Архива за Сваштарија категорија
Напишано на мар 11, 2008 под Сваштарија |
Одамна се спремам да го направам ова и да покренам иницијатива за формирање на тим кој ќе си игра и ќе прави нешто корисно со Вордпрес, се работи за ентузијазам, и ве повикувам сите кои се на моја мисловна фрекфенција да се приклучат кон преведување и оддржување на Македонскиот превод за Вордпрес.
http://mkwordpress.wordpress.com/
Ова е страницата која ја планирам да биде како официјална каде ќе ги објавуваваме преведените теми од Вордпрес, корисните додатоци (плагини), преводите на верзиите на Вордпрес, и останато што ќе го сработиме.
п.с. Arheo не те спомнав таму на таа страна, затоа еве специјално те поканувам да се придружиш кон тимот, Ти си една од стрпливите корисници кои полека но сигурно го користат Вордпрес
Напишано на мар 08, 2008 под Сваштарија |
Кој како, некој посветува внимание на понашминканиот пол, некој ја носи својата жена на прослава, децата им носат цвеќиња на учителките… а пак тие не можат да ги однесат подароците дома…
Нормални се овие работи… но утрово начекав вистински мажи од моето населено место наречено н.Илинден (сите знаеме дека е село…). Фотографијата зборува сама за себе…
Мајсторот е човекот од десната страна со најк капчето, тоа е Цобе, познат и како Ламбак во источно Скопје, мајстор механичар за земјоделски машини на кој му нема рамен во овој дел од Македонија. Додека другите мажи им посветуваат внимание на своите жени, Ламбе правеше трактор кој не може секој да го матка затоа што се работи за Англиско-Француски трактор со посебни специфики. Се работи за тракторот David Brown и само мајстор Цобе знае да открие дефект на таква машина во овој крај.
Дефинитивно му се восхитувам на човекот - ВИСТИНСКИ МАЖ, додека другите се со своите жени, Ламбе тера бизнис
Ах… Да, ќе заборавев, тракторот е во сопственост на Мице - типот од левата страна на фотографијата.
Напишано на мар 07, 2008 под Сваштарија |
Конечно нешто паметно и корисно за граѓаните на оваа напатена земјичка… Акцијата засади дрво е акција каде што ќе се засадат онолку дрвца колку што има жители во Македонија.
Многу е добро чувството кога ќе се испрљаат рацете од сопствената земја, прљајки ги рацете од земјата си го прочистувате својот воздух и воздухот на идните генерации…
Значи да не тупам - Нурнете длабоко во Татковината. ЗАСАДЕТЕ ДРВО!
Напишано на ное 06, 2007 под Сваштарија |
Малку со задоцнување, но сепак мислам дека сеуште е актуелна тема… не сум апсолвент ниту сум влада… Па така ќе фрлам еден мал поглед на состојбава.
Владата доделува ваучери на сите студенти од завршна година кои се на сите акредитирани факултети во Република Македонија. Што ТРЕБАШЕ да направат факултетите за да нема мањак од ваучери?
Требаше на време да ги пријават апсолвентите, сеа факултетите кои имаат рокови различни од стандардните за запишување на семестар имаат проблем… Фалат ваучери.
На правен е најголем проблемот, вчера слушнав на вести… Но исто така Факултетот за електротехника и информациски технологии има направено грешка со пријавувањето на апсолвенти и сеа се вади дека добиле помал број ваучери, и прави некоја ранг листа што е чист апсурд… Кој е Виновен сеа? Студентите кои не се пријавиле на време за запишување на семестар, Факултетите кои не испланирале, или пак владата… Сами видете… од ова некој ќе профитира дебело, има муабети за некои фирми кои плаќале по 150 евра за ваучер… Секоја чест, вака ќе градиме општество.
Напишано на авг 27, 2007 под Сваштарија |
Денеска така чекајќи автобус налетав на двајца курајбери - домакини, и икони пред коперација. Досадно, станав од спиење, се истуширав и излегов на автобуската станица… Таму седеа поранешниот овчар Бранко и механичарот Цобе. Вториов е познат од мои претходни раскази, но сега беше специјална ситуација, па морам ова да ви ги опишам важните моменти од настанот.

(Сликава е од интернет, следниот пат ќе ги фотографирам, мислам дека вреди)
Седеа двајцата и маваа по едно скопско, овчарот беше циција чоек, па се почудив како тој да части пиво, Цобе веќе ја беше фатил со ракија, ама нема везе, типов е главниот, тој пие се што е алкохол, не бира… Се поздравив со мајсторов, ме испоштува, ми кажа од неговите стандардни приказни, ми беше интересно… Овчарот си замина, а јас чекав автобус, па му фрлив уште едно пиво на мајсторот… Интересен тип и секогаш полн со нови улични финти, иако веќе ја има поминато 50сетата година.
Тамам си замина Бранко овчарот, ете го ЦАци иде… леле…
Цаци е поранешен затвореник во КПД Идризово, исклучиво за кражби е осудувн, нема жена - му умре (се обеси). Од чувар во Идризово имаме дознаено дека Цаци датира таму од 1970 година, и се по година, по 2 месеци и така со прекини можеби има излежано едно 25 години… Како и да е, Цаци е славна личност - Го имаше на Тетовирање, тој е типот што ги ранеше гуските во затворот и ги мачеше мачорите кои му ги јадеа пилињата, мачорите беа ставани под напон… Цаци таму се има проебано,ни има раскажувано…
Цаци неодамна ја откажа ракијата и сеа е само на пиво - му фрлив едно пиво а сепак некако слабо му идеше, а од дрсната страна на лицето беше испогребан…
- Цаци, што е работава, кај се испогреба? - го прашав!
- Абе во саботата се собравме и некаде до 2 саат се држев некако после изглеа кај стадионот на жиците сум се бувнал… и еве сеа од лекар идам…
- Цобе се фати за брадата и одговори - Цаци да му ебам матер, за една гребатина одма на лекар да му ебам матер, јас во такви ситуации ставам прегорено уље, исто како порано што ги мачкавме свињите кога ќе фатеа шуга… и одма поминува… Еве ја онојпат се напраив ѓон, и да не ми угаснеше фичото ќе си отидев дома читав, оставив и продолжив пешки, и онаму кај Златко у продавница сакав да одморам малце и сум паднал во скаливе, еве сеа носов ми е скршен…
- Епа Цобе да му ебам матер, кај кур гледаше, а и многу пиеш…
- Жими куров- Ти најде да ми кажуваш. Ништо брат, идеме кај мене имам прегорена 80ка идеме и ќе видиш утре - Кукурек!
Им фрлив уште по едно пиво, пошто они на двапати го пијат…
-Абе, кажи му за во саботата а? - рече Цаци.
- Еј, бевме у кафич со цаци, и после ни текна дека сме биле заедно, ама нема везе, малце се подмладивме.
- Ако ако, убаво е малце да се издувате - им реков.
Ете автобусот дојде а они начекаа нова жртва за пиво, им дојдоа штим колегите и продолжија. Им се восхитувам на нивната негрижа за ништо, едноставно нивното време е анти-време, оди наназад.
Напишано на авг 01, 2007 под Вести, Сваштарија |
Вчера, традиционално во манастирскиот комплекс св. Ѓоргија близу селото Дељадровци, од десната страна на автопатот Скопје-Куманово се одржа една мала роденденска прослава на општина Илинден.
Општина Илинден се формираше во 1996 година, таа беше една рурална и неразвиена област на крајот од градот, без вода за пиење, без асфалтни патишта, едноставно кажано Илинден (белимбегово) беше едно големо село со околу 5000 жители…
На локалните избори победи ВМРО-ДПМНЕ со кандидатот Чедомир Ристовски, кој немаше високо образование но беше еден од најголемите курнази-менаџери, кој ако нешто посакуваше, едноставно со голема работа и мудро постапување го добиваше…
Човекот имаше визија да ја види општина Илинден како првата европска општина на балканот, со силна инфраструктура, со свое ЈКП, со спортски сали, едноставно сакаше да ја направи Општината подобро место за живеење.
Веднаш по седнувањето на градоначалничката фотења, Тој заедно со советот го формираа ЈКП Илинден, претпријатието кое ја разви општината.
Се донесе квалитетна вода за пиење до секое семејство, главните улици се реконстуираа, се поставија тротоари и велосипедски патеки, се асвалтираа СИТЕ мали и големи улици, исто така се осветлија, секое семејстви доби бесплатен мал контејнер за отпад, основните училишта се реновираа, се градеа паркови фонтани, се привлекоа нови инвестиции… Едноставно Илинден беше првата европска општина на балканот и најразвиена ново-формирана општина.
На вторите локални избори, тогашниот градоначалник речиси ја доби апсолутната подршка од граѓаните…
Продолжи успешната приказна, се формираше слободната економска зона Бунарџик, се чистеа дивите депонии, и се создаде депонија каде во иднина ќе се селектира отпадот, се формираа две индустриски зони каде инвестираше Опел, Никас и многу помали погони и мали претпријатија…
Илинден ќе биде најблискиот град до Скопје, со полициска станица, против-пожарна единица, со средно училиште…
Сите се смееја на зборовите на тогашниот градоначалник, но подоцна сфатија дека тоа сето е можно…
Илинден успешно го направи ЛЕАП (Локален еколошки акционен план)…
На третите избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски кој претходно раководеше со ЈКП Илинден.
Актуелниот градоначалник го зголеми капацитетот на администрацијата, ја зголеми безбедноста на сообраќајот, успешно ја спроведе првата фаза на децентализацијата и Илинден влезе во втората фаза со 97 поени од можните 100. И многу многу проекти се реализирани а во подготовка се уште многуууу…
Оваа година во манастирскиот комплекс, граѓаните гордо присуствуваа на прославата на која се обратија преставникот на советот, градоначалникот и митрополитот господин Кирил. После обраќањето имаше културно уметничка програма на која настапија:

- Сузана Спасовска
- Синтезис
- Кристина Арнаудова
- Орданка Смилевска
- Шарен Кавал
- КУД Китка
Сето беше ок, само едноставно да ја немаше Кристина Арнаудова која беше катастрофа и некако ми се усра програмата ама ај… Синтезис звучеа моќно, народниве пејачки беа ок, Шарен Кавал беа просечни, КУД Китка беа извонредни…
Секоја општина да е како оваа општина мислам дека пред 3 години веќе ќе бевме во европската унија. Едно браво за локалната самоуправа во Илинден, која е пример за успешна општина, која од селска средина веќе е подобра од повеќето помали градови во Македонија.