Веќе подолго време ја слушам оваа песна, и некако највеќе ми остава впечаток… Не знам кој е текстописецот, најверојатно е изведувачот на песната а воедно и генијалец на овие простори Игор Џамбазов.
Штафета на глупоста
Живееме во чудна агрегатна состојба, умира разумот, царува тупоста… И нон стоп само во себе си ја носиме - Штафетата на глупоста имаме драги мои ептен лоша тактика,
јака теоретски со добри изгледи, само што кај нас се е различно во практика - и бледото ќе избледи.
Застани таму на влезот на оваа зона на самрак, и ѕиркај,
Надвор се случува светот - насмевни се, залижи коса и сфиркај…
Живееме во чудна агрегатна состојба…
Игор Џамбазов - Од албумот Ова не е Блуз
Неколку реченици кои ја опишуваат состојбата на луѓето…
Игоре, Напрај уште еден блуз албум ![]()














