Зовриена крв, дух кој само во овој период од животот може да се поседува, бунтовност, борба за правда, - сонце, вода, плажа, планина, алкохол, секс, дрога и Rock & Roll… Ах, толку многу динамика ни нуди овој живот, толку многу случувања кои мораат да се искористат и не смее ништо да се пропушти, особено во пост адолесцентните години…
Прашањето ми е: Дали Македонската младина го живее младешкиот динамичен живот?
Конкретно оваа популација ја сочинуваат т.н. Академски граѓани, тие се тие пост-адолесценти, луѓе кои покрај ментално-научното усовршување треба да променат некои работи кои се наметнуваат несакајќи и потајно, работи кои тивко ни ги напикуваат во нашето секојдневие… А каде сте Вие? Вие Ваше Височество - Студентите-интелектуалци? Дали можете да се наречете интелектуалци само затоа што сте идните високообразовани граѓани? Па имаме високо образовани кои немаат право да се наречат интелектуалци, имаме безброј безрбетници кои го креираат јавното мислење, кои се нарекуваат уметници (поготово овие естрадните), зарем тие безрбетници може да се наречат интелектуалци?
Многу прашања, а ниту еден одговор… ајде да дефинираме интелектуалец:
Човек кој покрај стандардниот скотски живот придонесува во движењето напред, човек со иницијатива, човек кој знае музика, човек кој знае да погледне уметничка слика, човек без граници во интелектот, човек кој може да поттикне развој на неразвиените, човек кој знае да одлучува…
Забележавте дека Високото образование не е спомнато во мојата дефиниција? Најверојатно… Претпоставувам дека забележавте…
Се прашувам колку луѓе од студентската популација се спремни за да ја жртвуваат својата шестка за да му се спротистават на професорот и на образовното уредување а сето тоа во интерес на широката заспана студентска популација? И на крајот на краиштата, па нели тие студенти треба да се движечка сила во општеството, сила која не е врзана со куклени конци за политичките кругови на моќ.
Ситуацијата е следнава: Фуфиците студентки, со разголени стомачиња после предавања најголемата дилема во животот им е - ЦРВЕНА ИЛИ ЗЕЛЕНА НИВЕА, кафе на кеј, ручек во амати… Гикчиња кои од дома ги испраќаат со пораката: Синко, не пипај ти во струјата, нека пипаат другите, а ти само изгреби се квалитетно и не му се буни многу на професорот, по можност исчисти му ги мадињата од мешавината од пот и говна… Ако го видиш колегата како е заебан од страна на институцијата - помогни и на институцијата за да го докрајчи, затоа што тој утре ќе биде конкуренција за твоето работно време, тоа е законот на џунглата… убиј или ќе бидеш уништен…
А КАДЕ Е СОЛИДАРНОСТА?
Ах, да, таа одамна не постои, колективот веќе не е најважна работа, единството го нема, го нема затоа што владее законот на СТАПОТ И ЗАБИТЕ!
И така младешкиот дух се испукува у Грчка на одмор, на лежалката со гајба пиво… мирен еднаков на пензионерски… Пензионери идни носители на општеството, заспани убавици контролирани од круговите на моќ за парче вработување и ланчање муда.
И да завршам со пораката на сето ова ако не ја приметивте:
РЕВОЛУЦИЈАТА Е ГЕНИЈАЛНА КРЕАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ - Ернесто Чегевара.
Во екот на предизборната кампања за предвремените избори се забележуваат многу маркетинг трикови и многу маркетинг грешки, па сакам малку да ги анализирам грешките. Искрено сакав да ја избегнам оваа тема и да не пишувам за политика, но еве, ми забоде во очи…
Да почнеме од владеачката партија и нивната кампања од естетска гледна точка, мислам околу изгледот на плакатите, рекламите… Во 2006 година запали портокаловата боја, и интересно испадна, летно време, топла боја, портокалова револуција (онаа во Украина), беше тоа добар потег, но, сеа исто така ја направија кампањата, што баш и не е добар потег, некако како да доживуваме дежаву… исто така „Преродбата продолжува“ е екстремно лош слоган - Да речеме дека они ветија Преродба во првите 100 дена, а тие нели поминаа и би требало да завршила преродбата, но, еве сеа со овој слоган може граѓанинот или целната група да добие погрешен впечаток.
Овие портокаловите немаат некои крупни грешки од маркетиншка гледна точка, но другиве „Сонце“ ќе ми треба 10 страни за да ги набројам и објаснам…
Еве да почнам:
Белата боја и облаците со сонцето се некако „бланко“ реклама за убавини и благосостојба, што многу нереално е за нашава ситуација, и воопшто нема никаква порака… еве, „Доаѓа сонце“, е исто така лош слоган, затоа што знаеме дека секој ден соцнето доаѓа и си оди секој ден… некако многу „лажна“. Исто така, спотовите… Шекеринска седи на столче и на некого му објаснува: „Никој нема право да каже дека ја сака Македонија повеќе од мене“ - ГОЛЕМА ГРЕШКА, како смее да каже дека некој нема право на нешто или пак право да каже дека ја сака Македонија… ова е најкрупната грешка, друго, „ Јас еднаш се изборив за Македонија“ - Што сака да каже? Дека само еднаш се изборила за Македонија? Потоа, „Македонија во НАТО за 6 месеци со сигурност“, без да продолжи и да додаде нешто со што би го поткрепила тоа тврдење, сите знаеме дека блокадата беше само заради Грција и имаме јасна порака дека мора да го смениме името за да влеземе во НАТО, и лично јас имам впечаток дека ако го исполни Шекеринска ова ветување значи дека ќе биде погребано уставното име. Исто така крупна грешка е што Оровчанец, Андов и Тито влегоа во таа коалиција, тие тројцата мавтаа пред неколку месеци за успесите на владата а сеа го прават спротивното… е сеа некој лаже…
Немаме ние квалитетни маркетинг агенции кои би можеле да направат една квалитетна кампања, во било кој смисол. Исто така и размислувањето не е на ниво на западните размислувања околу ангажирање на маркетинг агенција, кај нас „работодавецот“ или барателот на маркетинг услуги наложува на агенцијата како да ја прави кампањата а агенцијата само тоа технички го реализира, а треба да е спротивното, треба да се даде на експертите да го испланираат тоа, изгледот, слоганите, потезите… затоа што тие најдобро тоа го знаат и ве уверувам дека ефектот би бил многу поразличен и поголем. Ај да видиме до крај како ќе оди кампањата…
Веќе цела академска година во етерот постои некомерцијалното радио наречено „Универзитетско радио - Студент ФМ“ кое оди на фрекфенцијата 92,9 FM. Ова колку за информација за тие кои никогаш не слушаат радио. Оние кои неколку пати налетале ќе им биде јасно за што станува збор. Во овој текст сакам да бидам искрен, и моите ставови не мора да ги прифатите, слушнете го радиото неколку дена по ред и изградете си свој став, ова е мој став. И уште нешто, во радиото има вистински професионалци кои навистина си ја знаат работата, има и залетани гулапчиња кои сакаат да станат како Таска Балабанова и Бранка Станковска, но мора да има такви во секое човеково здружување.
Сопственик, или поблаго кажано, основач на „Студентското Радио“ е Универзитетот С.в. Кирил и Методиј - Скопје, нормално, како и во културните општества со напредно образование и со слободна култура, но нели како што вика чичко Игор Џамбазов - „Кај нас се е различно во практика“, основачот се однесува како сопственик.
Да го образложам тоа:
Главен уредник на радиото е професор од Правен Факултет, а негова десна рака е новинар од телевизија, прашањето ми е, дали тој професор е студент или сеуште го има во себе младешкиот студентски дух и може да им сервира на младите „култура“ која ќе ги опушта после напорните предавања? - Одговорот е НЕ! Затоа што: На почетокот бев пријатно изненаден од една емисија која мислам дека се викаше „На ти го-дај ми го“ и се дискутираше и дебатираше за Џинс версус Сомот, и после беше експресно укината. Кога гостувавме во емисија кај Спасета (нешто се викаше „Авагарда“ - трт мрт не се сеќавам), побаравме малце Рамштајн, и ни пуштија, се пушти малце и Мејден ово-оно, и одма почнаа да фрчат телефоните, оттаму му се развикале на музичкиот уредник и се стори една калакурница. Замислете, во среда, во ударен термин 13 часот, една баба професорка чита поезија (!), на секој саат или два има вести алооооооооооооо!!! Па што му е гајле на студентот за животот на црнците од јужна Македонија? Или пак, Свети Николе доби чиста вода за пиење…
Да заклучам што сакав да кажам: Студентското радио е најмалку Студентско, се додека е под контрола на универзитетот, се додека е ограничено нема да биде студентско, тоа најверојатно е замислено да биде сервис на Универзитетот а не на студентите.
Да појдеме од човековото постоење и правилата кои ни ги налагаат нашите родители, тие истите правила кои нашите родители ги научиле од нивните и така на назад… Дали сте се запрашале кој ни го пере мозокот за „правилното однесување?“
Неодамна стапив во вербален дуел со едно слатко девојченце од правниот факултет, така спонтано сакав да и шетам по нерви и почнавме разговор за законите кои се креирани од грешното и несовршено човечко суштество, и за законите кои се креирани од совршената природа. Сакав да докажам дека тие закони се оние кои не ограничуваат, закони кои се креирани за да бидат контролирани неуките луге. Ме запраша тоа што сакав, ме праша:
„Што би било кога не би постоеле човечките закони, дали тогаш би постоело општеството и индустрискиот напредок?“
- Морам да ти кажам дека тоа е грешката на човештвото - и одговорив.
Сакам да кажам дека овој индустриски напредок, и т.н. човечко развивање заедно со перачките закони на човекот ќе доведат до самоуништување или до голема популација програмирани луге.
Тоа се случува насекаде, секој наложува свои закони, СИТЕ! Религијата, Владата, Собранието, „Меѓународното право“ кое се толкува така како што им одговара на „најмоќните“.
Религијата е таа која започнала многу одамна да се наметнува онака несакајќи, но подоцна сакајќи почнале создавањата на интересни и заплашувачки приказни. Потчинетите били е Владата и собранието кои исто така биле испрани од приказните. Главниот виновник за црните периоди во човековата историја се законите кои биле наметнати од некоја религиозна приказна, на лугето не им е дозволено самите да ги откриваат работите, туку им се наметнуваат ставови кои МОРААТ да бидат прифатени, во спротивно ќе одат на некое страшно место каде вечно ќе страдаат.
Се прашувам, со кое право моите родители ме покрстиле во црква, јас тогаш не сум имал можност да одлучувам за мојата „религиозна“ определеност, не сум имал можност да одлучувам - Некој друг одлучувал за мене.
За да биде појасно што сакам да кажам, I strongly recommend овие две епизоди од Дијалектика. Некои работи се едноставно скриени од нас за да живееме во еден свет на илузија кој е создаден од креаторите на таа илузија.
Ич не сакам да пишувам за состојбите во нашата земја, но ете пусто не можам да се воздршам, прстите сами ми се лепат до тастетурата.
Земја на отстапувања
Никаде во светот, никаде во универзумот не постои земја како Македонија, никаде не постои ваква нација која само отстапува во интерес на „добрососедските односи“ и во интерес на „добрата воља“. Да почнеме од почетокот… да да, мислам од почетокот кога почнаа да се случуваат преседани. Ќе ги оставам на страна поебувањата од големите сили уште од времето на Карпошовото Востание и ќе започнам со најголемото спрцување на сите времиња. Имено, после помалото за времето на Младотурската револуција кога *Македонската Војска* беше излажана, надежите на Македонците беа свртени кон нападот на Турција од страна на балканските сојузници. Македонците се бореа во првите борбени редови и беа пуштени да изгинат во јуришот за ослободување на татковината, тогаш смртта за татковината беше сметана за света работа… Поразената Турција се повлекува во сегашните граници, а „Ослободената“ Македонија е поделена од сојузниците на на тој срамен за човештвото Букурешки Мировен договор. Македонците не беа прашани.
За време на Првата Светска Војна, Македонците активно учествуваат во борбените дејствија и пак беа изиграни, статусот на Македонците остана ист.
За време на Втората Светска војна, Македонија можеби е единствена ослободена територија без помош на Антифашистичката коалиција, без помош на црвената армија. Македонците сами си ја извојуваа слободата, и тогаш се случи уште една неправда.
Изјава од учесник во ВСВ
Кога Вардарскиот дел на Македонија беше целосно ослободен, ние се спремавме да појдеме и да ги ослободиме и поробените делови - Беломорска и Пиринска Македонија, сите бевме единствени и водени од големата идеа на ВМРО - Слободна и независна Македонија во нејзините етнички граници. Се беше така додека пратеникот на Јосип Брос - Тито не дојде и не ги исшамара комунистичките Белградски поданици каде што им било речено дека Македонија премалку жртви има дадено во НОБ, и доколку сакаат Македонците да добијат федерална држава во Југославија ќе мора да прикажат повеќе жртви…. Тогаш на Скопското Кале се собравме и еден генерал кој беше играч на Белград им кажа на војниците кои сакаат да идат кон Солун нека истапат… Истапија стотици…. (низ солзи), и сите беа убиени од митралезски оган…
Останатите биле товарени на вагон и однесени да се борат за целосно ослободување на Југославија, дел од нив мислеле дека отидат да се борат на Солунското поле, а всушност загинаа од забите на сремскиот фронт. Беа затворени и убиен: Шатев - непокорниот гемиџија, Рацин - Ликвидиран и потоа лажирана неговата смрт како несреќа, Ченто - Претседателот на АСНОМ, идеалист за независна Македонија, и многу други беа измачувани во Идризово и потоа убиени, дел од Македонските идеалисти за независна Македонија беа квалификувани како Сталинисти и беа однесени на смртоносниот Голи Оток.
По порогласувањето на независноста на Република Македонија почнаа да се отвараат уште врати каде Македонија треба да отстапи. Во Обединетите Нации, нашиот Јужен сосед Пелопонез (Некои ја викаат Грција) го отвори прашањето за Името и знамето на Република Македонија… Македонија направи отстапка и го смени Знамето, а се отворија разговори за името. Иако не требаше, но пошто ваква држава нема никаде, Македонија во интерес на добрососедските односи разговара и до ден денес.
2001 - Се случи потпишувањето на договорот за Стабилизација и асоцијација со ЕУ, и оп, одма, ете ти конфликт, каде во почетните комуникеа на ОНА беше нагласено дека Албанците се борат за идеите на голема Албанија, каде преку ноќ подоцна се претворија во борци за слобода, иако се случија масакри врз македонските граѓани, исчезнати-киднапирани на кои и ден денес не им се знае судбината, настанот со мотелот Бриони каде се случи карактеристичен терористички чин со разнесување на чуварот со динамит заедно со мотелот, се случи и измачувањето на градежните работници каде со нож меа жигосувани… Се случи да тие борци за човекови права им ја одземат водата на Кумановци (100.000). И сега, „чесниот суд за човекови права и воени злосторства“ најде вина кај легитимните преставници на Македонскиот народ кои беа задолжени за да го заштитат обичниот граѓанин од тероризам, а кај претходните постапки на терористите не најде основа за обвинение. Обвинението на Република Македонија на која и се суди во моментов во Хаг е за употреба на прекумерна сила (!?). Па како треба да се постапи против терористи, како треба да се штити главниот град и целовитоста на државата, со цвеќиња?
Најсвежо - Заканата на Пелопонез за вето во НАТО!
Нашиот јужен сосед се заканува дека ќе стави вето на поканата за приклучување во алијансата доколу Македонија не го смени името.
Останува да видиме дали ќе се случи уште една отстапка од наша страна, но според државнот врв, на прво место е нашето име пред влезот во НАТО.
Вчера во вестите на сител проструи план доколку се случи вето од Пелопонез.
- Македонија веднаш ќе ја прекине привремената спогодба и разговорите за името.
- Македонија ќе побара од ОН, признавање на уставното име.
- Сите Писма адресирани на името FYROM ќе бидат вратени на испраќачот со порака дека стигнало писмо кон непозната земја и дека писмото случајно залутало во Република Македонија.
- Ќе се покрене процедура за враќање на Старото Знаме на Република Македонија.
- Ќе се преименуваат многу населби, улици, универзитети според Антички ликови од Македонската Античка Историја.
…. Итн…
Е сеа да бидам искрен, повеќе сакам Пелопонез да стави вето или одложување на приемот и да се преземат мерките. За да се знае нашиот став, за да бидеме еднаш вистинска држава.
Прашањето подобро би било поставено во формата: Мора ли да излегуваме? Се прашувате каде? и јас се прашувам каде… кај курац планирате да одите, и да отидете ќе посеете војна и ќе се чувствувате загрозени… кој ќе посее војна? Па кој друг ако не тој што ја измислил - Човек!
Ајде сеа да не биде дека пишувам во завиена форма, не ми е целта тоа, целта ми е да се изнервирам и да лупам по тастетурава заради најголемата телевизиска измама и патувањето на Америте на месечината. Измамата сеа предизвикува сомнеж, и секое постигнување или некое далечно патување кон другите небесни објекти за мене ќе биде невистинито…
Неодамна некој типац од НАСА исврли фотографија од Марс нашиот сосед каде според него се забележува хуманоидна форма, навистина на прв поглед личи така, но ако малце се фокусирате многу јасно ќе видите дека се работи за релјеф и сенка која го лаже умот… Зошто толку се трага за друга животна форма надвор од планетата земја? Зошто? Не ми е јасно…
И вечните прашања:
Дали сме сами во овој студен универзум?
Дали има поинтелегентни од нас?
Дали можеме да ги користиме ресурсите?
За мене овие прашања се неважни… затоа што и да сме сами и да не сме сами во овој универзум нема да ми го смени животот, и ако има било каква животна форма сигурно не ги нарушиле природните баланси како што ние тоа го направивме со земјата, а дали можеме да ги искористуваме ресурсите нека мислат оние кои имаат амбиции да се здобијат со матерјална добивка.
Проколнати сме од природата за да не ја напуштиме земјава, ние и припаѓаме на неа и нема што да бараме надвор од неа, можеме само да ги набљудуваме појавите и да им се восхитуваме. Со оваа брзина која може човекот да ја постигне не може многу да се шетка надвор од орбитата на земјата - ќе пцовиса за гравитација, или пак ќе се распадне во некое радијационо поле.
Но, ако некој сака да се занимава со патување во вселената, нека почне да се замара за некласично патување, или пак познато како Wormhole, овој термин е само теорија и претпоставка… но, може во подалечна иднина да се стори тоа, и ако се стори тоа би било во воени цели, затоа што ние не сме мирољубива сорта… за жал сите оние големи откритија се направени за во воени цели, и големите вселенски програми се во врмето на трката по вооружување и територии…
Нашата планета не не крепи веќе, ќе мораме да се вратиме на основата, да и се вратиме на неа и да ја почитуваме… оваа реченица малце испадна како за на писмена по Македонски јазик за шесто одделение, ама така е… Чувајте си го ова што го имате оти не е на арно да се игра со природните закони… А што ако не сте платиле за гравитација и дојдат чичковците и ви ја исклучат… што праиме тогаш? Затоа редовно плаќајте си ја гравитацијата - таа секогаш ни е потребна!