Приказна за една стварност во присуство на отсуство *02
Напишано на авг 20, 2008 под Раскази |:: Почетокот на приказната тука :::: Прво продолжение тука ::
Е сеа второто продолжение подоле
Нешто ја заскокотка по очите долгоногата антилопа, се вртеше по постелата, сонот ја држеше во заложништво, одеднаш по нејзиното тело протече млеко, струја од млечно задоволство, нејзината свилена ноќница беше собрана во нејзиното меѓуножје, се вртеше те-лево те-десно, не можеше да се ослободи ниту од канџите на сонот, ниту од скокоткањето на сонцето и млечната струја… Потсвесниот часовник отчука будење иако беше сабота, немаше никакви обврски. Се подразбуди од сонот тежок, прангите поставени на очите мачевито ги скрши, чувсвуваше некоја слобода во градите, чувствуваше нешто познаато, чувсвтво кое се случило во некоја чудна агрегатна состојба, не во оваа, сигурно во некоја гасовита – ѕвездена состојба, и подрипнуваше малото мускулче под препоната, карлицата беше потполно нестабилна, не можеше да ги повела колената… чувствуваше задоволство како што може да чувствува прегладнето дете кое по цела вечност добива цуцла од родителите… го голташе задоволството брзо… низ нејзиното големо чело се слеа пот.
Што ми се случува, ова е некое задоволство непознато, ова го немав порано почувствувано – се прашуваше антилопата и се чудеше на чувството, недоумицата прекина кога погледна дека нејзината ноќница беше натопена со пот и телесна течност од нејзиното меѓуножје.Го доживеа зборот зборуван од тинеџерските денови зборуван, зборуван од еснавот и недоживеан, доживеан доцна на своите 29, струја, задовволство, цуцли децки… Доживеа оргазам во сонот, оргазам предизвикан од заборавен сонуван сон.
Живееше сама, одсекогаш сакаше да има ваков стан, сакаше да живее сама и да ги предизвикува мачорестите господа, сакаше да биде забележана, никогаш не сакаше да биде врзана за еден човек, не сакаше да биде во гулапски пар… Таа и затоа доживеа оргазам, немаше доживеано вистински оргазам со маж, свршуваше само кога ќе правеше чудесни игри во со тушот и зеленчукот. Не се беше отворила многу одамна, нејзината мрена меше недопрена од маж уште од првите денови од нејзиниот академски живот
Го зеде нејзиното портмоне со козметика, во него беше и џиш црвениот кармин што го ставаше во специјални прилики, стави и јака шминка, на нејзините капаци се појавија црни облачиња од хемија, скапа, сакаше да ги истакне нејзините црни очи преку црната хемија. Потем излезе од бањата, ја наметна црвената марама на главата, го зема црниот кожен капут од закачалката и излезе брзо, во нејзин стил, антилопски со брзи чекори… Се упати да го посети нејзиниот нов пријател и студент кој за некој ден треба да ја напушти болницата. Суштеството кое излезе од својата савана го чекаше лифтот, чекаше и нервозно тропкаше со црната чизма со хармонични удари по подот, се забележуваше нетрпението и нејзиниот немирен дух. Од лифтот излезе нејзиниот чуден сосед кој никогаш не го разбираше, не ги разбираше неговите бесмислени извртувања на разговорите.
„Добар ден комшија, некаде брзате, се забележува…“ – Климна со главата малата антилопа и чекаше веднаш бесмислен одговор од чудниот сосед.
„Ќе мора да се согласам со вас, иако тоа може да биде и кобно, ќе мора да го оставам потписот“ – збунето, но сигурно одговори на предизвикот гологлавиот чудак.Брзаше кон болницата, брзаше секогаш, секогаш мислеше дека среќата ќе избега, затоа чекореше и возеше со голема брзина.
Ти господине Марко Јаневски од Скопје, студент на на технички науки во далечната земја, седеше закрепнат на болничкиот кревет, твојата сила полека се враќаше, физичките болки и не ти беа важни, те боли раката, те поли секое движење на очите, седиш и го анализираш белиод ѕид на кој тој што умре беше претставен и изделан во дрво, изделан на дрво како што беше распнат на крстот, Тој што умре за тебе и смртта со смрт ја победи, јагнето божјо пуштено меѓу волци… Имате во моментов многу заеднички работи, и ти беше пуштен меѓу волци и непознати, и ти умре во нужникот на факултетот, и ти со љубов ја победи смртта и сега го гледаш него, твојот пример, твојот пастир и водич во оваа непозната земја.
Очекуваш да дојде некој, очекуваш и чувствуваш некоја топлина, знаеш дека ќе се појави она тропање, оној брз од, она што го слушаше додека беше со својот отец, додека го гледаше како танцува во темнината со тишината, додека тој те глеше во своите пазуви, таа со своите чевли ти создаваше ритам и со својот заштитнички бакнеж те милуваше по челото.
Чувствуваш дека се повеќе те облева некоја енергија, дека личноста што не не знаеш како изгледа, се наближува, дека е тука со духот, и се вртиш кон влезот на собата, и ја гледаш неа, гледаш светлина, ги затвораш очите за да го идентификуваш одот… Тоа е таа, тоа е таа, тоа е таа одекнува во твојата глава… Тоа е таа, мојата нова асистентка ме посетуваше и ми дари заштитништво и љубов кога бев сам со мојот универзум. Констатираш во себе и климаш со затворени очи додека таа се наближува и те погалува по челото, ги отвараш очите и пред носот гледаш две очиња крупни сафирни, гледаш бузе нацрвено со џиш кармин… се одалечува и седнува на спротивниот кревет.
Те прашува: „Како си?“ а ти ги собираш рамењата без да кажеш ништо, потоа слушаш едно загрижено гласче како грижливо ги опишува последиците од пушењето, ти кажува статистика, те труе со податоци, а ти ококорен гледаш како тие две нацрвени бузиња се движат, и се гризат.
Настана молк, прашуваш: „ Извини, не ви го знам името?“ и добиваш повратен одговор од бузињата нацрвени полни: „Не ми персирај мочле, само се одалечуваш од мене – Јас сум Марија, не успеав да ти се претставам додека чекавме да почне часот.“ и потем пак тишина, мислиш… Без контрола и умисла од тебе излегуваат зборови обложени со слатко: „Марија, јас само сакав да знам како да ТИ се обраќам, инаку додека спиев ја чувствував твојата рака, го слушав твојот брз чекор, и знаев дека доаѓаш од топлината што ме облеваше“ – Знаеше дека тоа е така, но премолчи затоа што немаше што да каже, ги прекрсти нозете и го гледаше распнатиот на крстот. По момент нападно те прашува: „ Кога излегуваш од тука?!“ – Ја гледаш и повторно ги собираш рамењата… Молчите, а ти пак ги гледаш бузињата, седеше и гледаше….
Поминува сестрата, и означува крај на посетите, таа станува, те погалува по челото и ти вели: „Сакав да те бакнам во челото, но овојпат имам кармин, а срамно е да се бакнува некого со кармин – Ќе се видиме во понеделник.“ Заминува и ти остануваш да го гледаш белиот ѕид на кој со умот си ги наслика бузињата, со срцето го наслика духот, со омразата напиша: Проклет да е тој црвен кармин што ги зароби бузињата, тие требаше да завршат на моето чело, требаже да ги ископам со глето во градите…
Потоа се струполуваш да спиеш од седативите, сонот те води горе, кај твојот отец, во темнината и тишината.
Продолжува…














од Сафира, на август 20 2008 @ 8:47 pm
Ух, неверојатно склопена приказна, ми се допаѓа тоа што кога се работи за едниот лик - Марко, му се обраќаш ти, а кога се работи за „антилопата“ ја гледаш како да си до неа… се надевам дека ќе има добар крај приказнава…