Познато е дека постојат многу гранки на будизмот, во зависност на кои територии на истокот биле раширени и кое учење било пренесувано, Шакјамуни Буда имал 80 различни учења, ние ќе го разгледаме последното негово учење – Лотус учењето или познато како Лотус Сутра (сутра значи учење).
Nichiren Daishonin (1222 – 1282)
Ничирен будизмот е клучот и патот кон просветлување и постигнување на Бодаитет за обичните луге… Ничирен Даишонин го открил патот, тој открил дека со рецитирање на Нам Мјохо Ренге Кјо се постигнува осознавање на мистичната вистина на вашиот живот.
Што е Нам Мјохо Ренге Кјо?
Во секој од карактерите (зборовите) е изразена реалноста на животот, додека пак таа реалност е Мјохо – чудесниот мистичен закон. Тој се нарекува мистичен законзатоа што ја објаснува врската помеѓу взаемната поврзаност на еден животсо сите феномени. Поради тоаоваа Сутра е мудроста на сите Буди.
- Што означува Мјо? – Тоа е едноставно мистериозната суштина на нашиот живот од моментот до моментот кој не може да се сфати преку мислата нито пак да се опише со зборови. Ако во еден момент се запрашате каква е суштината на вашиот Ум, вие нема да можете да забележите ниту боја ниту форма на истиот. Но сепак не може да се рече дека умот не постои затоа што во секој момент ви протекуваат различни мисли – умот не може да се дефинира ни како постоечки ниту пак како непостоечки. Исто така животот не можете да го дефинирате како постоечки ниту пак како непостоечки, но сепак ги манифестира еднаш едниот аспект, друг пат другиот аспект. Во тоа се состои мистичната суштина на СРЕДНИОТ ПАТ, единствената реалност на сите нешта. Мјо е мистичната природа на животот, а Хо – нејзините манифестации.
Ренге е цветот на лотусот, кој ја симболизира чудесната суштина на овој закон (на мистичниот закон). Кога еднаш ќе сватите дека вашиот сопствен живот е Мистичниот закон, тогаш ќе сфатите декатој е исто така и во животот на другите. Ова будење се изразува преку мистичното Кјо, кое исто така претставува и учење.Сутрата на Лотусот е кралица на сите сутри, директен пат кон просветлувањето (буда состојба), бидејќи објаснува дека суштината на нашиот ум од каде што се раѓаат доброто и злото, не е ништо друго освен Мистичниот Закон.
„ Ако имате длабока верба во оваа вистина и рецитирате Мјохо ренге Кјо, ќе достигнете Бодаитет (buddhahood) , без никаков сомнеж, во текот на овој живот.
Поради тоа, речено е во Лотус Сутрата : „После мојата смрт, практикувајте со верба во учењето на Лотосот. Тие што ќе постапат така, без сомнеж ќе постигнат Бодаитет“ не се сомневајте во тоа никогаш ни најмалку.
Чувајте ја вашата верба и дојдете до просветлување во овој живот.
Маклкумина од нас, луѓето од „западниот свет„ знаат што е будизм, кој е Буда – Што е Буда…
Верувам дека 90% од луѓето мислат дека будистите се луѓе кои си ги бричат главите и носат портокалова мантија, се изолираат во мирните места и медитираат, до неодамна делумно мислев и јас дека тоа е така, но после моето истражување го сменив ставот.
За да биде појасно, ќе погледнеме во историјата:
Кој е „Буда“ ?
Буда е секој од нас, но нема тоа да го објаснувам тука во овој оддел, туку ќе се обидам да го опишам животот и делото на Shakyamuni Buddha или Siddhartha Gautama
463 BCE - 383 BCE, Тој е роден под името Siddhartha Gautama во Индија, како принц во благородничко семејство, но тој подоцна се откажува од тој живот и тргнал да ја дознае вистината за страдањето, за животот и смртта, тргнал да го дознае животот… Низ медитација тој ги дознавал мистериите и ги пренесувавл на своите ученици, така тој во својот долг живот има 80 учења, учениците го прифаќале учењето и го пренесувале на различни територии, и оттука постојат повеќе „видови“ будизам. Да го погледнеме последното учење на Шакјамуни:
Последното учење е Лотусовото учење кое Шакјамуни Буда го дал на своите ученици во последните осум години од неговиот живот, и им рекол на своите ученици: „Со сето свое срце отфрлете ги претходниве учења – Ова е совршеното“… Лотусовото учење во тоа време не било доволно разбирливо за практикување, па само одредени луге можеле да го разберат, Шакјамуни го дал учењето и рекол дека после неговата смрт околу 1500 години ќе се појави нов Буда…
Ај да застанам тука и да објаснам што значи Буда.
Буда значи просветлен човек, во смисла човек кој го знае животот и неговата улога. Тоа значи дека Буда ниту е бог, ниту е магијоничар, Шакјамуни е првиот забележан просветлен човек (Буда).
После околу 1500 години од смртта на Шакјамуни се појавил Nichiren Shonin 1222 – 1282 кој се школувал во будистички храм и подоцна станал монах…
Улогата на Ничирен Шонин е тоа што тој го дал клучот и им го покажал патот на обичните луѓе да стигнат до просветленост, тој ја изучувал Лотус сутрата, и го пронашол патот до просветлувањето. Со рецитирање на насловот на Лотус сутрата е исто како да се каже и да се научи целата… тој го напишал и Гохонзонот кој е објект на најголема почит кај будистите денес… (за гохонзонот во наредна прилика)
Ничирен им кажал на луѓето дека Буда не е ништо недостижно и магично, Буда го носи секој човек во себе, а патот до излегувањето на Буда на површината до нас е насловот на Лотус сутрата, и рецитирањето на насловот – Нам Мјохо Ренге Кјо.
Во средниот век по смртта на Ничирен Шонин, будизмот почнале да го следат и обичните луге, почнале да практикуваат со рецитирање на Нам Мјохо Ренге Кјо пред објектот од најголема почит - Гохонзонот…
Ова е малце стилизирано со музика, инаку нема музика, нема продукција, само гласот на тој што медитира.
Следно е: Значењето на Нам Мјохо ренге Кјо, 10-те животни состојби, практикување на Будизам, и за Soka Gakkai International – организацијата која дозволи ширење на будизмот низ светот.
Неодамна добив една инекција од информации и мотив од еден мој стар пријател од мало, не е стар по возраст, мислам стар, го знам од кога знам за мене… Ме праша околу блогирањето, adsense и профи блогирање… Му одговорив: Абе брат, па не знам, не се замарам, еве во Македонската блогосфера два-тројца маткаат и мислам дека нема потреба да се замарам…
Епа после 10 минути муабет се заитересирав да пробам да направам едно блогче со англиска содржина и да аплицирам на програмата на google Adsense и да проверам како оди со заработувањето од фотеља.
Panta Rei одамна ја разработи темата баш како што треба, и може на идните „професионалци да им помогне“
Прочитај нешто повеќе за овој систем од мини-серијалот кој го објавив на мојот блог минатата година:
Па ете, моето тестирање во оваа област полека полека завршува и се претвара во хоби, па можеби ќе се заработи нешто.
Јасно ми е дека постојат луѓе кои сакаат да се изразат преку својот блог, едноставно да ги споделат своите мисли со другите, но не ми е јасно како може некој да губи време со блогот пишувајќи за „својот нов мобилен“, за несмислени глупости, едноставно таква раја има на Блогерај, каде не можеш да ставиш јава скрипт, може да те цензурираат, итн… Едноставно нели ( :)) посетите кои можете да ги постигнете, постигнете ги пишувајќи на тема за која имате многу матерјал или учите/студирате.
Мислам дека поквалитетните деца треба да се зафатат со ова, да почнат да пишуваат на англиски покрај своите миленичиња македонски блогчиња… Пример добри би биле:
Луѓево по светов прават неверојатен профит со блогирање, продавање на веб простор на својот блог, рецензии на производи и слично… На пример Нани од Хонг-Конг е неверојатна, нејзиниот рекорд е 300 долараи за еден ден од CJ акаунтот што го има како блогер, башка од адсенс и другите сервиси кои ги има вклучено. Кај нас се случува само мрчење на безвезни теми (чесни исклучоци), блогерите се замислуваат како новинари, пласираат веќе објавени вести, пишуваат за порно и политика и сето тоа изгубено време е само за нивната потреба да се изразат (што е во ред) без да заработат нешто како што заработува блогерскиот свет надвор од балканот. Google минатата година само од неверојатната програма Adsense имаше профит од околу 100 милијарди (не милиони!) долари а годинава се претпоставува дека ќе има многу повеќе, што значи дека овој бизнис е во подем.
Епа прочитајте, пребарајте совети по интернетот и почнете да заработувате од фотеља. - Ви ги препорачувам текстовите на Panta Rei кои се погоре.
Не знам до каде ќе оди ова сецкање, знам од каде почна и полека за деценија и кусур, сонот на големите сили вил кам тру.
Актуелно е прашањето во врска со статусот на Косово кое сеа е протекторат а веќе јасно е дека до крајот на годината ќе добие независност, но не знам на која територија, до каде ќе се протега суверенитетот на идната држава Косово.
По лошиот план на Ахтисари и смешниот термин „набљудувана или условна независност“ и по заканата на Руското вето во советот за безбедност во ОН, се направи една т.н. „тројка“ која е составена од олеснувачи преставници на САД, ЕУ и Русија кои треба да преговараат за статусот на покраината-протекторатот Косово. Неодамна Тројката излезе со предлог кој можеби му одговара на Белград за ПОДЕЛБА НА КОСОВО, што воедно значи кроење на границите. А и да не се случи поделба, извесна е промената на границите. Како што пишував во еден претходен запис по име Планот на големите браќа, Нивниот план е да се направи пара-стабилен балкан, каде тие би ја рчкале работава и тие би ја смирувале со цел да се влијае над малите закарани балкански држави!
Дали ќе има дестабилизација ако дојде до поделба на Косово, т.е. ако Србија притисне да го земе под владение северниот дел на Косово?
Вистинското прашање е дали Косоварите ќе бараат компензација на евентуално изгубената територија? Ако бара компензација во Србија, на пример во областа Прешево, Медвеѓа и Бујановац, тогаш Македнонија може слободно да го поддржи секое решение на Белград и Приштина, но ако Косоварите бараат компензација во Македонија, конкретно во северо-западниот дел, тогаш треба малце умствено да се мобилизираме, да видиме до каде сме, дали имаме сила да го задржиме ова парче земја во неговите постојни граници (мислам на Македонија).
Еве уште едно сценарио: Што ако Албанците изиграат како што знаеле да изиграат со нивната прогресивна политика на барања, па по евентуалното смирување со Србите и компензирање на Српска територија, и по некое време, нашите градоначалници од албанска националност од западниот дел го изнесат населението на изјаснување за припојување кон Косово? Каде Македонија ќе компензира, и дали има капацитет да го спречи тоа?
Мислам дека треба да престанеме да сонуваме за политиката на целовитост на државите, еве сеа веќе почна, омекнаа и србите откако тројката им шепна за Република Српска… Хммм… ете, од таму почнува ланецот на „компензација“… Ете го преседанот, ете еден ланец, јас јасно гледам дека тоа ќе се случи, сите коцки се на маса… А ние… Ние немаме национална стратегија, ние сме мирољубивите и скромни дечки кои сакаме да си го задржиме западниот дел ама неможеме очигледно.
Ако веќе решат да се случи тој ланец, џабе ќе претаме како уловени крапчиња, ќе ни наметнат решение ако немаме… Дали тука треба да го извадиме на маса фамозниот Букурешки мировен договор од 1913? Прашувам, не констатирам. Очигледно балканот не може да биде мултиетничен покрај поранешните фашисти од исток и од запад. Единственото решение за балканот е КРОЕЊЕТО, секогаш преставувало решение, и сега е решение, секако привремено, ништо не е вечно, па ни решенијата. А ние му се смеевме на бугарофиот Љубчо што го поддржа тој план за размена на територии. Ниту Ефремов не го измисли, најверојатно му беше шепнато, па потоа тие што му шепнаа се пишманија, па вториот пат нема да биде шепкање туку ќе биде договор. Ама каков? Дали ја сакаме Македонија како федерална држава со две федерални единици која после ужасот ќе ја изгубиме едната федерална единица, или ја сакаме Македонија како унитарна, со иста квадратура но не со истите граници, или пак ја сакаме Македонија да падне во заборавот поделена помеѓу соседите. Унитарна, суверена Република Македонија која ќе биде членка на Европската унија во овие постојни граници - СЕ СОМНЕВАМ.
Медитацијата се објаснува како фаза на обид на концентрација на некој објект од реалноста или на некое сознание. Обично се обрнува внимание на духовното во својот ум. Медитацијата е препознатлива како компонента од „Источните религии“ каде таа била тренирана и практикувана повеќе од 5000 години. Подоцна е исто така прифатена и во западните култури. Исто така се опфаќаат најразлични духовни практики со што се нагласува менталната активност. Медитацијата може да биде употребувана за личен умствен развој, или фокусирање на мозокот кон „бога“ (или кон нешто возвишено, зависно од личноста што смета за возвишено, може да биде сонцето…).
Зборот Медитација потекнува од латинскиот збор meditatio, кој оригинално индицира на секој тип на физичка или ментална вежба. Зборот медитација во западната Христијанска традиција реферира генерално на повеќе активни вежби, или како рефлексија на некоја практична тема како што е „ медитација на страдањата на Христос“..
Медитацијата во модерна смисла упатува на Јога медитација која произлеува од Индија.
Медитацијата најчесто е дефинирана како еден од следниве термини:
Фаза на релаксирана концентрација нна реалноста во даден момент
Фаза која се знае кога умот се „разложува“ и е слободен за сите мисли
„Концентрација со која се обидува да се ослободи од вознемиреност и со која се фокусираме кон „бога“
Фокусирање на умот на одреден објект (како на пример на религиозна статуа)
Ментално „отварање“ кон нешто боженствено и повикување на некоја виша сила
Суштинска аналлиза на религиозните учители (како непостојаноста, за Будистите).
Од филозофска гледна точка, медитацијата може да наведува на некоја изменета фаза на свесност.
Продолжува медитација низ религиите, првата религија е будизмот, а во некој друг пост ќе има низ повеќето религии… На „читај повеќе“ се опишува медитацијата во Будизмот