Сексуална Хармонија | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Сексуална Хармонија категорија

Домашното воспитување и пристапот кон младата личност која е во адолесценција и пубертет е екстремно важен во градењето на неговиот љубовен живот, и воопшто во градењето на карактерот. Исто така искуството од домот на младата личност игра клучна улога во градењето и истакнувањето на особината љубов.

Еве да претпоставиме ситуација:

Родители, млади, и двајцата имаат по 35+ години, а нивниот син има 14 години, тој е во цветот на пубертетот. Неговите родители може да ја искажуваат взаемната љубов во присуство на детето со мали ситни бакнежи, со некое поклонче и некој убав збор. Но може да не ја прикажуваат нивната љубов и онака како што е најчесто во нашето општество да се потпцувнуваат пред другите, да не си обрнуваат внимание, едноставно да не ја прикажат нивната љубов.

Во првата ситуација, младиот пубертетлија/адолесцент најчесто ќе црвенее или пак нема да црвенее и тоа ќе му биде нормално затоа што уште на мали години му објасниле неговите родители дека се сакаат и дека тато нема да ја повреди мама со тоа што ќе ја бакне откако тој се однесувал заштитнички спрема својата мајка. Ова искуство е клучно во градењето на љубовнииот живот кај таа личност, ќе прашува и ќе се интересира за нејасните работи без да почнат да го трујат родителите со информации околу сексот и љубовта, во овој случај, младата личност сам го гради љубовниот карактер и ги осознава благодетите.

Во вториот случај, кога неговите родители не си обрнуваат внимание, кај младата личност недостасува една клучна алка во неговиот живот - недостасува претставата за онаа љубов кон спротивниот пол. Најчесто родителите ќе пробаат да разговараат со таа млада личност околу љубовта и сексот, но во 90% од овие случаи, младата личност се чувствува засрамено и одбива да разговара. Понатаму таа личност ќе проба да учи од другарчињата кои си раскажуваат искуства околу својот прв бакнеж. Во ситуација кога неговите другари му наместиле партнерка (се случува сеуште во овој период од животот), таа личност навидум слепо ќе се „вљуби“, ќе го почувствува слаткиот плод, но за кратко… Откако партнерката ќе ја раскине „врската“, личноста и неговиот свет се руши… можно е посегнуавање кон алкохол.

Во овој запис интересен е токму овој втор случај, кога после „преболената љубов“, младата личност, кога ќе прими ишарет од некое момиче на неговата возраст постапува рационално кон проблемот наречен „љубов“, токму тоа размислување се развива кај него, тој љубовта ја смета за проблем а многу сака да му се случи, но размислува за последиците… Додека тој се плаши а воедно го сака проблемот, спротивната страна (партнерката) си наоѓа нова симпатија, и во нејзините очи се добива впечаток на незаинтересираност. И тоа се повторува… Од тука рационалното размислување пред да влезе во љубовна авантура, младата личност ја прави порационална со што кај него се развива страв за да пријде прв и да ја искаже љубовта, тој страв е од евентуалниот неуспех при искажувањето на емоции и привлечност.

Во последниве години, кога во нашата земја интернетот експандираше, се случија многу врски и авантури договорени на инстант месинџерите. Девојките и дечките ја искажуваат својата љубов преку тие сервиси и се договараат на средба каде „спонтано“ ќе влезат во врска која може да биде кратка, но може да биде и многу долга и да се роди љубов. Кај девојките се јавува впечаток дека момчињата не се пуштаат и дека се неажурни и неиницијативни, тоа они самите го наметнуваат за да изгледа така.

Пример: Дружењата се случуваат во дискотеките со гласна музика, и можноста за размена на муабет и ишарет е многу мала, или ако се случуваат „мувања“ тие се случуваат без да се познава партнерот, па дури да не се знае и неговото име. Тие се неуспешни обиди за да се воспостави љубов.

На времето кога корзата биле атрактивни, ишаретите фрчеле, со свиркање, со намигнување, насмевка мала… сега тоа не постои.

Со овој рационален пристап, и со мислата дека љубовната врска претставува проблем, личноста сам се смета за инфериорена и мисли дека само на него љубовта му го завртела грбот. Напротив, тој свесно, воден од разумот и го врти грбот на љубовта.

За другиот пристап, кој е воден од инстиктот, без рационализација на работите ќе ви објаснам на денот на виното и љубовта… ветувам…. (или не…)

Д-р. Ицко 

Слобода на умот отвара нова категорија на блогов, таа е сексуална хармонија, како да имате релаксиран и задоволувачки секс со партнерот, како да се замозадоволите и да го задоволите партнерот. Сексот го зајакнува семејството :)


Дамите прво

Откриј те ја Г-точката, ако имате ебач кој само знае да го бутне без да се грижи за вашиот оргазам (вистински маж де), морате да ја најдете г-точката која е купче од нерви и е прекрасна кога ќе ја допрете Laughing

г-точка, шема

Г-точката е осетлива зона во длабочина на вагината околу 6 сантиметри на горниот ѕид на вагината (кон стомакот). Со правилна техника и малку тренинг може да се постигне огромно задоволство за жената вклучувајќи оргазам, повеќекратен оргазам и „женска“ ејакулација, погоре на дијаграмот можете да видите каде од прилика се наоѓа точката на задоволството. Мажот ако си игра со оваа техника на задоволување на својата партнерка може да ја почувствува како топче со дијаметар околу 4 сантиметри и повеќе. Доколку самата жена се задоволува со своите прсти сигурно ќе знае дека е таа без да ги знае параметрите.

За жените кои ја пронашле точката а не си поиграле:

Нјачестата бариера за добивање г-точка оргазам е чувството дека ти се моча, некогаш кога ќе си играте ќе го почувствувате ова, за да ја избегнете таа бариера, одете до тоалетот и испразнете се (мочкајте), кога ќе почнете да си играте со неа повторно може да го добиете тоа чувство, но нема да мочкате, тоа чувство е лажно, продолжете да ја допирате со двата средни прста (средниот и прстот до малото прсте). продолжете така без престанок и ќе доживеете оргазам на целото тело. Овој „женски оргазам“ е ејакулативен (најчесто) и предизвикува 4 пати поголемо и поинтензивно и подолго задоволство од машкиот и обичниот оргазам кај жената.
Ако продолжите да ја масирате точката без пауза од првиот оргазам можете да доживеете повеќекратен оргазам кој може да трае повеќе од 1 минута.

Препорачано за ваква игра е да се користи лубрикант, исто така ефектот на вистинското задоволство не може да се почувствува кога жената се само задоволува, но мора да се потенцира дека првиот чекор до ова совршенство е да жената сама се извежба и да доживее оргазам, потоа со добар разговор и неколку тренинзи со партнерот и взаемна доверба може да се успее во повеќекратен оргазам.

Што треба да направи мажот во оваа ситуација?

Мажот треба да има секс барем 2 партии со девојката пред да почне со походот кон вистинскиот оргазам на жената, тоа е основоно, потоа може да се обиде со краткотрајна масажа на грбот на девојката доколку таа не е доволно отпуштена после двете партии секс, и секогаш кога сте во можност земете лубрикант како што е масло за масажа… Не се плашете да ги ставите двата средни прста од десната рака што е можно подлабоко притискајќи нагоре, не се плашете да стиснете малку помашки, таму и деца излегуваат, нема да се искине :)

Прво дајте и на девојката еден канилингус, поиграјте си со нејзиниот клиторис и не притискајте многу врз него, ставете го средниот прст и притиснете со тежината на вашата рака (не притискајте само оставете ја вашата рака) и почнете со кругови во насока на стрелките на часовникот или обратно па после комбинирајте. Ако тоа го направите правилно, ќе добиете насмеана фацичка кај парнерката, ставете го лубрикантот и побарајте ја Г-точката (преходно е опишано чувството на допир). Задржете ја длабочината и не одете напред назад како што го правите тоа во класичен секс, туку идете горе-доле со поголем притисок нагоре… според реакцијата на госпоѓата Хепи регулирајте ја брзината. Вашите прсти вагината ќе ги исфрли кога ќе дојде моментот на ејакулација, тогаш ќе знаете дека госпоѓата Хепи доживеала оргазам. За да постигнете уште посреќна и поцрвена фацичка кај парнерката, веднаш после ејакулацијата продолжете со постапката, така за 10-20 секунди ќе доживее еден поголем оргазам кој ќе биде манифестиран со исфрлање на прстите од вагината и оставете ја нека ужива во еден по друг оргазам кој се генерира сам. Ова може да биде потешко достижно ако се работи за недоверба меѓу партнерите, но со редовен тренинг се постигнува.

Ви оставам да ја пробате оваа техника, ако не пробате нема да ја доживеете.

Др. Ицко - специјалист за женски оргазми Cool