Како што кажува насловот, без мотив сум, немам мотив за јавно обраќање, па лето е и јас сакам да се одморам од мониторот но никако не ми го дозволуваат тоа… Без мотив сум исклучиво кога ќе се појавам пред мониторот… Само да ви кажам дека постојам и ви спремам специјално нешто…. СЕРИЈА ОД ЗАПИСИ
меѓусебно поврзани приказни, сказни, слатки и горки, миризливи и смрдливи, опасни и убиствени.
Државна администрација не е заебанција, па и револуционер не е заебанција, не е заебанција ни вордпресов, ни него немам време да го ажурирам во 2,6…
До следно брзо читање, ментална мастурбација, слевање на мисли во единици и нули, влегувње во мониторот и повторно свежо излегување.
14 Aug 2008 | 5:14 pm | Блогирање | ???? ?????????
Викаат дека мрзата е мајка на изумителството, па така пред некое време ме мрзеше да барам големи слики од Чегевара, или појма немам како беше, па зедов илустратор и ја прецртав сликата, па еве ако некој има проблем како што имав јас, нека му послужи векторизираниот Чегевара… Покрај него ќе ви дадам на користење две логоа од две екипи од НБА… Шо знаете може ќе ви затреба
Ај прво ЧЕ

.zip архива, тежи околу 900 килобајти, изворната датотека е во .аi се е поделено на леери, исто така можете и боите да ги смените, да ја тргнете позадината зелена или било како да си го прилагодите векторов.
НБА логоа


Тоа е тоа, векторско е исто така е .zip а изворната датотека е во .ai и така натаму… тежи 250 килобајти… клик на сликата за преземање, исто така и за претходната датотека требаш да ви пишам да кликнете на сликата за преземање
16 Jun 2008 | 11:19 am | Дизајн | 2 ?????????
Записот е препишан од кај Вуната
Ги повикувам сите студенти да дојдат.
Прошлата недела бевме на Правен, сега продолжуваме на три други факултети:

- четврток, 05 јуни, 19.00 – Филозофски факултет (амф. 4)
- петок, 06 јуни, 18.00 – пред Електро
- понеделник, 09 јуни, 19.00 – ПМФ (институт за Антропологија и етнологија)
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1968 И АНИМИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО БОРБАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈА!
Реални сме, токму затоа и го бараме невозможното – отворена трибина за отворени луѓе – кој може, нека улета!
4 Jun 2008 | 12:32 pm | Вести | ???? ?????????
Во екот на предизборната кампања за предвремените избори се забележуваат многу маркетинг трикови и многу маркетинг грешки, па сакам малку да ги анализирам грешките. Искрено сакав да ја избегнам оваа тема и да не пишувам за политика, но еве, ми забоде во очи…
Да почнеме од владеачката партија и нивната кампања од естетска гледна точка, мислам околу изгледот на плакатите, рекламите… Во 2006 година запали портокаловата боја, и интересно испадна, летно време, топла боја, портокалова револуција (онаа во Украина), беше тоа добар потег, но, сеа исто така ја направија кампањата, што баш и не е добар потег, некако како да доживуваме дежаву… исто така „Преродбата продолжува“ е екстремно лош слоган – Да речеме дека они ветија Преродба во првите 100 дена, а тие нели поминаа и би требало да завршила преродбата, но, еве сеа со овој слоган може граѓанинот или целната група да добие погрешен впечаток.
Овие портокаловите немаат некои крупни грешки од маркетиншка гледна точка, но другиве „Сонце“ ќе ми треба 10 страни за да ги набројам и објаснам…
Еве да почнам:
Белата боја и облаците со сонцето се некако „бланко“ реклама за убавини и благосостојба, што многу нереално е за нашава ситуација, и воопшто нема никаква порака… еве, „Доаѓа сонце“, е исто така лош слоган, затоа што знаеме дека секој ден соцнето доаѓа и си оди секој ден… некако многу „лажна“. Исто така, спотовите… Шекеринска седи на столче и на некого му објаснува: „Никој нема право да каже дека ја сака Македонија повеќе од мене“ – ГОЛЕМА ГРЕШКА, како смее да каже дека некој нема право на нешто или пак право да каже дека ја сака Македонија… ова е најкрупната грешка, друго, „ Јас еднаш се изборив за Македонија“ – Што сака да каже? Дека само еднаш се изборила за Македонија? Потоа, „Македонија во НАТО за 6 месеци со сигурност“, без да продолжи и да додаде нешто со што би го поткрепила тоа тврдење, сите знаеме дека блокадата беше само заради Грција и имаме јасна порака дека мора да го смениме името за да влеземе во НАТО, и лично јас имам впечаток дека ако го исполни Шекеринска ова ветување значи дека ќе биде погребано уставното име. Исто така крупна грешка е што Оровчанец, Андов и Тито влегоа во таа коалиција, тие тројцата мавтаа пред неколку месеци за успесите на владата а сеа го прават спротивното… е сеа некој лаже…
Немаме ние квалитетни маркетинг агенции кои би можеле да направат една квалитетна кампања, во било кој смисол. Исто така и размислувањето не е на ниво на западните размислувања околу ангажирање на маркетинг агенција, кај нас „работодавецот“ или барателот на маркетинг услуги наложува на агенцијата како да ја прави кампањата а агенцијата само тоа технички го реализира, а треба да е спротивното, треба да се даде на експертите да го испланираат тоа, изгледот, слоганите, потезите… затоа што тие најдобро тоа го знаат и ве уверувам дека ефектот би бил многу поразличен и поголем. Ај да видиме до крај како ќе оди кампањата…
22 May 2008 | 11:15 am | Размислувања, маркетинг | 2 ?????????
Веќе цела академска година во етерот постои некомерцијалното радио наречено „Универзитетско радио – Студент ФМ“ кое оди на фрекфенцијата 92,9 FM. Ова колку за информација за тие кои никогаш не слушаат радио. Оние кои неколку пати налетале ќе им биде јасно за што станува збор. Во овој текст сакам да бидам искрен, и моите ставови не мора да ги прифатите, слушнете го радиото неколку дена по ред и изградете си свој став, ова е мој став. И уште нешто, во радиото има вистински професионалци кои навистина си ја знаат работата, има и залетани гулапчиња кои сакаат да станат како Таска Балабанова и Бранка Станковска, но мора да има такви во секое човеково здружување.
Сопственик, или поблаго кажано, основач на „Студентското Радио“ е Универзитетот С.в. Кирил и Методиј – Скопје, нормално, како и во културните општества со напредно образование и со слободна култура, но нели како што вика чичко Игор Џамбазов – „Кај нас се е различно во практика“, основачот се однесува како сопственик.
Да го образложам тоа:
Главен уредник на радиото е професор од Правен Факултет, а негова десна рака е новинар од телевизија, прашањето ми е, дали тој професор е студент или сеуште го има во себе младешкиот студентски дух и може да им сервира на младите „култура“ која ќе ги опушта после напорните предавања? – Одговорот е НЕ! Затоа што: На почетокот бев пријатно изненаден од една емисија која мислам дека се викаше „На ти го-дај ми го“ и се дискутираше и дебатираше за Џинс версус Сомот, и после беше експресно укината. Кога гостувавме во емисија кај Спасета (нешто се викаше „Авагарда“ – трт мрт не се сеќавам), побаравме малце Рамштајн, и ни пуштија, се пушти малце и Мејден ово-оно, и одма почнаа да фрчат телефоните, оттаму му се развикале на музичкиот уредник и се стори една калакурница. Замислете, во среда, во ударен термин 13 часот, една баба професорка чита поезија (!), на секој саат или два има вести алооооооооооооо!!! Па што му е гајле на студентот за животот на црнците од јужна Македонија? Или пак, Свети Николе доби чиста вода за пиење…
Да заклучам што сакав да кажам: Студентското радио е најмалку Студентско, се додека е под контрола на универзитетот, се додека е ограничено нема да биде студентско, тоа најверојатно е замислено да биде сервис на Универзитетот а не на студентите.
15 May 2008 | 10:27 am | Размислувања | 2 ?????????
Неодамна брчкав по туториали за Adobe Illustrator, и налетав на едно прекрасно парче…
Како да ги нацртате цвеќињава?
Ете, сеа ТУКА ќе кликнете и ќе го земете изворната датотека (.ai) и е снимена во Illustrator CS2. Ова можете да го искористите и како некоја честитка или картичка, или пак со комбинација можете да ги искористите во некој дизајн на постер или… појма немам, прајте што ќе праите
Инаку да не заборавам, туториалот се наоѓа ТУКА на англиски е, се надевам дека нема да има проблеми
29 Apr 2008 | 4:01 pm | Дизајн | ???? ?????????