мистерии | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за мистерии категорија

Како мал ми беше страв од вампирите и караконџулите, дедоми ми ги кажуваше приказните, се разбира на мое инсистирање, сега кога ќе се присетам на тоа, сфаќам дека сум купил многу од него, како приказни и народно богатство.

Приказна 1Во некое село во источна Македонија, многу одамна живеел некој овчар кој не се мешал со народ, демек сам си седел на бачилото и доживеал длабока старост. Но дошол судниот ден, се упокоил и го пронашле после два дена мртов во постела, селаните го погребале и овците ги продале и изградиле чешма од парите на сред село.

Но тој да не ми бил боцкан во текот на животот и се повампирил и им досаѓал на селаните, и секоја ноќ се појавувал кај чешмата, им го плашел добитокот, и низа ситни проблеми. Тогаш селаните морале да најдат некој вампирџија кој ги сиктерисувал вампирите и караконџулите… И така се слушнало во соседното село каде што живеел Стојан Вампирџијата, тој ги сиктерисувал на различен начин во зависност за каков вампир станува збор. Овој вампир бил од тие што не можеле да убиваат луѓе, само правел бељи…

Вампирџијата Стојан од соседното село пристигнал со низа лук, крстови, света водица, просо и сите алатки кои се потребни за сиктерисување… Го чекале неколку ноќи, но тој бил паметен вампир и не се појавувал, но искусниот вампирџија бил многу мудар и пред секоја ќуќа во селото посеал просо а под него ставил магарешко трње, ај што ставил пред секоја куќа тој му текнало да стави и околу чешмата која била направена од парите на неговите овци… И така вечерта вампирџијата наредил на селаните да бидат спокојни и да си легнат. Селаните си легнале спокојни и утредента никој не нашол ништо во дворовите, но спонтано се собрале пред чешмата и таму што ќе видат, вампирот се искрутил и се сторил пифтија, имало една вреќа пифтија. Така сиктерисаните вампири се сторуеле пифтија. Селаните го повикале попот да го прочати остатокот од вампирот и го запалиле.

Приказна 2

Некој курајбер си одел низ корзото и го сретнала некоја убава девојка и му рекла дека сака вечерта да ја помине со него, но без допирање и љубење, само сакала да оди некаде на кафе и да се дружи, курајберов прифатил и се изнашетале, пиеле кафе и си муабетеле, така девојката му зборела за вредноста на животот, му кажувала дека треба да се живее секој момент од животот па макар да е и последниот, му рекла да се восхитува на секој убав детал. Така седејќи на девојката и заладило и кавалеров и ја дал кожната јакна, таа ја облекла… Поминало времето и така фраеров ја испраќал пешки девојкава, кога стигнале до нејзината куќа таа рекла: „Еве јас тука живеам, помини утре да си ја земеш јакната.“ И така таа си отишла дома, и курајберов дома….

Утредента тој отишол да си ја земе јакната. Заѕвонил на ѕвончето и излегол средновечен човек, тој ја побарал неа по име и стариов му рекол:

- „Пријателе, нашата керка почина пред 5 години, не знам што ти е, можеби не си знаел ама тоа е за жал“- Како така, не ме лажи, јас вчера со неа излегов и и ја позајмив мојата кожна јакна и ја испратив до тука, таа ми рече да дојдам денес и да си ја земам јакната… - збунето одговорил курајберов…

По кратко полемизирање, таткото на девојката го поканил курајберов да влезе и му ги покажал сликите од загинатата керка, тој потврдил дека со неа излегол и не верувал во приказната за загинувањето на девојката… За да му докаже стариов го земал со него и го одвел на гробишта кај нејзиниот гроб, кога пристигнале таму неговата јакна била закачена на спомен плочата од девојката… Сите биле збунети и сеуште не е јасно што се случило таа вечер…

Оваа вторава прича кога ја слушнав се наежив :)

Има уште многу интересни приказни за вампирите, јас ги почитувам оние приказни кои потекнуваат од нашево поднебје, но не значи дека не се интересни приказните за дракула и другите вампири…