политика | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за политика категорија

Ич не сакам да пишувам за состојбите во нашата земја, но ете пусто не можам да се воздршам, прстите сами ми се лепат до тастетурата.

Земја на отстапувања

Никаде во светот, никаде во универзумот не постои земја како Македонија, никаде не постои ваква нација која само отстапува во интерес на „добрососедските односи“ и во интерес на „добрата воља“. Да почнеме од почетокот… да да, мислам од почетокот кога почнаа да се случуваат преседани. Ќе ги оставам на страна поебувањата од големите сили уште од времето на Карпошовото Востание и ќе започнам со најголемото спрцување на сите времиња. Имено, после помалото за времето на Младотурската револуција кога *Македонската Војска* беше излажана, надежите на Македонците беа свртени кон нападот на Турција од страна на балканските сојузници. Македонците се бореа во првите борбени редови и беа пуштени да изгинат во јуришот за ослободување на татковината, тогаш смртта за татковината беше сметана за света работа… Поразената Турција се повлекува во сегашните граници, а „Ослободената“ Македонија е поделена од сојузниците на на тој срамен за човештвото Букурешки Мировен договор. Македонците не беа прашани.

За време на Првата Светска Војна, Македонците активно учествуваат во борбените дејствија и пак беа изиграни, статусот на Македонците остана ист.

За време на Втората Светска војна, Македонија можеби е единствена ослободена територија без помош на Антифашистичката коалиција, без помош на црвената армија. Македонците сами си ја извојуваа слободата, и тогаш се случи уште една неправда.

Изјава од учесник во ВСВ

Кога Вардарскиот дел на Македонија беше целосно ослободен, ние се спремавме да појдеме и да ги ослободиме и поробените делови - Беломорска и Пиринска Македонија, сите бевме единствени и водени од големата идеа на ВМРО - Слободна и независна Македонија во нејзините етнички граници. Се беше така додека пратеникот на Јосип Брос - Тито не дојде и не ги исшамара комунистичките Белградски поданици каде што им било речено дека Македонија премалку жртви има дадено во НОБ, и доколку сакаат Македонците да добијат федерална држава во Југославија ќе мора да прикажат повеќе жртви…. Тогаш на Скопското Кале се собравме и еден генерал кој беше играч на Белград им кажа на војниците кои сакаат да идат кон Солун нека истапат… Истапија стотици…. (низ солзи),  и сите беа убиени од митралезски оган…

Останатите биле товарени на вагон и однесени да се борат за целосно ослободување на Југославија, дел од нив мислеле дека отидат да се борат на Солунското поле, а всушност загинаа од забите на сремскиот фронт. Беа затворени и убиен: Шатев - непокорниот гемиџија, Рацин - Ликвидиран и потоа лажирана неговата смрт како несреќа, Ченто - Претседателот на АСНОМ, идеалист за независна Македонија, и многу други беа измачувани во Идризово и потоа убиени, дел од Македонските идеалисти за независна Македонија беа квалификувани како Сталинисти и беа однесени на смртоносниот Голи Оток.

По порогласувањето на независноста на Република Македонија почнаа да се отвараат уште врати каде Македонија треба да отстапи. Во Обединетите Нации, нашиот Јужен сосед Пелопонез (Некои ја викаат Грција) го отвори прашањето за Името и знамето на Република Македонија… Македонија направи отстапка и го смени Знамето, а се отворија разговори за името. Иако не требаше, но пошто ваква држава нема никаде, Македонија во интерес на добрососедските односи разговара и до ден денес.

2001 - Се случи потпишувањето на договорот за Стабилизација и асоцијација со ЕУ, и оп, одма, ете ти конфликт, каде во почетните комуникеа на ОНА беше нагласено дека Албанците се борат за идеите на голема Албанија, каде преку ноќ подоцна се претворија во борци за слобода, иако се случија масакри врз македонските граѓани, исчезнати-киднапирани на кои и ден денес не им се знае судбината, настанот со мотелот Бриони каде се случи карактеристичен терористички чин со разнесување на чуварот со динамит заедно со мотелот, се случи и измачувањето на градежните работници каде со нож меа жигосувани… Се случи да тие борци за човекови права им ја одземат водата на Кумановци (100.000). И сега, „чесниот суд за човекови права и воени злосторства“ најде вина кај легитимните преставници на Македонскиот народ кои беа задолжени за да го заштитат обичниот граѓанин од тероризам, а кај претходните постапки на терористите не најде основа за обвинение. Обвинението на Република Македонија на која и се суди во моментов во Хаг е за употреба на прекумерна сила (!?). Па како треба да се постапи против терористи, како треба да се штити главниот град и целовитоста на државата, со цвеќиња?

Најсвежо - Заканата на Пелопонез за вето во НАТО!

Нашиот јужен сосед се заканува дека ќе стави вето на поканата за приклучување во алијансата доколу Македонија не го смени името.

Останува да видиме дали ќе се случи уште една отстапка од наша страна, но според државнот врв, на прво место е нашето име пред влезот во НАТО.

Вчера во вестите на сител проструи план доколку се случи вето од Пелопонез.

- Македонија веднаш ќе ја прекине привремената спогодба и разговорите за името.

- Македонија ќе побара од ОН, признавање на уставното име.

- Сите Писма адресирани на името FYROM ќе бидат вратени на испраќачот со порака дека стигнало писмо кон непозната земја и дека писмото случајно залутало во Република Македонија.

- Ќе се покрене процедура за враќање на Старото Знаме на Република Македонија.

- Ќе се преименуваат многу населби, улици, универзитети според Антички ликови од Македонската Античка Историја.

…. Итн…

Е сеа да бидам искрен, повеќе сакам Пелопонез да стави вето или одложување на приемот и да се преземат мерките. За да се знае нашиот став, за да бидеме еднаш вистинска држава.

Не знам до каде ќе оди ова сецкање, знам од каде почна и полека за деценија и кусур, сонот на големите сили вил кам тру.

Актуелно е прашањето во врска со статусот на Косово кое сеа е протекторат а веќе јасно е дека до крајот на годината ќе добие независност, но не знам на која територија, до каде ќе се протега суверенитетот на идната држава Косово.

По лошиот план на Ахтисари и смешниот термин „набљудувана или условна независност“ и по заканата на Руското вето во советот за безбедност во ОН, се направи една т.н. „тројка“ која е составена од олеснувачи преставници на САД, ЕУ и Русија кои треба да преговараат за статусот на покраината-протекторатот Косово. Неодамна Тројката излезе со предлог кој можеби му одговара на Белград за ПОДЕЛБА НА КОСОВО, што воедно значи кроење на границите. А и да не се случи поделба, извесна е промената на границите. Како што пишував во еден претходен запис по име Планот на големите браќа, Нивниот план е да се направи пара-стабилен балкан, каде тие би ја рчкале работава и тие би ја смирувале со цел да се влијае над малите закарани балкански држави!

Дали ќе има дестабилизација ако дојде до поделба на Косово, т.е. ако Србија притисне да го земе под владение северниот дел на Косово?

Вистинското прашање е дали Косоварите ќе бараат компензација на евентуално изгубената територија? Ако бара компензација во Србија, на пример во областа Прешево, Медвеѓа и Бујановац, тогаш Македнонија може слободно да го поддржи секое решение на Белград и Приштина, но ако Косоварите бараат компензација во Македонија, конкретно во северо-западниот дел, тогаш треба малце умствено да се мобилизираме, да видиме до каде сме, дали имаме сила да го задржиме ова парче земја во неговите постојни граници (мислам на Македонија).

Еве уште едно сценарио: Што ако Албанците изиграат како што знаеле да изиграат со нивната прогресивна политика на барања, па по евентуалното смирување со Србите и компензирање на Српска територија, и по некое време, нашите градоначалници од албанска националност од западниот дел го изнесат населението на изјаснување за припојување кон Косово? Каде Македонија ќе компензира, и дали има капацитет да го спречи тоа?

Мислам дека треба да престанеме да сонуваме за политиката на целовитост на државите, еве сеа веќе почна, омекнаа и србите откако тројката им шепна за Република Српска… Хммм… ете, од таму почнува ланецот на „компензација“… Ете го преседанот, ете еден ланец, јас јасно гледам дека тоа ќе се случи, сите коцки се на маса… А ние… Ние немаме национална стратегија, ние сме мирољубивите и скромни дечки кои сакаме да си го задржиме западниот дел ама неможеме очигледно.

Ако веќе решат да се случи тој ланец, џабе ќе претаме како уловени крапчиња, ќе ни наметнат решение ако немаме… Дали тука треба да го извадиме на маса фамозниот Букурешки мировен договор од 1913? Прашувам, не констатирам. Очигледно балканот не може да биде мултиетничен покрај поранешните фашисти од исток и од запад. Единственото решение за балканот е КРОЕЊЕТО, секогаш преставувало решение, и сега е решение, секако привремено, ништо не е вечно, па ни решенијата. А ние му се смеевме на бугарофиот Љубчо што го поддржа тој план за размена на територии. Ниту Ефремов не го измисли, најверојатно му беше шепнато, па потоа тие што му шепнаа се пишманија, па вториот пат нема да биде шепкање туку ќе биде договор. Ама каков? Дали ја сакаме Македонија како федерална држава со две федерални единици која после ужасот ќе ја изгубиме едната федерална единица, или ја сакаме Македонија како унитарна, со иста квадратура но не со истите граници, или пак ја сакаме Македонија да падне во заборавот поделена помеѓу соседите. Унитарна, суверена Република Македонија која ќе биде членка на Европската унија во овие постојни граници - СЕ СОМНЕВАМ.

Неодамна бевме сведоци на бурни реакции од поранешни функционери за сосема нормална работа, за сосема едноставна работа што може да му се случи на секој обичен човек, па дури и на поранешен претседател на влада или пак претседател на држава. Македонија се одлучи да нема „аристократи“ или пак посебни луѓе кои не се еднакви пред законот. Во Македонија сите треба да одговараат пред законот исто без разлика на тоа каква функција имал во минатото, или пак каква и да е заслуга да имал за државата и народот.

Речиси на почетокот на овој мандат на собранието на РМ, претседателот предложи сите пратеници да се откажат од имунитетот, како што се откажаа пратениците од Романскиот парламент, како акт, и потег дека сите ја поддржуваат борбата против организираниот криминал и корупцијата. Е сеа не знам дали тоа го направија Македонските НАРОДНИ пратеници… Очигледно не!

На почетокот на месецов (август 2007) беше покрената постапка против поранешниот генерал Стамболиски, поранешниот Премиер Бучковски и против директорот на МЗТ ФОП… Двајцата „второ обвинети“ си добија мерка притвор, но прво обвинетиот Бучковски не отиде во притвор. Зашто - Како, никој не знае, знае тој и истражниот судија. Потоа по принесените гаранции, обвинетите кои беа во притвор им беше дозволено да се бранат од слобода. Ако, и тоа е во ред и е законски, но чинот кои го направија пратениците на најголемата опозициска партија не ми наликуваше дека работата е во ред, ми личеше дека им е погодено гнездото… Стоејќи пред судот, имав впечаток дека вршеа притисок врз независната судска „власт“, прво обвинетиот се јавуваше на брат Љубе, и кизнеј на кого не, а сигурно и на Папата (мислам на македонскиот) - како што кажа почитуваната госпоѓа Мирка Велинова. Зашто толку паника ако тврди дека е невин во однос на обвинението?

Друг факт, Префлени се големи сретства од министерството за одбрана на МЗТ ФОП на денот на загинувањето на Претседателот Трајковски. Се прашувам, дали знаеа дека ќе се случи „несреќа“ на тој ден? или пак знаеја дека треба да реагираат брзо и да се спремат за претседателска кампања, на која шеф на штабот беше прво обвинетиот. Дали БЦ знаеше дека не може да ги исполни ветувањата од предизборната кампања, па потоа се бутна во глуфчешката дупка каде се наоѓа претседателската фотеља? Ова не го констатирам, туку се прашувам, затоа што ова смрди…

На пратеникот ВБ му беше одземен имунитетот, па уште не можам да верувам на реакцијата на Шема, Рахич… Ајде Рахиче е негово дете, ама шема плукаше до вчера по него, а сеа беше најимпулсивен… Јас сеуште мислам дека легитимно му беше одземен имунитетот на ВБ, по што гледавме на ТВ една заложничка драма! Не е ништо тоа што некој мавнал со шише или пак некој некого навредувал со погрдни зборови, НО, затворањето на вратата, и потоа пуштањето е невидено во историјата на македонската политика. Ова треба да се казни, како може некој пратеник да ограничи движење на друг пратеник, насилно, со затворање на врата?

Потоа следеа некои напади на влада, кои рака на срце не се знае дали се политички мотивирани, или се работи за криминалци, како и да е тие треба да се пронајдат и да се соочат со правдата. Најголемиот настан околу сево ова мислам дека е писмото до медиумите од Т.Н. „АНА - Илирида“ во кое се повикуваат пратениците и административците албанци да се повлечат и да почант да работат во собранието на илирида… ЕЈ, луѓе, дај да си го ставиме прстот на чело, секогаш кога сегашната опозиција ги губи изборите се случуваат вакви работи… Имаме закана по унитарноста и територијата на нашата Македонија, а вие молчите… Еве цитат од Мак Факс:

Повторно за Илирида и федерализација на Македонија

Скопје, 15.08.2007 10:46

Прогласување на Република Илирида и федерализација на Македонија денеска промовираше Албанското национално движење Илирида (АНДИ), досега непознато и меѓу албанската популација.

Нарушените права на албанците кои се „граѓани од трет ред“ се причина за федерално преуредување, се наведува во анонимното соопштение на АНДИ, срочено со видлив политички дилетантизам.

Движењето, кое тврди дека е формирано во 2004 година, во соопштението покрај ставовите за федерализацијата наведува и дека има претседател, влада и сенат, во сенка, карта на внатрешни граници, како и устав на Република Илирида.

Движењето ги повикува пратениците албанци да го напуштат Собранието и да прогласат парламент на Република Илирида во Тетово. Сите албанци вработени во државната администрација се повикуваат да ги напуштат работните места и да дојдат во „матичната Република“.

Упатен е повик до сите вработени на подрачјето на Република Илирида, да ги напуштат работните места се додека таа не се конституира. Територијата на Република Илирида „до конечната разврска“ ќе ја контролираат сопствени одбранбени трупи и внатрешна контрола, се вели на крајот од соопштението на АНДИ./ крај/ с/р

Не сакам да помислам на најлошото, очигледно дека Мафијата на папата ќе се брани и со оружје но со друг изговор… Како ќе реагираат сега властите не се знае, но треба да се замислат и разознавачките служби, полицијата, армијата дека ние имаме закана по Македонија!

Господ нека ни е на помош!