Блогирање | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Архива за Блогирање категорија

Ih haben keine Lust

Како што кажува насловот, без мотив сум, немам мотив за јавно обраќање, па лето е и јас сакам да се одморам од мониторот но никако не ми го дозволуваат тоа… Без мотив сум исклучиво кога ќе се појавам пред мониторот… Само да ви кажам дека постојам и ви спремам специјално нешто…. СЕРИЈА ОД ЗАПИСИ :) меѓусебно поврзани приказни, сказни, слатки и горки, миризливи и смрдливи, опасни и убиствени.

Државна администрација не е заебанција, па и револуционер не е заебанција, не е заебанција ни вордпресов, ни него немам време да го ажурирам во 2,6…

До следно брзо читање, ментална мастурбација, слевање на мисли во единици и нули, влегувње во мониторот и повторно свежо излегување.

На Македонски е малку тешко да се преведе Widget, па јас си го напреков елемент… Корисниците на Вордпрес во оделот Презентација можат да додаваат елементи од страничната лента, покрај стандардните може да се додадат и текст и RSS елементи, а во поновите верзии како во 2.3.1 и 2.3.2 можат да се додадат и елементи за „Категорија“.

На сликата обележаното е целта на овој текст, стандардно при стандардна инсталација на Вордпрес, максималниот број на текст Елементи е 9, и не секогаш се доволни… Благодарение на http://arheo.com.mk , која имаше потреба за повеќе текст елементи, се подбуцнав да најдам додаток (plugin), откако не најдов се помачив малку со функциите во widgets.php. Оваа датотека во новата 2.3.2 се наоѓа во /wp-includes

Ајде сеа да преминеме на упатството како да го зголемите бројот на текст елементи.

1. Преку FTP или било како преземете ја датотеката widgets.php ( /wp-includes/widgets.php) и направете сигурносна копија или по позната како Back Up

2. Барајте го стрингот widget_text_setup() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9; и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на двете места каде што има

 

function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 9 ) $number = 9;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}

Измената би била:
function wp_widget_text_setup() {
$options = $newoptions = get_option('widget_text');
if ( isset($_POST['text-number-submit']) ) {
$number = (int) $_POST['text-number'];
if ( $number > 30 ) $number = 30;
if ( $number < 1 ) $number = 1;
$newoptions['number'] = $number;
}

3. Барајте го стрингот widget_text_register() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: if ( $number > 9 ) $number = 9;
for ($i = 1; $i <= 9; $i++)
и на местото на 9 ставете го саканиот број на текстуални елементи (пример 30), променувате на сите места каде што има 9 (сите во оваа класа)

 

4. Барајте го стрингот widget_text_page() (Едноставно во ноутпад или било кој едитор со Ctrl+F), Во оваа фукција најдете го стрингот: <?php for ( $i = 1; $i < 10; ++$i ) echo

Во овој стринг, на местото на 10 ставете го саканиот број на текст елементи плус еден (пример: сакам 30 елементи и тука ставам 31, значи n+1)

5. Зачувајте го документот под истото име widgets.php, и качете го во папката каде што се наоѓа /wp-includes/widgets.php, прелепете го врз стариот widgets.php

Во администрацијата во одделот презентација/елементи на местото на „Колку текстуални елементи ви се потребни“ во паѓачкото мени ќе имате онолку колку што сте ставиле, според примеров горе јас ставив 30.

Се надевам дека ова упатство придонесува во развојот на блогерството на сопствената и најдобра блог платформа Вордпрес.

Забелешка:

За некои верзии на Вордпрес користете го ова упатство

Случајно најдов еден добар и корисен додаток познат како plugin за вордпрес. Се работи за интеграција на повеќе слики во пост, па не мора и повеќе слики, може и една да биде, и да не ја ставате да биде огромна, можете да го ставите мало сличето и кога ќе кликне некој на неа таа се зголемува…

Клик на сликата и ќе се зголеми :)

За Блогот

За да казните некого треба само да му ја одземете слободата, таа ни е дадена за да ја имаме, за да самите пресудуваме и да не се водиме по други размислувања.
Слободата на умот е слободата на човекот, затоа што умот е во најголема складност со телото, телото и умот се взаемно зависни, едни без други не можат.

Секој ден се трудам да ги ставам во хармонија телото и умот, слободен ум со слободно тело во хармонија е совршенството што еден човек може да го постигне пред да се раздели од своето тело. Еден ден ќе го постигнам совршенството…

Совршенството и почитувањето на слободата не се состои ако ги ставите во хармонија телото и умот, туку и да ја почитувате слободата и интимата на другите, да не дозволите некој да се чувствува глупаво во ваше присуство, да не биде некој оштетен и повреден, но секогаш се додека не го постигнете совршенството ќе правите грешки.

Клик на сликата да те видам :)

Дали можеме да изградиме одбрамбен штит кој ќе ни служи да се заштитиме од околината, од ДОГМАТА, одвлијанието на црвите кои не демнеат во секој миг? Мислам дека може, со едноставно резервирано прифаќање на другите ставови, со длабоко размислување на секоја тема која ни ја наметнува денешницата. Само така ќе останеме неуништиви, силни со сите три точки кои треба да ги поседува секој човек, тие се наоѓаат: На главата, во Градите, и една која се наога малце подоле од стомакот. Кога тие три точки ќе комуницираат меѓу себе, тогаш ќе поседувате моќ за да го освоите светот. Обидете се да се спротиставите на мислењето со кое не се сложувате без оглед на последиците - така ќе ја покажете третата точка, кажете ја вистината во лице, кажете на некого/некоја „те сакам“ - Така ќе ја истакнете точката која се наоѓа во градите, Премолчете кога некој упорно се обидува да ви докаже нешто на кое не му верувате - Така ќе ја истакнете првата точка која се наоѓа на главата.

До победа секогаш, сонувајте за да имате, љубете за да бидете љубени, кажете ја вистината на време затоа што кога-тогаш таа ќе исплива на површинат.

Врска до страницата каде што можете да го симнете додатокот: http://www.stuff.yellowswordfish.com/enlarger/

Како прво можам да го цитирам Рамбо Амадеус кој на денешното гостување на Радио Равел по којзнае кој пат ја кажа дефиницијата за турбо-фок

Турбофолк е кога прост човек ќе дојде во контакт со технологија

Ете, така јас го дефинирам постоењето на некои блогери на блогерајот, нели со чесни исклучоци кои сеуште не сфатиле дека треба да си се преселат на сопствена блогерска платформа како што е Вордпресов.

Како друго (и останато се за разлика од првото), можам да кажам дека таа заедница која повеќето ја сочинуваат луѓе кои не знаат што е блог и целта на блогирањето може да влијае на вас како блогери и како слободни мислители. Исто така кога припаѓав (на кратко) на таа заедница се чувствував врзан, со ич контрола на својот блог и со заебан тул бар на врвот кој ужасно ме нервираше. Таму ме нервираат и оние националисти кои се караат со бугарчињата кои немаат што да прават во животот и пишуваат на сервисот… Исто така во оваа нафрленка од мисли ми дојде да кажам за палчковците кои сакаат да се најдат на насловната страна на блогерајот па цимолат на админот за да ги стави на насловна…

Многу е успорен блогерај, не знам зашто, сеа почнаа да го ротираат админот на насловната страна, ќе има тепачки, беспотребно… Наместо да ја градиме заедницата на блогерите кои ќе значат нешто во општеството ние се караме кој да биде на насловна или мак Маша ќе пишува за својот нов мобилен телефон а од друга страна анти блогот на Маша ќе прави пародии. Друго, почнаа да мислат дека блогерите се за во затвор и за во лудница - БРАВО!!!

Планирам во скоро време да си земам сопствен домејн .info па размислувам и да си купам сопствен хостинг, само да видам со овој што и како можам да направам со името да постои и овој домејн и новиот… Еве има еден успешен пример на блогер - gemidjy супер, и јас ќе си регистрирам име… Веќе благодарение на кајмакот македонските блогери си изградија една заедница, каде ако милува некој ќе гласа и ќе ја има популарна страната.

Ете затоа деца убаво е да го користите Вордпрес како сопствена блогерска платформа, ќе си бидете слободни, свои и најважно ќе се гордеете што користите слободен софтвер како блог платформа :)