Приказна за една стварност во присуство на отсуство *01 | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Продолжение на приказната, започна тука

 

Новата асистентка, седеше во просторијата за пушење, тенката незапалена цигара ја вртеше околу прстите, навидум смирена но во гушата и скокаше скакулец, не мошеше да збори… Се прашува: „ Зарем мене требаше да ми се случи ова, зарем јас на мојот прв час, два дена по магистратурата требаше да повикувам итна медицинска помош, што значи ова, дали случајноста сака да си поигра со мене..“ Нејзините лагерести црни очиња стоеја ширум отворени, светеја како црни дијаманти. Стана од меката канцелариска фотеља и кружеше околу масата каде што се состануваше колегиумот, имаше потреба да појде до болницата и да го најде својот нов пријател, имаше потреба од информација за неговото здравје…

Излета низ вратата со нејзиниот брз од, и како антилопа претрча по скалите, трчаше толку брзо како што бега малата антилопа од пегавиот предатор во саваната, возеше многу брзо. Стаса во градската болница, застана на пријавницата и ги истурка другите кои чекаа, молеше за информација, немаше никаков доказ дека го познава пациентот, но случајноста за која мислеше во салата каде што се состануваше колегиумот го направи своето, златокосата сестра не одолеа и и даде бројче од собата каде што беше Марко.

Во ходникот на првиот спрат од болницата владееше мирисот медицински, се почувствува лошо, ладната пот се лизгаше помеѓу нејзините мали јаболчиња на градите… 118-сетата соба беше на крајот од ходникот, се наближи, во првиот кревет лежеше Марко, позеленет, слаб и истоштен…

А ти братче Марко слушаш брзи чекори, различни од она тропање на кломпите на Медицинската сестра која безмилосно продре со иглата за инфузија во вената твоја на левата рака… Слушаш разговор, како едно ангелско тивко гласче се бори против арогантната медицинска сестра, поставуваше ангелот прашања за твоето здравје…

„ Како е? Која е дијагнозата?“ - нестрпливо прашуваше малата антилопа.

„ Добар е, има мало труење од никотин, ама ќе му биде во ред, малку е слаб, ќе го освежи инфузијата…“ – Не се ни докажа и излета низ вратата високоногата сестра.

Чувстуваш Марко малер еден, како некој седнува на твојот кревет, чувствуваш загриженост во просторијата… Се молиш да почне да ти збори, да се вклопи во твојата приказна со универзумот…

Но таа молчи, молчи и седи, чувствуваш како нежна рака те погалува по лицето, сакаш да се заблагодариш за вниманието и љубовта што ја доби од непознатата женска личност, доби љубов таква кава што ја имаше дома пред 4 години, доби пријател, доби лото, и во таа засилена емотивна состојба, викаш во умот, викаш и се дереш во твојата вселена, но никој не те слуша… те слуша твојот универзум, стрпливо, мирно, го имаше целото време на светот за да му се обратиш… те прекинува гласот ангелски: „Ќе те посетам и утре“, потем почувствува врела усна на челото, почувствува заштитнички бакнеж, почувствува бакнеж, единствен во овие 4 години…

Брзите тропања на чевлите на антилопата исчезнаа низ ходникот… А ти Марче си остана со својот свет на универзумот, се чувсвуваш лесен… лебдиш… високо во својот универзум.

Продолжува….



Напиши коментар

Име: (Задолжително)

eПошта: (Задолжително)

Сајт/Блог:

Коментар: