот на простории, оваа година тетките од студентски ќе бидат по-намќори итн.
Како беше кај нас? Ние имавме 2 приемни испити, кои положија и имаа доволно поени се запишаа, другите си го бараа чарето, сега малку ми изгледа нечесно и дискриминирачки некој да полага приемен а некој да не полага.
Хаосот во високото образование го достигнува врвот. Мислам дека само со една Фузија на факултетите за која пишував во „Високото образование во мк“ е едно решение за да почнат да се одвиваат работите како што требаат… Имаме едно класично разединување на два факултети од ист универзитет кои имаат исти насоки - Електро со ИКИ (информатика и компјутерско инженерство) и ПМФ со насоката информатика… Е сега кој ќе запише повеќе и кој ќе лапне повеќе пари е прашањето.
Една порака до новите информатичари:
Дечки и девојки, доколку сакате да бидете компјутерски инженери, одете во Александрија, таму ќе ве научат како што треба, или ако сакате да студирате по Европски начин најдобро е да отидете на Европски универзитет или на некој од акредитираните приватни високо образовни институции… За на Електро и на ПМФ ќе се шинете од давање пари, поготово ако се запишете со кофинансирање ќе ве фати повеќе отколку на некој приватен универзитет…
Благодарение на Чомбе (некои го познаваат како Јован Костовски), Вордпрес доби македонски изглед на администрацијата… Тој го одржува преводот одамна, па еве го и за вордпрес 2.2
Еве го линкот до преводот кликнете тука и симнете ја датотеката
Во архивата имате и упатство за инсталација на преводот, мислам дека детево заврши голема работа. Епа уживајте и во локализираниот Wordpress 2.2.
Пред 4 дена излезе и Wordpress 2.2.1 и ако веќе имате инсталирано 2.2 не мењајте ништо, добар е и овој така да не се замарајте поправени се некои неважни багови кои не се приметуваат.
Ајде сите трипати ура за Чомбе!
Еве се случи превод и на уште 4 вордпрес теми, кои морам да потенцирам дека се коматибилни со Wordpress 2.2
- Тема 1 - blue-wonder
Лесна и доста интересна тема со лев и десен sitebar… за да го видите демото клик тука
да потенцирам дека сајтот на кој го гледате демото може понекогаш да не работи, си имаат прблем со DNS-ите, ама проработува. Ја направив Македонска па бујрум преземете ја тука отпакувајте ја и качете ја во themes директориумот на вашиот вордпрес.
- Тема 2 - fh-freedom-reloaded
Малку необична тема кога се работи за sitebar-от, всушност има опција за ставање на горе, лево-десно и доле коцки кои можете да ги ставите во опцијата за Widgets. Едноставна и лесна тема, немам демо затоа што не е преземена од http://themes.wordpress.net
И оваа е прилагодена на Македонски.
Најдобро преземете ја и тестирајте ја на Вашиот Вордпрес блог.
- Тема 3 - Mambopress
Можеби ја познавате CMS скриптата Мамбо, ако не сигурно сте слушнале за Joomla, Епа оваа тема е направена така да вашиот вордпрес блог да изгледа како да е mambo/joomla.
На оваа имам демо на англиски, значи оригиналната можете да ја тестирате тука а да ја преземете македонската верзија кликнете тука
- Тема 4 - minimal
Самото име кажува, минималистичка тема со инзвонредни можности. немам демо за оваа ама можам да ви ја понудам македонската верзија кликнете тука за преземање нема да се каете
Сега за сега толку, понатака да сме живи и здрави ќе видиме.
Малце инспириран од статијата на http://mof.org.mk кои имаат дадено амандмани до пратениците за законот за високо образование. Која е нивната желба е многу проѕирна работа, и самите во предлог амандманите ( еве го предлогот ) во амандманот 1 бараат да се „модифицира“ предлогот за студентска конференција и парламент во кој би се наметнале тие:
- “ 34. Студентска конференција е здружување на претставниците
на студетските парламенти на универзитетите заради
остварување на заедничките интереси на студентите како
партнери во процесот на восокото образование.”
- “35. Студентски парламент е орган на Универзитетот кој се грижи
за заштита и застапување на правата и интересите на
студентите.”
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Со овој амандман се врши дополнување на поимникот во овој Закон со
дефинирање на поимите Студентска конференција и Студентски
парламент.
Студентската конференција треба да ја сочинуваат преставници од Сојузите на сите факултети и да нема непосредни избори како што бараат тие.
Да потсетиме дека главен организатор за бојкот на студентските избори беше истата оваа организација која со пенкалца и тефтерчиња ги тераа студентите да се потпишуваат. А сега сакаат да се наметнат во еден студентски парламент кој ќе биде едно остварување на нивниот сон за да „владеат“ во студентскиот свет, а нивните трошоци ќе ги плаќаме ние.
И јас сум за реформи во високото образование, но прво треба реформите да се направат во структурата на универзитетот па потоа во студентското здружување кое сега е во хаос и не функционира.
Неодамна јас пишував за реформи во високото образование т.е. за реформите во нашиот универзитет и за имплементација на ЕКТС, постот можете да го прочитате тука. Значи сега сме на дното, треба прво да се направи некоја покрупна реформа не на ниво на собрание, закони и амандмани, туку на ниво на Универзитет, ректорати, деканати.
Што е целта на овие мали профитери?
Целта им е да се вметнат тие самите во некоја институција која би требало законски да се формира, и секоја година да има избори за студентски парламент, кои трошоци ќе ги плаќаме ние, да ги прошетаат газињата во европа на „семинари“ итн.
А еве и пак потенцирам дека тие се „опозиција“ на ССУКМ и на другите сојузи.
Е сега да не помислите дека сум на страната на ССУКМ - Напротив, планирам да се кандидирам на следните студентски избори со програма која ќе се состои од една точка: 1. Укинување на ССУКМ во најбрзо време.
Мислам дека ќе ги добијам изборите :), подобро да сме офчички без овчари отколку да сме со офчари кои ги ебат своите овци, наместо да ги заштитуваат. Сега овие вториве (ССУКМ) се толку вредни што прават студентско списание со околу 70 страници во боја, кое ќе биде „бесплатно“ и си ја трошат енергијата на некои незначајни проекти (не викам дека студентското списание е незначаен проект). и еве додека се сместија во фотељите, додека се консултираа со своите партиски шефови се посраа и сеуште не можат да го издадат тоа списание.
И за крај:
Кој им даде дозвола за да даваат предлог амандмани за законот за високо образование, МОФ нема лигитимитет за такви потфати иако има право секој граѓанин да учествува во креирањето на законите. Зошто упорно се обидуваат да се наметнат?
Сакам воедно да го поздравам kuzevski (дечко од кајмакот) кој му е преку кур од таквите како мене, кои понекогаш критикуваат, а не му е преку кур од таквите профитери од МОФ .
Не ми е јасно, како можат да преземаат такви сериозни чекори кои ги тангираат студентите а за тоа да не ги прашаат нив? Или пак тие не се важни, важно е да молчат и да си плаќаатпри упис на семестар а овие да си ги шетаат газињата.
Следува скоро дополнување на оваа тема во некој иден пост.
Еве сеа е актуелна оваа тема па сакам со вас да разгледаме неколку страници кои се интернет издавачки куќи на музика кои ја даваат музиката по CC. Благодарение на Панде Открив неколку издавачки куќи кои ја делат музиката по Creative commons. Тие сметаат дека треба изданијата на уметниците кои сакаат да си ја промовираат својата музика, треба да ја дадат бесплатно. Најдоброто е тоа што се работи за квалитетна музика, Електроника, Progresive и сл.

Кликнете на повеќе за ги видите линковите кон издавачките куќи













