Не мислев да пишувам за боречка вештина, но неодамна гледав еден добар документарец за Јужна Кореа, па ете малку се вратив на времето кога активно тренирав Теквондо…
За оние кои се чудат што зборувам: Теквондото е источна т.е. Корејска боречка вештина која од 1994 година е прогласена за официјален олимписки спорт, претходно на олимпијадата во 1990 година беше демостративен спорт кој беше само за око. Некои го мешаат со Каратето која е исто боречка вештина но не е спорт, облеката наликува исто така на каратето, за разлика од него оваа теквондо облека е доста полесна и потенка од онаа што ја знаете за каратето… Како и да е…
Теквондото е стара корејска вештина која потекнува од најстарите времиња, тоа се развивало од потребата на лугето да преживеат поготово оние кои немале можност да носат оружје… Тоа всушност настанало со слевање на борбените техники од трите Корејски ривалски кралства: Goguryeo, Silla и Baekje. Младите луѓе тренирале за да ги зголемат вештините за преживување. Подоцна се создава модерното теквондо некаде после Корејската војна.
Tae-kwon-do - Значењето на овој збор е важно за разбирање на теквондото и начинот на кој се практикува. Tae означува во буквален превод „Уништи со стапало-нога“, Kwon Означува „уништи-скрши со рака“ и Do значи „Начин, Метод“, така да ако се спојат овие три збора може да се примети дека се работи за сложена именка, барем јас така ја разбирам, или пак да се обидам да го објаснам:
![]()
Taekwondo - Начин на Уништување со рака и нога. Или пака ако се навлезе во оваа реченица може да се рече: Користење на раката и ногата во борба, каде тие би биле во најголема складност.
Многу луѓе кои имале можност да гледаат борба ќе се запрашаат: Ма какво користење на рака? Тие се млатат со нозе само… Не се работи за количина на удари упатени со рака и нога, туку се работи за складност на раката и ногата при ударите, се работи за користење на силата на ногата и брзината на раката, која најчесто е се употребува за одбрана во спортското теквондо, а понекогаш за контра-удар.
![]()
Како што можев да научам додека тренирав, Теквондото е составено од три дела, мислам на модерното теквондо… Првиот дел е традицијата, каде се изведуваат техники и борби со замислен противник - Доста го почитував овој дел од трнингот, се смирува духот, се зголемува концентрацијата… Вториот дел е она спортското во Теквондото, она најважното за спортот Теквондо исто како што е вашен техничкиот или традиционалниот дел за вештината теквондо. Во спортскиот дел се вежбаа удрите кои се користат за време на борба, тие најчесто се едноставни и кратки. Воедно тука ќе го објаснам и борбениот дел и некои правила кои важат за WTF (World Taekwondo Federation).
Ударите со рака во предел на главата не се дозволени, секој натпреварувач носи заштитна облека за да не дојде до потешки повреди, исто така што е многу важно и што се разликува од каратето, овде не се запира борбата ако некој борец поентира, туку се бројат поените и борбата завршува кога ќе заврши времето.
Третиот дел од тренингот најчесто го користевме за самоодбрамбени техники, многу добар и интересен дел, кој всушност е реална ситуација на улица, без егзибиции и фрлање како во аикидото, туку со кратки и брзи удари и неутрализирање на противникот. Специјално дамите тренираат со некои основни работи што ги носат со себе, на пример да ги искористат чантата и клучевите со себе што ги носат… Доста интересно.
Во Македонија теквондото дојде во раните 90-ти благодарение на Мајсторот Ацо Анастасов, кој го донесе од србија овој спорт. Сега не знам колку луѓе тренираат, но едно време се правеше напори да се вежбаат каратистите, да научат теквондо со што се зголемува шансата за учество на Олимпијада на македонски борец, но мислам дека тој обид пропадна, се надевам дека ќе се направи повеќе околу ова и на некоја идна олимпијада ќе се развее Македонското знаме на арената за теквондо.













