Поезија | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Поезија категорија

Нафрлена Поезија…

За Зборот

Молчење: зборот дише. Тело урнато
во морето. Молк од оган и музика.
Зборот крвари
со песната своја од прав. Риба
од сенка
ѕвездите што ги голта.
Зборот сам. Возобновен
зборот. Коска оставена
на пустиот брег.
Зборот од вода
каде ја одречувам смртта. Почивка
на сонцето.

Казимиро де брито - љубовта, смртта и други пороци

 

 

Дете седнато спроти морето
(menino sentado frente ao mar)

Молчејќи
Како да не е никој

Како да нема еден број една куќа
Во градот

Како да е обичен корен
Во сенката
што расте

Детенце едно
На карпа седнато
Загледано во морето

 

Казимиро де брито - љубовта, смртта и други пороци