За Мене

Ивица Мицев 09.07.1984 - Село Скопје, населба Илинден
Заинтересиран сум за добриот изглед, како хоби ми е графичкиот дизајн. По запишувањето на факултет, почнав да се дружам со Елфасковци, таму научив многу работи, една од тие беше работата која сега тезгарам - подготовка на списанија - Графички дизајн. Со голема посветеност заедно со тимот го правиме најубавото списание на светот Елфаско . Се надевам дека ќе успеам да ја земам дипломата од Машински факултет - Скопје. Наскоро можете да видите тука што имам направено од областа на графичкиот дизајн, нема многу, младо магаре сум во оваа област, но оваа работа уживам да ја правам.
Во последно време многу ми се пие црвено вино - суво од сортата Вранец, вино кое прави кармин на усните како да сум лапнал индиго…
Љубете се, уживајте во тоа што ви остана, зашто не знаеш што ќе се случи утре - искористете го денов, спијте - можеби нешто ќе ви текне, ако не ви текне прошетајте во парк, залишете коса и свиркајте
Бакнежи рој,
Ицко.













