Дизајн | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Дизајн категорија

Илустрации прв дел

Викаат дека мрзата е мајка на изумителството, па така пред некое време ме мрзеше да барам големи слики од Чегевара, или појма немам како беше, па зедов илустратор и ја прецртав сликата, па еве ако некој има проблем како што имав јас, нека му послужи векторизираниот Чегевара… Покрај него ќе ви дадам на користење две логоа од две екипи од НБА… Шо знаете може ќе ви затреба :)

Ај прво ЧЕ

.zip архива, тежи околу 900 килобајти, изворната датотека е во .аi се е поделено на леери, исто така можете и боите да ги смените, да ја тргнете позадината зелена или било како да си го прилагодите векторов.

НБА логоа

 

Тоа е тоа, векторско е исто така е .zip а изворната датотека е во .ai и така натаму… тежи 250 килобајти… клик на сликата за преземање, исто така и за претходната датотека требаш да ви пишам да кликнете на сликата за преземање :)

Неодамна брчкав по туториали за Adobe Illustrator, и налетав на едно прекрасно парче…

Како да ги нацртате цвеќињава?

Ете, сеа ТУКА ќе кликнете и ќе го земете изворната датотека (.ai) и е снимена во Illustrator CS2. Ова можете да го искористите и како некоја честитка или картичка, или пак со комбинација можете да ги искористите во некој дизајн на постер или… појма немам, прајте што ќе праите :)

Инаку да не заборавам, туториалот се наоѓа ТУКА на англиски е, се надевам дека нема да има проблеми :)