На Македонски е малку тешко да се преведе Widget, па јас си го напреков елемент… Корисниците на Вордпрес во оделот Презентација можат да додаваат елементи од страничната лента, покрај стандардните може да се додадат и текст и RSS елементи, а во поновите верзии како во 2.3.1 и 2.3.2 можат да се додадат и елементи за „Категорија“.
На сликата обележаното е целта на овој текст, стандардно при стандардна инсталација на Вордпрес, максималниот број на текст Елементи е 9, и не секогаш се доволни… Благодарение на http://arheo.com.mk , која имаше потреба за повеќе текст елементи, се подбуцнав да најдам додаток (plugin), откако не најдов се помачив малку со функциите во widgets.php. Оваа датотека во новата 2.3.2 се наоѓа во /wp-includes
Ајде сеа да преминеме на упатството како да го зголемите бројот на текст елементи.
1. Преку FTP или било како преземете ја датотеката widgets.php ( /wp-includes/widgets.php) и направете сигурносна копија или по позната како Back Up
2. Барајте го стрингот widget_text_setup() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9; и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на двете места каде што има
function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 9 ) $number = 9;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}
Измената би била: function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 30 ) $number = 30;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}
3. Барајте го стрингот widget_text_register() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9;
for ($i = 1; $i <= 9; $i++) и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на сите места каде што има 9 (сите во оваа класа)
4. Барајте го стрингот widget_text_page() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: <?php for ( $i = 1; $i < 10; ++$i ) echo …
Во овој стринг, на местото на 10 ставете го саканиот број на текст елементи плус еден (пример: сакам 30 елементи и тука ставам 31, значи n+1)
5. Зачувајте го документот под истото име widgets.php, и качете го во папката каде што се наоѓа /wp-includes/widgets.php, прелепете го врз стариот widgets.php
Во администрацијата во одделот презентација/елементи на местото на „Колку текстуални елементи ви се потребни“ во паѓачкото мени ќе имате онолку колку што сте ставиле, според примеров горе јас ставив 30.
Се надевам дека ова упатство придонесува во развојот на блогерството на сопствената и најдобра блог платформа Вордпрес.
Забелешка:
За некои верзии на Вордпрес користете го ова упатство
Навистина не знаев како да го именувам овој запис, мислам дека овој е најсоодветен за сервисот кој малце ќе ви го прикажам…
http://netvibes.com не е само feed bookmark site туку е и многу повеќе, сервис кој е бесплатен и ви го олеснува сурфањето. Овие од страна копчиња што се под менито „Следи ме!“ ги пробав, но највеќе ми се бендиса баш netvibes… Зошто? Затоа што е страница која корисникот темелно си ја креира со елементи, организирана е со јазичиња, има огромен број на елементи како што се проверување на електронска пошта преку POP3, проверка на пошта од познатите сервиси за бесплатна електронска пошта (gmail, hotmail, yahoo…), meebo елемент кој можете да го поставите на посебно јазиче и уште не знам што… Читачот на RSS i ATOM е неверојатно одличен, со целосна контрола…
Во последно време се појавија и созреаа повеќе квалитетни блогери кои сакам да ги следам, за да го намалам времето на читање и времето на отварање на повеќе јазичиња во мојот омилен пребарувач Firefox, почнав да го користам овој сервис, изгледа добро, можете да и ставите скинови, да додавате јазичиња… Буквално се работи за алатка која го олеснува сурферскиот живот на интернет… Пробајте го.
Се повеќе блогери сакаат да застанат на сопствени нозе и да инсталираат сопствена блог платформа со која ќе имаат потполна слобода и одговорност при блогирањето. Овој запис ми е да ги исфорсирам сите сервиси од Македонија кои нудат хостинг на веб и регистрација на домени.
Еве да почнам…
1. Јас и елфаско сме хостирани на http://ddcom.com.mk , ова е испитано и стабилно 99,99999% така да слободно појдете на страницата и разгледајте ја понудата не е скапа и многу ефикасно хостирање ви се нуди.
Не сум имал време да направам муабет околу ова со пријателов Горан Андреев ама вака познавајќи го мислам дека нуди прекрасна понуда, па бујрум разгледајте ги понудите на Горан.
Затоа го напишав овој запис, ве молам сите во коментарите да поставите линк (врска) до сервис кој нуди вакава можност, гледајте да биде македонски… Епа бујрум пишете во коментари, јас на два дена ќе го модифицирам записов со новите врски. Гледајте да има и опис.
Вчера, Рибаро случајно ме праша за Јумлата нешто, имаат ново порталче со Струмјан па сакаат да го прилагодат како што им одговара нели, тоа го сакаат сите сопственици на портали и веб страни… па така видов по компјутерчето во елфаско дека има еден куп про joomla теми и им дадов да си поиграат со сајтот http://top.net.mk на кој му предвидувам многу посети и многу интересни вести, знаејќи кои се админите
Што ми беше муабетот… а да, за леснотијата денеска да се направи професионален веб сајт кога се користи joomla framework. Едноставно ви треба Линукс веб хостинг, со MySQL, (секако добро е да има Php MyAdmin, да врти php скрипти) инсталирањето на Џумла е едноставно и ме мрзи да објаснувам тука пошто постот не е туториал туку едно видување на тоа колку е погодна џумлата за било каков сајт… Ако сакате туториал како да инсталирате, симнете Џумла и во самата архива има упатство…
Кога ни го поебаа хостингот во Шветска, Елфаско остана некое време офлајн, па после колегава НН, инсталираше Мамбо откако убаво се изначира по форумите, и на крај поради повеќе ресурси за џумла се префрливме и инсталиравме… Сега сме задоволни.
Ако сте Веб дизајнер, и правите сајтови за фирми, персонални сајтови, портали и сл. тогаш ви треба Џумла 100% затоа што е бесплатен и „СО ОТВОРЕН КОД“ , затоа што има милијарда модули и други ресурси. Треба да познавате малку php, повеќе CSS & HTML/XML/XHTML… Кога ќе го прилагодите вашиот сајт, после немате проблем, додавате корисници, им давате соодветни привилегии и терате во зависност од каков вид на страница се работи…
Морав нешто да пишам еј, више оваа траума со вестите за смртта на Тоше ме уби, не можам више, жал ми е, ама дај те луѓе да продолжиме да живееме…
Верувам дека повеќето луѓе се запознаени со терминов, а оние кои не се, ќе се обидам да им опишам колку што можам поедноставно.
На пример постои голема фирма која се занимава со произвотство на столици, таа фирма нема произвотствени погони и така ангажира помали фирми кои ќе ги произведуваат полу-производите a потоа големата фирма ги склопува и ги продава затоа што таа е голема фирма и го има пазарот.
Тоа е најпростата дефиниција која можев да ја ископам.
Е сеа, каде се Македонските фри лансери? Мислам дека нашите деца, компјутерџии, дизајнери и креативци можат да заработуваат добри пари со овој бизнис, иако кај нас овој метод на работење е многу малку застапен.
Еве неодамна открив еден сајт (и се мавам по глава како не го пронајдов сајтот пoрано), кој е измислен за да слободните играчи - програмери и дизајнери да го продадат твоето знаење на целиот свет.
Тука едноставно можете да си направите сметка и да ги прегледувате побарувањата на фирмите и нивниот буџет за тој проект. Аплицирате, и ако вашиот производ е најдобар или ако тој производ му се допадне на клиентот вие заработувате онолку колку што сте побарале во апликацијата.
Познавам неколку дечки кои дома во пижами си работат и зараборуваат добро.
Овој сервис е достапен и за Македонските корисници, има опција за исплата преку Чек, и тоа чекот го испраќа сервисот, а не клиентот.
Програмери, Дизајнери - Обратете се на 2 милијардитиот интернет кориснички свет, продајте ја својата креација на вистинските луѓе кои плаќаат вистински за вашиот труд. Не заглавувајте во фирмите како што е Сивус да рударите по цели денови и ноќи за смешна плата и никакви работнички права, не работете во македонските ебани списанија кои те „фаќаат за г’з“ нудејќи ти 200 евра месечно за неделен весник каде има работа под притисок.
Сума сумарум - Македонските креативци одамна го загубија достоинството работејќи за никаква плата во компаниите, тие се креативци а нивната креација е скапа! Тоа светот го знае, само што ние сме последната дупка од свиралото… Чукнете ја главата и зачувајте го достоинството, наплатете го својот труд.