Приказна за една стварност во присуство на отсуство *03 | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Прекршува саботата, ти марко лежиш на креветот, твоите цимери во болничката соба беа сите заминати, ти си сам, затемнето е, немаш цигари, го немаш отровот кој те донесе тука, а ја нема и добрата самовила која ти помогна да дојдеш тука, да дојдеш тука и да оздравиш. Жеден си за вода и друштво… Излегуваш до тоалетот, одиш по лизгавите плочки со болничките папучи, ти се тресат нозете, слаб си друшкане од долгото лежење, секоја клетка од твоето тело сеуште спие… Си велиш „Среќен ќе бидам да успеам да останам на нозе, ако ме изневерат, коска здрава нема да остане од мене…“ се движиш полека кон машкиот тоалет, влегуваш и под болничката пижама го вадиш пенисот за да уринираш, го држиш во рака како туѓо тело… Не е ова твојот пенис, не си свесен дека нешто виси во центарот на телото а ти не го осеќаш, почнува да тече урината – гледаш дека тече, те печат мочните канали, печат се до излезот, но ти пак не го чувствуваш пенисот… Завршуваш со уринирање и се враќаш во твојата соба, таа соба мрачна и тивка како твојот универзум… легнуваш и потем влегува дежурниот болничар кој ти ги носеше лековите за твојата рехабилитација со чаша вода и ти вели да ги испеш аповите, ги пиеш и му го раскажуваш случајот од тоалетот, тој те погледува сомничаво и ти вели дека тоа е од терапијата што ја примаш, заминува а тебе ти спаѓа мачнината од лошото искуство… Те обзема сонот, после колапсот многу почесто си роб на сонот, твоите очи се почесто те изневеруваа…

 

И тече сонот, ти си во родното ти Скопје во градскиот парк, седиш на клупата каде што седевте Ти и твојата љубовница од стариот крај, седиш сам и го гледаш белиот самујет кој трчкаше секогаш во овој дел од паркот, а по него викаше неговиот стопан, седиш и одеднаш ете ја љубовницата, се гушкате, се бакнувате, а таа ти вели:

„Не можам да ја пречекорам клупата како што ја пречекори ти, ќе се разлее крвта, вир ќе направам – критични денови во месецот“, ти се грчиш за да допреш до нејзините усни, се укочуваш а таа се настранува… Прашуваш зачудено:

„Што се случува, нешто не е во ред?“

- „Супер си ти, само јас сум напната, не ми е до бакнување“ – несигурно ти одговара, ти се поместуваш и размислуваш… Размислуваш како да го почнеш разговорот кој никогаш не сакаш да го почнеш…

Молчите и потем почнуваш да го менуваш гласот од благ и заљубен во сериозен, тивок и сигурен:

„Дали за ова кратко време си ме изневерила, те молам биди искрена и ќе го ценам тоа, повеќе ќе ме повредиш ако ме излажеш?“ - Молиш како мало дете за искрен одговор…

Таа молчи, те погледнува и почнува да збори обземена од трема, уплашена од твојата реакција: „Да, тоа се случи… ми заѕвони анонимен повик… ми рече да излезам надвор, излегов надвор… го видов како седи на клупата пред мојот влез, не можев да му одолеам, и тој ден го поминав со него, мојот поранешен љубовник од југот на Македонија“…

Прекинува, ја ведне главата и ја чека твојата реакција, ти погледнуваш на страна, ја гледаш ладнокрвно и ја прашуваш: „Што мислиш за нашата врска, дали сакаш да го оставиме на страна минатото и да продолжиме со нови сили, јас ќе згазам на моето достоинство…“, прекинуваш, немаш сила да продолжиш да збориш, како давеник се фаќаш за последната сламка, иако таа ти мочаше во чашата од која заедно пиете вода…

„Не! Мислам дека треба да прекинеме, мислам дека треба да имаме еден вид на посебна пријателска врска, така би се однесувала подобро со тебе, вака само те мачам…“ Прекинува и таа, не може да те гледа во очи и да ја продолжи мислата, за неа мислата беше светост, па собра сила и продолжи : „…Јас ќе заминам, ти тоа неможеш да го поднесеш, ќе се вратам за кратко, па повторно нема да можеш да се соочиш со моите постапки, така би те замолила да ми простиш, и да продолжиме да пиеме кафенца како најдобри пријателчиња…“

Се будиш од сонот, гледаш дека си во проклетата болница, сам, во темното, таму каде што домарот ти ја зеде светлината, размислуваш за сонот, таков сон немаше сонето, ова беше сон-сеќавање, но, реалното сеќавање не беше потполно исто со сонот, се измеша едно виртуелно сеќавање со реално сеќавање…

Не можеш да заспиеш, те стега нешто во простатата, па тргнуваш кон тоалетот, одиш а на нозете покрај тешките дрвени болнички папучи ти се закачени камења, тешки, се движиш тешко… одиш во тоалетот и пред да го извадиш мртвото израсточе се лизгаш на проклетите миени плочки и се струполуваш близу радијаторот… Болка! Чувствуваш огромна болка на левата натколеница, гледаш голема количина крв како се шири по мазните плочки… Почнуваш да викаш по помош… Снеможуваш и пак се онесвестуваш… пак си заедно со тивкиот и големиот твој отец создател, невидливиот кога ги отвараш очите, а видлив кога ќе ги зарвориш, те зема пак во твоите пазуви…

Продолжува…



Напиши коментар

Име: (Задолжително)

eПошта: (Задолжително)

Сајт/Блог:

Коментар: