Студент ФМ - Колку е „студент“?
Напишано на мај 15, 2008 под Размислувања |Веќе цела академска година во етерот постои некомерцијалното радио наречено „Универзитетско радио - Студент ФМ“ кое оди на фрекфенцијата 92,9 FM. Ова колку за информација за тие кои никогаш не слушаат радио. Оние кои неколку пати налетале ќе им биде јасно за што станува збор. Во овој текст сакам да бидам искрен, и моите ставови не мора да ги прифатите, слушнете го радиото неколку дена по ред и изградете си свој став, ова е мој став. И уште нешто, во радиото има вистински професионалци кои навистина си ја знаат работата, има и залетани гулапчиња кои сакаат да станат како Таска Балабанова и Бранка Станковска, но мора да има такви во секое човеково здружување.
Сопственик, или поблаго кажано, основач на „Студентското Радио“ е Универзитетот С.в. Кирил и Методиј - Скопје, нормално, како и во културните општества со напредно образование и со слободна култура, но нели како што вика чичко Игор Џамбазов - „Кај нас се е различно во практика“, основачот се однесува како сопственик.
Да го образложам тоа:
Главен уредник на радиото е професор од Правен Факултет, а негова десна рака е новинар од телевизија, прашањето ми е, дали тој професор е студент или сеуште го има во себе младешкиот студентски дух и може да им сервира на младите „култура“ која ќе ги опушта после напорните предавања? - Одговорот е НЕ! Затоа што: На почетокот бев пријатно изненаден од една емисија која мислам дека се викаше „На ти го-дај ми го“ и се дискутираше и дебатираше за Џинс версус Сомот, и после беше експресно укината. Кога гостувавме во емисија кај Спасета (нешто се викаше „Авагарда“ - трт мрт не се сеќавам), побаравме малце Рамштајн, и ни пуштија, се пушти малце и Мејден ово-оно, и одма почнаа да фрчат телефоните, оттаму му се развикале на музичкиот уредник и се стори една калакурница. Замислете, во среда, во ударен термин 13 часот, една баба професорка чита поезија (!), на секој саат или два има вести алооооооооооооо!!! Па што му е гајле на студентот за животот на црнците од јужна Македонија? Или пак, Свети Николе доби чиста вода за пиење…
Да заклучам што сакав да кажам: Студентското радио е најмалку Студентско, се додека е под контрола на универзитетот, се додека е ограничено нема да биде студентско, тоа најверојатно е замислено да биде сервис на Универзитетот а не на студентите.














од alifaan, на мај 15 2008 @ 12:26 pm
Ицко, до сега не сум знајал за редиото, али сега ке го најдум и сакум да видум со има во нивната програма.
од Член на првата постава во радиото, на јуни 25 2008 @ 4:32 am
На почетокот, поздрав за постот, со оглед на тоа што, до сега барем, немам видено ниеден пост за “Студент FM 92.9″…
За да не не’ наведе погрешно коментаров, да кажам дека бев член во основачкиот одбор на Студент ФМ, како тогашен Презентер на Вести во МТВ, со што ја уредував Информативната Редакција (Вестите)… Кога започна сета таа идеја, ние (првата постава) не ни бевме присутни, со тоа што, нам ни сервираа една идеја, којашто ни се допадна и ја прифативме, но под услов, некои работи целосно да ги преработиме со наши идеи, што и беше прифатено, а беше и спроведено. Но, првобитната постава почна да се менува. Си заминавме неколкумина, но и останаа одлични и квалитетни луѓе, што се’ уште навираат надеж во таа институција.
Морам да кажам дека бевме свесни дека ќе има влијанија од Ректоратот и од професорите, па затоа и им дадовме “нивно катче” (:):):))… Почнавме одлично. И по она што го слушам и што сум видел лично, исто така продолжено е со работа на супер ниво, но мора да се земе в предвид дека такви влијанија од надворешна страна имало и ќе има, се’ додека работите стојат вака. Можеби тие не можат да ги сменат сега, но затоа ќе постават основа за следните генерации “вработени” да ја доизградат во независно (делумно - зашто не може да биде целосно независно) радио, што ќе им служи на студентите. Клиширано, но вистинито - секој почеток е тежок, таков е и овој, но ќе го биде. Мора да го биде. Зашто и идејата на тогашниот Ректор беше таква: “Правете што сакате, но се’ да биде во рамките на нормалата. Ние нема да се мешаме. Сепак, радиото е за вас.”…
Со верба, ќе го биде. Времето менува се’… Поздрав…