Приказна за една стварност во присуство на отсуство *05 | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Од таму од даличната црнила во сонот, во спојот со нејзиниот универзум, кон неа се движеше прекрасен маж со златна коса бујна и долга, висок и строен, и ја повикуваше со раката кон него, Марија доби некоја божествена сила и лебдеше кон него, ја водеше на неговите места каде што течеја и жубореа гласно водопадите, облаците се љубеа со нив, боите на небото се прелеваа од виолетова до црвена. За прв пат сонуваше во боја, и одеднаш во сонот Тој и Таа замавнуваа со белите крилја, не беше свесна дека луѓето немаат крилја, се спуштаа до водопадите и се извишуваа кон небото држејќи се за раката – сонот траеше невообичаено долго, како да беше јаве, таа не ни помислуваше да проговори со непознатиот ангел кој ја носеше до недопрените рајски предели на универзумот, не сакаше убавината да престане никогаш, сакаше да остане вечно со крилјата на рамената…

 

„Разбуди се!“ – заповеда златокосиот ангел

„Не“ – Не сакам, не, те молам, сакам да останам вечно со тебе…

Се насмевна златокосиот и ја пипна по носето, и одеднаш таа илузија од сон прекина, го гледаше бледо белиот плафон од спалната соба, на нејзините очиња се појавија неколку необјаснети солзи од необјаснети чувства, во градите и скокаше забрзано жебчето нејзино. Се сврте и повторно сакаше да ја совлада истиот сон, но нејзиониот обид за да продолжи со илузијата не беше успешен… се чувствуваше како гладно дете кога ќе земе цуцла, задоволството од илузијата го поттикнуваше нејзиното его да се предаде, да се исполни, го наоѓаше Искариотски во себе, го бараше нечесниот да и понуди договор, го бараше неговото перо и хартија.

„Каде си сега, те барам, сакам да ти ја дадам душата за оваа илузија да стане реалност!“ – го изрече тоа на глас, и продолжи да се превртува во креветот како Мрена. Присуствуваше таа во тоа отсуство, прусуствуваше неколку мигиви во илузијата која изобилува со отсуство на реалност. Продолжи да спие како јагненце нацицано.

****

 

Лежиш искривен, небалансиран на мекиот душек… ногата твоја е заробена во праги бели, устата ти е испукана од отровите и дрогата, заробена ти е раката од иглата низ која тече вештачка храна. Очаен си друшкане, само што ти се случи најголемата физичка повреда, далеку си од дома, далеку си од земјата родна, тука немаш никого освен една потполно непозната асистентка која те посетува одвреме-навреме во оваа дупка, во оваа просторија каде што почнуваат и завршуваат со мисија многу души, дупка каде што несвесните духови го бараат своето тело, незнаејќи го ангелот кој треба да им го покаже патот. Не го знаеш патот ниту ти, ниту пак некој околу тебе, само чекаш, и чекаш некој да те одведе, чекаш на пустата станица каде што го нема возот веќе две илјади години, со него замина Тој, со него замина семоќниот и те остави тебе да чекаш на неговото второ враќање. Почнуваат да ти течат солзи, на таа станица под големиот часовник беше распнат Тој на крстот дрвен, истиот Тој распнатиот во твојата болничка соба, нарезбан на ореово дрво – таква резба како што правеа големите мајстори од Македонија. Седиш спроти него на станицата пуста, тој распнат а ти слободен оставен да чекаш цела вечност за да се врати Тој, гледаш во далечината и се гледаш себе, се гледаш распнат на креветот со една крената нога, со фластер на аркадата и игли на рацете, врзан на креветот со ремени како што него го врзаа со клинци на рацете и нозете. Плачеш во таа илузија, и пцуеш по името негово, го проколнуваш зашто те остави да го чекаш да се врати…

И додека ти си сам со станицата, на твојот грб чувствуваш топла рака како те стиска за рамето, говор на тело што вика: „Мора да издржиш“, се вртиш и не гледаш никој, нема, станицата е празна. Можеби тој стисок беше од Него, распнатиот на крстот, Тој е тука – ти поминува мислата, ти поминува надеж дека си моќен, тека Тој е семоќен и ќе ти помогне, иако не го гледаш кога очите ти се отворени, но тој е тука кога ти ќе ги затвориш очите.

Мислиш дека си сам, сам си! Нема никој. И штотуку ти помина таа мисла од западното вратуле излезе станичарот со ѕрцала големи и мустаки несредени, го гледаш како доаѓа и те повикува:

-Наваму- со неговата рака те упати кон неговата врата

- Зошто? – го прашуваш уплакано.

- Повели, тука се раскажуваат сите приказни, тука се одговараат сите прашања, оваа станица е станица на знаењето.

Одиш по патот кој ти го покажаа станичарот, влегуваш низ вратата, седнуваш на фотељата во удобната собичка, наместена е како што ги местат психијатриските ординации.

„Здраво Марко, јас сум станичарот Иван, веќе долго време сум на оваа станица“

Благопријатно се претстави станичарот, го засука мустакот и го запали дрвеното луле.

„Зашто сум тука, од кај јас тука, не ми е јасно, јас бев во болницата и само што ме оперираа и одеднаш се најдов тука..  -  го прашуваш и со чудење чекаш одговор.

- Момче, многу брзо сакаш да ја дознаеш причината зашто си тука, едноставно тука си, и ќе си раскажуваме приказни, знаеш… Ова е место каде што се раскажуваат приказни.

Продолжува во печатена или електорнска верзија издадена под Криејтив Комонс 



Напиши коментар

Име: (Задолжително)

eПошта: (Задолжително)

Сајт/Блог:

Коментар: