Приказна за една стварност во присуство на отсуство | Слобода на Умот
Subscribe Прикачи се | Subscribe Коментари RSS

Лежеше тој на фотељата, изморен од лабораторијата капнат – нозете му беа обложени со лимфна течност, чувствуваше трнење и болка. Марко неодамна дојде од далечната источна земја во транзиција, дојде да купи знаења по инженерство за да и помогне на својата земја конечно да излезе од транзицијата, беше пратен од владата на мисија да донесе знаења за новата наука која сеуште е наука базирана на претпоставки и теории, наука која ќе донесе нова човечка револуција, револуција која ќе го измени лицето на светот…

Лежиш Марко на фотељата странска, станов не е твој, не е твој ни БЕКО телевизорот, не го купи а не ни ти го подарија, а не треба ни да го вратиш, ти припаѓа тој, но не го поседуваш, се всели во полупразниот стан во источен Берлин, пред тебе беше целиот свет, но после напорниот ден тој свет се руши и станува толку мал колку што беше станот.

Кутијата стои пред тебе братче, ти непрекинато една по друга ги палиш, ги палиш една од друга штедејќи кибрит… пиеш од водата за која во твојата земја не се плаќа а овде мораше да двоиш по две евра за шише… не те прифаќаа локалните жители, сеуште го имаа тој однос спрема не Германците.

Ја пречекуваш матната зора и полека со цигарата во уста се спремаш за часовите по биокибернетика, го палиш точакот и ги веслаш 20-те километри. Пристигнуваш половина заспан и половина капсан и се струполуваш во последните редови на амфитеатарот, чекаш да дојде старото магаре од професор кој себеи не можеше да се види пред огледалото, не се смееше и не дозволуваше дискусии додека тој предаваше. Многу доцнеше тој, професорот Ото Ламбер од западна германија, го немаше воспитувањето од истокот за точноста, не беше од старите „Марксисти“. Додека ти струеја мисли за доручекот, се појави една русокоса витка топола со екстремно забележителен преден диференцијал, носеше крупни очила, и одеше брзо повеќе од вообичаеното одење на нормален човек. Како ветер го смести нејзиниот полн задник на столчето на катедрата и праша:

„ каде се останатите?“

- „Не се дојдени, а вие сте нова колека?“- возврати со многу енергија Ти Марко од Македонија, темпераментен и немирен.

- „Да, јас сум новата колешка која ќе биде прва меѓу еднаквите во наредниот период.“

Молчиш и мислиш, го размислуваш нејзиниот одговор за она прв меѓу еднаквите, и одеднаш баксуз Марко се стрчуваш до тоалетот и бљуеш зеленило и киселини, не ја чувствуваш главата, се залепуваш како таксена марка со ликот на хитлер за плочките и слушаш а не гледаш… слушаш звук, на сирена, потем тишина и топлина ти го обземаат телото и чувствуваш како капки пот се слеваат по твојата брада, и навлегуваат на површината на твоите дебели долни усни. Ах, Марко се чувствуваш многу не моќен, не можеш да ги отвориш очите и устата, да ги погледнеш и да им кажеш дека твојата состојба на умот и не е толку лоша, присуствуваше отсуство на твојот темперамент но вистински беше тука креаторот твој – универзумот, кој го гледаше со затворени очи, тивок и благ голем – бесконечен. Отсуствуваше се освен живите, во тој унивезум беа собрани сите твои претци, изгубени љубовници, кои умираат заедно секој миг кој за тебе трае една година…

….Продолжува



Напиши коментар

Име: (Задолжително)

eПошта: (Задолжително)

Сајт/Блог:

Коментар: