Напишано на сеп 20, 2007 под интернет, Технологија |

Ова е необичен пост, го пишувам за поддршка на петицијата за PayPal да ја листа и Македонија, за да можат македонските граѓани да купуваат и да продаваат како нормалниот свет.
Официјална: http://paypal.blog.com.mk
Кодот за банерот се наоѓа: http://ivica.micev.googlepages.com/paypal
И сеа треба малце да се изрекламира, еве имаме и блогер на блогерај кој ја има можноста да помогне: Јади Бурек те молиме да ни помогнеш доколку можеш преку твојата емисија, испрати порака до луѓето и кажи го линкот на петицијата.
Напишано на сеп 06, 2007 под интернет, Технологија |
Неодамна бев позитивно запрепастен од македонските најголеми интернет провајдери, мислев дека ова ќе трае бесконечно, срањето наречено интернет понуда беше на ниво од гомно подоле…
Први започнаа МТ со новите понуди, кои се доста интересни, поготово онаа со дозволен сообраќај 100 GB! брзина од 2048/512 Kbps и цена од 1.651 ден. со ДДВ. Интересна понуда за торент и p2p манијаците… и другите понуди се добри и прифатливи.
Потоа Он нет со нивната симболика понудија сличен пакет со нивната симболика, не знам дали е спремано ова или пак конкуренцијата го направи своето, но во секој случај интернет манијаците ѓи тријат рацете. Они понудија пакет со Брзина од 2 мегабита и сообраќај од 101 GB со цена од 1490 ден. без ДДВ. Покрај ова имаат интересен трик за привлекување на корисници на нивна страна што е ОК, нудат интернет за само 1 денар месечно…
Можеби е ова резултат на работата на Владата во областа на ИТ и интернетот, можеби не, си рекоа овие доста е, дај да им дадеме нешто културно на црнциве.
Во секој случај далеку сме зад културните развиени земји во областа на интернетот, пример во Германија за 25 евра (толку кошта сончоглед за грицкање) добиваат неограничен сообраќај со 8 мега бита. Како и да е ова е подобро отколку што беа порано понудените пакети… Мислам дека интернет корисниците ќе се зголемат за голем процент, а тоа е добро. Им порачувам на провајдерите да пуштат срце барем со сообраќај до 500GB, за да можат да се задоволат апетитите на вистинските манијаци.
Напишано на јул 02, 2007 под wordpress, web, Технологија |
Или пак насловот требаше да биде, Емулатор за Apache, PhP, MySQL…
На многу луге им е тешко да инсталираат Веб сервер на својот компјутер, па нели ние мрзите мораме да го наоѓаме полесниот начин, со неколку клика… Ако правите некоја динамичка страна, и ако инсталирате некоја скрипта која треба да се инсталира на Апаче, тогаш треба да го направите на некој сервер. Но полесниот начин за развивачите на ваквиот слободен софтвер е да се инсталира некоја апликација како што е XAMPP.
- Зашто баш оваа апликација?
Едноставно затоа што работи на речиси сите конвенционални оперативни системи.
- GNU Linux
- Windows
- MAC OS X
- Solaris

Како што се гледа на сликата, можете да пуштите да работат:
- Apache
- MySQL
- FileZilla
- Mercury
Пример:
Го инсталирате на Видноус во програмската папка, и сакате да инсталирате вордпрес, треба во папката на XAMPP да ја најдете папката htdocs, или пак целата патека: C:\Program Files\xampp\htdocs
Таму ќе ја ископирате папката со најновата верзија на вордпрес, потоа во вашиот омилен веб прелистувач (се надевам дека е Firefox), ќе напишете „localhost“ и ќе ви се појави прозорец со администрацијата на xampp (види слика)

Ако кликнете на сликата ќе го видите подобро скрин шотот
Во менито ќе кликнете на PhPMyAdmin каде треба да направите база за скриптата што сакате да ја инсталирате, во овој случај вордпрес. Ќе ја направите базата а корисничкото име ќе биде root без пасворд.
за да го инсталирате вордпресот треба во омилениот веб прелистувач да напишете http://localhost/wordpress каде ќе ви се појави опцијата за конфигурирање на вордпрес преку веб интерфејс, таму ќе треба да ги напишете податоците за базата и за хостот, во случајот името на базата (може да се вика било како ама сега ќе се вика Wordpress), корисничкото име на базата (root - секогаш се вика така… во реалните примери не мора да значи, зависи од хостингот), нема лозинка, и ќе кликнете Следно (Next).
Потоа ќе ги потполните податоците, инсталерот ќе ви даде лозинка и корисничко име и можете да палите… Забелешка: Лозинката зачувајте ја, по првото логирање треба да ја смените…
И ете, имате веб сервер и на него инсталирана Вордпрес скрипта, инсталацијата е во C:\Prgram Files\xampp\htdocs\wordpress тука во оваа папка е инсталацијата каде може да си тестирате плагини, теми екстензии итн итн. Пристап до страницата е http://localhost/wordpress.
За да прочитате повеќе околу ова големо помагало за веб дизајнери и деца кои си играат, одете на http://www.apachefriends.org/en/xampp.html
Таму можете да го преземете софтверот кој е бесплатен и слободен (GNU/GPL).
Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе има корист од овој запис.
Напишано на јун 04, 2007 под Технологија, Сваштарија |
Ете уште една причина зашто пак си отидов од блогерај, јеби га небезбедни се, сега волан пишува за дешавката со бугарската агенција Фокус за огорченоста од некои македонски блогови.
Хакери спасиха честта на България от македонските посегателства - 02 юни 2007 | 00:10 | Агенция “Фокус”
Блогерај е небезбеден очигледно, на тие што им значи што пишуваат, им препорачувам да си најдат хостинг и да си инсталираат свој софтвер за блогирање, ова организирано блогирање не ми се допадна, тоа можеби некој да си го искористи за блогерско созревање а потоа би било добро да се одвојат кога ќе пораснат. Како што викаше чичко Џамбазов „Малите риби пливаат во јато“ држи.
Не знам по кој пат се обидувам да си најдам свое место за блогов, едно време на моите почетоци во 2004 на крајот бев на blogspot, потоа се префрлив на Блогерај (blog.com.mk), потоа дојдов на blogsome.com кој беше избонреден сервис базиран на Вордпрес, потоа се обидов да се удомам на bloger.com.mk пак се вратив на блогерај и конечно сега си инсталирав свое Вордпрес-че и се надевам дека нема повеќе да се селам… сега за сега функционирам добро па ќе видиме за понатаму.
Неодамна и Вуна му рече Чао на големиот македонски сервис и си инсталираше свое катче базирано на вордпрес, се надевам дека квалитетните деца како вуна, букарски, волан, архео-блог, тефтерот и многу други ќе го повлечат битниот потег во нивното интернет мастурбирање и ќе си бидат свои на своето.
За организирање доволен е прекрасниот Кајмакот.