Студентарија | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Студентарија категорија

Токму така, не знам зашто постои таа институција, ниту знам каде се наоѓа… е планот е на наредните избори да се турам кандидат, сакам да се начешлам, да се избричам, да облечам костим и да ме сликаат за плакати.

Планот е за да се победи, со најдобрата програма на сите времиња која може да ја има еден кандидат… таа се состои од 2 точки:

  1. Укинување на институцијата ССУКМ.
  2. Сретствата со кои располага инатитуцијата (вукојебина) да се потрошат на доделување на пропусници за на базен на сите студенти запишани на универзитетот, каде студентите во текот на цела година ќе можат да одат на базен.

Првата точка е издржана, таа вукојебина не прави ништо за студентите, туку само ги дере и нивните пари одат во нечии џебови или за печатење на некое си списание кое врска нема, не е концептиски за студентско, а ниту има позадина и традиција. Студентите се организирани во своите сојузи на факултетите и немаат никаква допирна точка со таа вукојебина. Најефективно организирање би било да се направи сојуз на претседателите на сојузите каде заедничките работи ќе се решаваат, тој сојуз со претседавање би наликувал како што се претседава со ЕУ, ќе се ротира претседателството. Без буџети без никави дупки каде што може да се профитира. Секој сојуз ќе си делува на својот матичен факултет.

Втората точка е заради фактот дека студентите не добиваат никакви бенифиции во општеството - единствено што плаќаат слободна како учениците. Така да ако веќе има пари во сојузот и ако веќе студентите плаќаат за културно - спортски активности нека им се вратат тие пари, на пример да се добие пропусница за на базен, за на стадионите, за на концертите, за во кината и сл.

Толку е мојата програма… сеа да ве видам, колку ќе добијам поддршка од вас? ако има поддршка ќе направам вакво нешто па и да не добијам ниту еден глас, нема да ми биде криво да бидам како Спанаќо од Битола.

Бујрум во коментарите и дајте ми поддршка. Заедно да ја прекинеме таа вукојебина да не ги ебе студентите…