Вести | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Вести категорија

Записот е препишан од кај Вуната

Ги повикувам сите студенти да дојдат.

Прошлата недела бевме на Правен, сега продолжуваме на три други факултети:

  • четврток, 05 јуни, 19.00 - Филозофски факултет (амф. 4)
  • петок, 06 јуни, 18.00 - пред Електро
  • понеделник, 09 јуни, 19.00 - ПМФ (институт за Антропологија и етнологија)

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1968 И АНИМИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО БОРБАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈА!

Реални сме, токму затоа и го бараме невозможното - отворена трибина за отворени луѓе - кој може, нека улета!

15 години Елфаско

15 години постојано немирување, 15 години орање по интелектуални ниви, 15 години вознемирување на студентите, 15 години Слобода…

Елфаско

Со полна уста можам да кажам дека Елфаско е првиот независен медиум во независна Република Македонија, регистрирани сме малце пред А1… Елфаско постои од 13 јануари 1993 година, првиот број на елфаско е умножен на копир, па подоцна почнува развојот… Со него излегува и помалото братче наречено ЕлFuckСо, кој е екстра хумуристичен додаток… Во 2005 година со елфаско излезе и првото мултимедијално CD со смешни видео клипови, книги, софтвер и други занимливости.

Елфаско во овие 15 години никогаш не посегна да се занимава со политика и партии, секогаш елфаско беше и ќе биде свртено кон студентските работи, забавата на студентите и нивниот сексуален живот а и сексуалниот живот на професорите, културата, филмот, науката, научната фантастика, и добриот хумор. Во овие 15 години, Елфаско беше финансирано од Електротехничкиот факултет (подоцна ФЕИТ), покрај финансиите тие технички помагаа.

Набргу ќе излезе Елфаско #52 кој е во колор… Наскоро ќе ве поканам сите да дојдете на забавата на Елфаско која ќе се одржи после надминувањето на некои ситни а можеби и крупни проблеми низ кои поминува Елфаско. Ни се заканува укинување од страна на ФЕИТ, односно прекин на помошта без која Елфаско не може да опстои, нивното објаснување не е објаснување, ни кажуваат дека премногу сме биле слободни во изразувањето… не сме имале цензури… дрн, дрн јариња. Но ние нема да ги фрлиме овие 15 години туку така, ќе се бориме за Елфаско со сите методи кои не ги прекршуваат законите, ако треба пак ќе излеземе принтани и умножени на копир,или пак ќе има веб верзија на Елфаско, и нема на никого да го направиме ќејфот…

Бакнежи рој - Елфаско!

Каква радост за мене, каква радост за родителите на Леон! Леон е сега здраво дете благодарение на луѓето кои донираа, на фондот за здравство и нашата љубов!

Кога ви побарав помош да препишете и да донирате од тука цврсто верував дека ќе се успее во целта.

Комбиниран лекарски тим од Белгија и Македонија во Брисел успешно направија транслација на црн дроб на малиот Леон, донатор беше неговата мајка…

Оваа вест ме направи посреќен од било кога во животов, посреќен од најсреќниот добитник на 1000000$.

Сакам да ви честитам на хуманоста на вас, Блогерите кои го препишавте записот и дониравте, направите „манастир“, спасивте живот!

Големо Благодарам!

Денес одлучив после долго размислување да ја поддржам петицијата „Не пиеме нафта“

Оваа петиција ја започна Анастас Вангели - Вуна и таа е за повлекување на Македонските војници од Ирак. Мисијата слобода за ирак е во суштина „Окупација за Ирак“

Садам падна, го нема, разбиени се терористите, мислам дека време е Ирак сам да си воспостави власт.

 

 

Денеска од досада го потсредив изгледот на блогов, инсталирав неколку додатоци и мислам дека сеа побрзо се отвара и има еден „магазин момент“ со првата буква од записот, мислам дека супер изгледа… сакам да го средам и хедерот, само треба да добијам креативен момент и да го направам.

Знаете дека многу го рчкам изгледот ама тоа е сеа се стремам се повеќе до посакуваниот изглед… Сакам во оваа прилика да му честитам на Рибаро за новиот дизајн на неговиот блог, баш ми се допаѓа…

Тоа е, имам нешто во глава за да пишам ама ме мрзи, во последно време многу мрза ме фаќа, дали дека почна грејната сезона и од топлово ме убива дремка…

Нека не биде заборавен

Не знам… никогаш не го слушав ниту сум му бил на концерт, но секогаш викав:

Тошка е еден добар изведувач, со одличен глас, но не е музичар, но многу го почитувам заради неговата хуманост

Тошка многу остави зад себе, многу излечени дечиња кои беа болни, многу среќни душички покрај неговата песна, многу обожаватели и обожавателки. Тој беше неверојатен патриот, хуманист и што е најважно беше неверојатен ЧОВЕК!

Почивај во мир другар… :(